Author Topic: Случајни муабети  (Read 1120077 times)

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
Re: Случајни муабети
« Reply #150 on 12.07.2010, Monday, 17:47:07 »
интересно
него не ти е однопаку дисплејот ?
или
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Случајни муабети
« Reply #151 on 12.07.2010, Monday, 17:55:25 »
Да да, ама као демек ICL интегрирано коло (оние што се дигиталните волтметри интерирани кола) кое ги дава правилно (нормално) бројките на дисплејот немало во Mакедонија (барем во времето кога е правен ESR метаров, 2004 година, сега не знам дали има), така да морале да го искористат овој со тоа што наопку (на „кровот“ од кутијата) ќе се монтира плочката за да може бројките правилно да се гледат ;). Знам, малку е чудно, ама подобро така одколку да немам ESR метар.

Инаку деловите ме чинеа околу 500 денари, што мислам дека е одлична цена за еден дигитален ESR метар ;). Уште не сум го тестирал колку е прецизен, кога ќе го тестирам ќе пишам и за тоа ;).

Devil, ќе може некоја идеја за сондите, I'm fresh out of ideas :S.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
Re: Случајни муабети
« Reply #152 on 12.07.2010, Monday, 20:31:55 »
Идеа за сондите, да се монтирани на куќиште буксни од звучници ( од оние со притискање што се едни ) како позади што се користат за поврзување со појачалата

има некој љубител на хорор игри ?  ;D
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Случајни муабети
« Reply #153 on 12.07.2010, Monday, 20:43:43 »
За монтажа на куќиштето не е проблем, директно ќе излегуваат од самиот уред, не е препорачливо да оди мерниот сигнал преку конектори бидејќи кондензаторите се испитуваат со фреквенција од 200KHz. Повеќе беше муабетот од што и како да ги направм меринте сонди за ESR метарот, ама мислам дека се снајдов, ај кога ќе ги направам ќе ги сликам за да видите како излегле ;).

Какви хорор игри, Doom 3, Quake 4, Silent Hill...? ;D
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3188
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Re: Случајни муабети
« Reply #154 on 12.07.2010, Monday, 21:53:35 »
Ова ми личи дека е правено по проектот од емитер, ако е така таму има убаво објаснето како се прават каблите.
Иначе и јас го имам правено истиот ;), си работи супер и кога му ставам отпорници на пр. од 1 до 10 ома, точно им ја мери отпорноста, а кога ставам кондензатори на сите ми покажува мала отпорност, под или околу 1 ом, како што и би требало ако се исправни. Е сега, пошто сум сумњичав по природа :o, после стотина измерени кондензатори почнав да се прашувам да не е нешто до инструментот, толку да нема ниеден неисправен кондензатор? Пиши твои искуства при мерење, кои отпорности ти покажува на тебе.
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Случајни муабети
« Reply #155 on 12.07.2010, Monday, 22:14:36 »
Па искрено, сеуште не сум проблал да видам како мери, само го баждарев со отпорник од 10 оми. Ај ќе пробам за некој ден, имам дома еден то електролити од телевизори од „илјададеветстодруга“, па ќе видиме како ќе покажува ;). А инаку да, според проектот од Емитер е правен ;).

Не е проблем за каблите, најдов двожилни оклопни кабли, проблем се сондите, низ нитуедна сонда од продавнциве што ја пробав не може да се протне оклопниот двожилен кабел :S, освен се разбира низ најскапите, ама не планирам да фрлам 300 денари за една сонда (значи 600 за пар) само за да може да се протне двожилен кабел низ неа :S. Ама мслам дека им најдов решение ;D. Еве слика ;D.

Знам дека сондите не се баш долги, ама да имав малку повеќе од таа дебелата бакарна жица ќе ги направев подолги.

