б) и в) употреби фуриерова трансформација
Не знае што е фуриева трансформација, средно е
.
За под б), нацртај еден декартов координатен систем и на Y оска пиши A, а на X оска пиши f или „omega“ (она малоно омега, што е како w). Испиши вредности од 10Hz до кај 100Hz на X оска и нанеси ги вредностите за w=2*Pi*f (притоа важи cos(w*t)=cos(2*Pi*f*t)). Најголема амплитуда ќе има првиот член, односно 7, помала ќе има вториот, односно 4, и најмала ќе има третиот член, односно 1. Третиот член е еднонасочна компонента, следува дека има фреквенција нула, од каде следува дека треба да се нанесе само на Y оската (по X оска има вредност нула бидејќи има фреквенција нула). Амполитудите (7, 4 и 1) сразмерно ќе ги нацрташ и обележиш на Y оска
. Значи ги црташ амплитудите на хамониците како вертикални линии со висина колку што е нивната амлитуда
.
За под в), ќе определеиш прво кој од членовите има најниска фреквенција f (ќе ти помогнам за почеток, тоа е првиот член). Потоа, ќе си нацрташ еден декартов координтен систем и на X оска ќе го пишеш времето t, а на Y оска ќе ја пишеш амплитудата A. Ќе си определеиш колку простор ти е потребно за да нацрташ една синусоида од почеток до крај за членот со најниска фркевенција. Ти препорачувам се ова да го правиш на тетратка со коцки за да имаш подобра прегледност и за да се биде попрецизно. Откако ќе ја нацрташ првата сунисоида (амплитудата нека биде сразмерна, значи ако првиот член има најголема амплитуда на сигналот, не мора да оставаш додатен простор за цртање, ако нема најголема амплитуда, ќе оставиш простор
), ја црташ втората синусоида врз база на соодносот на периодите на двата сигнали (можеш да ја пресметаш периодата како Т=1/f), третион член е права линија со амплитуда од 1V. Вертикално црташ линии и графички го сумираш вредностите на сите три графици (пример, за определена вертикална линија, едниот хамоник има вредност 3, другиот -2 и третиот, односно константата, има вредност 1, 3-2+1=2, значи во тоа место си добил вредност два, и обележуваш како точка во координатниот систем на таа вертикала 2). Одкако ќе ги добиеш сите точки за една осцилација, ги поврзуваш сите точки графички (рачно) и го добиваш сумираниот сигнал
.