не беше само во скопје тапа
ако поминеше некој по широк сокак битола ќе се чуди кај се наоѓа, повеќе народ има кога врни дожд одошто за нова година што имаше
дури негде пишуваше и Слободен влез (ако се знае дека лани бараа и наплаќаа влезници (од место до место од 500 денари нагоре)) а внатре едвај 20-30 души
значи колку годинава тапа што било никогаш до сега
јас памтам пред 2 години негде, од камен мост (битола) па се до магнолија имаше толку народ што со тепање само можеше да поминеш
Значи не било до мене, сите така се осеќале :S. Јас мислев нешто да не не е во ред со мене, „као што ми е, до мене е или сите се тапа за нова година, па и насекаде е тапа“, ама изгледа не било така, изгледа навистина било тапа :S.
Претходни нови години, не знам, некако весело беше бе луѓе, оваа нова година, тапа невидена :S. Па и претходната слично беше, само што помалку го осетив тоа бидејќи славевме многу луѓе заедно во бивѓи кафиќ, па имаше многу за пиење и алкохолот замачка се тоа. Па и општо и пред нова година. Порано имало журки до сабајле и ден два пред нова година, оваа година ништо, едвај чув некој да слави и да има музика пред нова година :S. За никаде е некако :S. Не знам :S.
Па и пред нова година, зимава, се шеташ ноќе низ град, човече... НИКОЈ НЕМА НАДВОР
, сум се згранал, 2 сабајле е и никој нема во град во сабота навечер
. Гробница е градов, па ни таксисти нема
... не знам, сум се изненадил, баш си размисливав „ова е Скопје
, нема шанси, градот во кој секој се журкаше
, не ми личи на тоа... градот на забавите до сабајле, а ги имало секоја нова година, па и преку викенди пред и по нова година... луѓе што не се знаат се гушкаа пијани за нова година, сите убаво си поминуваа, надвор преполно луѓе, таксиња шетаат ваму таму, од локација на локација... не знам, не ми личи на Скопје ова мене... нова година, 3 сабајле, И НЕМА НИКОЈ НАДВОР
, не ми личи ова на Скопје“.
и оваа година и минатата беше така (барем за мене) некако не се осеќаше дека е нова година...порано средно кога бев едвај чекавме нова година да дојде, сега па ич не ми е интересно...онака како нај обичен ден ми е...дури на 31 декември и на 1 јануари склопив едно напојување...онака како секој ден се чуствував...
Па и мене ми е така, затоа зборувам. Ама луѓе, не е во ред вака да се чувствуваме. Ај сеа ќе рече некој „абе сега секој викенд ни е нова година, затоа ти е тапа“, ама знам и многу луѓе кои не излегуваат секој викенд ниту пак пијат секој викенд и они осетија дека „не е тоа тоа“. Не знам, некако ми е за никаде :S. И да, во право си, и лани беше слична ситуацијата, ама мислам дека оваа нова година беше врв на депресијата, што знам :S. Некако беше како некој на сите да им направил лоботомија :S. Сите по домите си отидоа и тоа беше тоа... Е сега, пак некој ќе рече „абе стар си, си имал еден куп нови години до сега, затоа ти е така“... абе не бев само јас, знам и помлади, 19, 20, 21 годишни кои викаат дека било тапа, баш муабет си правев, не ми се причинуваат работи... тапа беше... ко во ghost town се осеќав дека сум. Ни музика трешти, ни маумурни фаци по сабајле низ град... молк... :S.
Само коментирам, не знам, не сум се осеќал вака никогаш, ај до лани, некако „се јадеше“ апатијава која го има фатено народов, општо, не само за нова година. Ама оваа година, врв е, и пред нова година се гледаше дека немаше да биде „тоа тоа“.
Споено мислење: 02.01.2012, Monday, 19:10:42
Мене ова ми изледа како затишје пред бура, можеби на ова мислеле со тоа календарите, крајот на светот, ова она
. Кој знае што ќе се случи во иднина, ама изгледа бурно и бучно ќе биде
. Не сме направени вака да функционираме.