Phono предзасилувачот најчесто има инверзна RIAA крива (побарај на Wiki ако не знаеш што е) и има напонско засилување кое се движи од 50 до 200 (зависи од предзасилувач до предзасилувач) бидејќи напонското ниво на грамофонскиот сигнал е од редот на 10-тина миливолти, па мора тој сигнал да се засили до некое прифатливо линеарно ниво од 1V до 2V (некогаш и над 2V, што е погрешно, но сепак се прави бидејќи човечкото уво субјективно перцепира дека „појачалото е подобро“ ако е погласно :S).
Tuner влезот има линеарно ниво на неговиот влез на кој (барем според стандард) треба да му се донесе максимален напон од 1V RMS (иако често овие спецификации се надминуваат дупло а некогаш и повеќе, но тоа е тоа) и нема никаква фреквенциска корекција на влезниот сигнал (барем според спецификации, е сега што често не се почитуват спецификациите, тоа е друга работа
). Е сега, потоа што доаѓа за корекција на тон, ова она, тоа е друга работа
. Тој степен е опционален и го немаат сите предзасилувачи, а и кај они кои го имаат, различно е изведен.