дали за оваа цена е со АБС сама да се укочи ако престанеш да бушиш? Добро што си земал со клуч, а не со самостегана глава имам дома бош (мислам 14г. е стар) татко ми купи само глава самостегна демек за подобро кога бушам во бетон неможам да ја стегнам асално а вака со клучот мука нема
Мислам дека нема, прееска баш пробав да бушам една иверка со 8-ица, застануваше скоро инстантно, ама тоа е поради триењето со дрвото, мене барем така ми изгледаше, дека бааги стискав за побрзо да избуши (да ја истестирам, да видам колку притисок може да издржи, дали има добар замав и моќноста, ова она
). Инаку, има моќност од 710W, повеќе од доволно за тоа што ми треба
. Мене и 400-500W ќе ми свршеше работа
.
А за футерот, намерно барав со таков футер, овие рачниве врска немаат, знам, и јас истиот проблем го имав во едно место кај што работев имаа Maktec (производна линија на Makita, само поевтини модели, за аматерски/хоби употреби) бормашина со футер што се стега на рака :S. Пробај буши во ѕид (а на нас најмногу за тоа ни требаше), ако не добиеш плускавци кога ќе стегнеш со рака, почнуваше да шлајфува бургијата во футерот :S. Затоа намерно барав со клуч, клуч си е клуч
. Ама па тешко се наоѓаат сега овие со клуч :S. Скоро сите се со футери со рачно стегање :S. Освен Makita, само Hitachi имаа така поголем избор на бормашини со клуч. Сите други имаат по еден или два модели со клуч, и тоа исклучиво професионални :S, значи, со цена од 8000 денари па нагоре :S. Знам дека можам да сменам футер, ама па зошто да си правам од „готово вересија“, нова сум ја купил и сега футер да и менувам... не иде :S.
А да, и ова заборавив да го напоменам
. Најдобрата работа е всушност тоа што ги нема оние „модернине“ футери со клуч што се се со „скратени триаголници“ на дршките за бургијата (триаглничињата што излегуваат кога се стега бургијата
), бидејќи на нив не можете да ставите бургии помали од 1.5mm, а на старите футери, иако пишуваше дека се 1.5mm па нагоре (до 13mm најчесто), јас монтирав и 0.7mm и немаше проблем. E оваа има таков „немодерен“ футер, без скратени триагоници, така да, пробав, и со 0.7mm нема проблем
.
Честито Гига и со здравје да ја користиш. Тоа е еден од најпотребните алати.
Да знаеш претходно каква имав
. Од пазарче Кинеска од 1000 денари
. Ама ако, си ја заврши работата и она
. Си го истера своето, неа ја имам од 6-то одделение, доста и беше, преку 12 години ја користам неа
, добро што и толку истера
.
Благодарам на сите, поквалитетни сите да си купите
.
дај пратете ми линк за IDE за асемблер на Атмел микроконтролери ?И дали е сличен на МПЛАБ програмата?
Ај нека пише некој друг, ама мислам дека нема IDE за ASM под Atmel... ама не сум сигурен, затоа нека пише некој друг, и мене ме интересира
.