Добро, секој си има свои сваќања, јас си имам мои
. Не дека имам нешто против радиото, едноставно е еднонасочна комуникација, исто како TV-то, според мене, јас немам право да бирам во донос на изборот на материјалот што се презентира. За разлика одтоа, ако доволно знам (или научам
), изборот на интернет содржините е мој, никој не ми влијае во мојот избор. Така да, сметам дека за правото да бирам што да гледам и што да чујам/видам, треба определен надоместок да се наплати
(не преголем се разбира, а како што веќе реков, интернет конекциите веќе се далеку од скапи, па дури и бесплатни, ако знаете да се „снајдете“
).
За разлика од тој принцип каде што нешто плаќам и зобивам за возврат нешто, јас сепак морам да плаќам радиодифузна такса, а не гледам телевизија (без разлика која, навистина не гледам, гледам само филмови кои сам си ги симнувам од net, друго ништо не гледам, сметам дека тоа е труење на мозок со непотребни информации, освен определни каналчи Discovery Science и уште некои други... добро, и цртани гледам, онака за релаксација
). Е каде е правдата тука? Разбирам, барем да правеа некои интересни емисии или серии, како порано, когха бев помал од пред околу 10-тина години, ама моментално, на нитуедна телевизија нема ништо интересно, се е кич и ископирано од некоја странска телевизија, веќе видено, чуено... Зошто да плаќам радиодифузна такса, не гледам МТВ (морам да признаам дека порано ја гледав МТВ, да, кога бев дете, имаа многу добри и едукативни емисии, но со порастот на глобалните комуницкации и префрлувањето на луѓето на други медиуми, као на пример интернетот, сите телевизии, вклучувајќи ја и МТВ, беа приморани да емитуваат кич материјали со надеж дека ќе ги задржат своите гледачи, што се разбира не се случи, особено со МТВ, едноставно, што и да пласираат веќе е видено или било некаде на интернетр, а да не сборувам за сите reality shows, шпански серии, и што ти уште не што се најде на фреквенциите на МТВ, не ги обвинувам, мораа да направт нешто што е во тек со „светските трендови“, но тоа е реалноста), не гладам нитуедна телевизја, нема причина да плаќам, но сепак, според определени закони, јас морам да ја плаќам. Е нема правда (Калимеро
, да не беше МТВ најверојатно немаше да знам кој е, но МТВ која беше на времето е далеку од тоа што е сега, да бидеме реални
).
Не критикувам, едноставно тое е мое мислење, секој си има свое, MAKEDONIA си има негово, се разликува од моето... секој си има право да си го каже својот став
.