Ја пробав таа финтата со челичната игла низ сонда што колегата ја имаше направено и навистина профункционира ;D, супер си се залепи калајот за челикот, не знам како ама супер се залепи ;D. Иглите се протнати низ избушени буксни од штекер, од оние поевтините, Турските. Додека ги избушив буксните ми се искршија две бургии (една од 1mm и една од 1.5mm, ама нема везе, и онака по 10 денари се ;)), ама нема везе, битно ги избушив ;D. потоа на нив се надодадени два бакарни дебели полни кабли (ги собрав од улица, изгледа менувале инсталација на некоја светлечка бандера за улица). Сега треба само уште да ги залемам каблите за краевите на бакарниот кабел и да се стави околу нив нешто како панцир црево. Имам дома едно такво цревце (не знам од каде ми е, ама совршено се околопува околу буксните ;D). Потоа малку супер лепак за да сета конструкција стои на место, и тоа е тоа ;D.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3188
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Re: Случајни муабети
« Reply #156 on 12.07.2010, Monday, 22:55:28 »
Јас си ставив крокодилки на каблите и не се замарав многу со боцки ;D 8)
А иначе да, железо, поцинкуван железен лим, челик, бакар, олово, месинг може да се лемат со калај, би требало и бронза, додека алуминиум не.
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Случајни муабети
« Reply #157 on 12.07.2010, Monday, 23:29:59 (Edited 13.07.2010, Tuesday, 02:04:11) »
Намерно не сакав да ставам крокодилки зашто некогаш ќе ми треба да моерам и on-board, па да не морам да се најдам во ситуација да не можам асално да измерам поради крокодилките ;). Аова импровизацијата со челичните игли ми беше само чисто тест, да видам дали навистина може да се леми ;D.

Инаку не сум знаел дека може да се леми се тоа, јас пак мислев само бакар може ;D (мада не сум ни пробал да лемам нешто друго освен бакар ;D). Фала за информацијата ;).

Споено мислење: 13.07.2010, Tuesday, 02:04:11
Сега баш го тестирав, и кај мене исто покажува :S, 1.1 ом максимум покажува на електролити стари по 20, 30 години, изгледа не мери баш најдобро, пробав со рекалибрација на инструментот после поставување на сондите и кабелот на плочката, не се смени ситуацијата...

Чудната работа е што кога нема ништо поставено на мерните сонди покажува отпорност од 30 до 40 оми, значи сондите се „отворени“, а сепак покажува отпорност од 40-тин оми. Кога ќе се поврзе кондензатор или отпорник на местото на сондите ја покажува вредноста која е на отпорникот или нешто помеѓу 0.8 оми и 1.1 ом ако станува збор за кондензатор.

Изгледа каблите за сондите треба да бидат пократки бидејќи кога го калибрирав првиот пат директно залемив отпорник со отпорност од 10 оми на плочката (така се баждари, со отпорник од 10 оми), а не преку кабел и сонди. Најверојатно влијае некоја паразитна капацитивност на самиот кабел. Или влијание на некои надворешни електромагнетни пречки, само што не ми е јасно како, кабелот е оклопен...

Ќе пробам утре со него ќе си поиграм уште малку, па ќе видиме што ќе се случи, ќе пробам и со крокоди, баш ме имтересира дали ќе се смени ситуацијата ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
Re: Случајни муабети
« Reply #158 on 14.07.2010, Wednesday, 00:34:58 »
кој сака да се посмее малку нека чита
Code: [Select]
http://riznica.com.mk/Zanimlivosti/pogledni/zmejot-i-princezata-vo-metalot
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Случајни муабети
« Reply #159 on 14.07.2010, Wednesday, 01:07:42 »
Ехееееее, старо е ова, одамна го знам... ;D
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
Re: Случајни муабети
« Reply #160 on 14.07.2010, Wednesday, 17:58:27 »
пазете ко ќе порачувате нешто од странство да не надмине 45E
Quote from: Царина
За пратки примени по пошта физичките лица се ослободени од давачки при влез доколку вредноста на стоката заедно со трошоците за испорака не надминува 45 евра. Во спротивно се плаќа царина со единствена царинска стапка во висина од 15% од вредноста и ДДВ со стапка од 18%. Во даночната основица се вклучува вредноста на стоката со износот на царината.
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline Bojan

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3235
  • Gender: Male
  • Turn it ON and keep it ON
Re: Случајни муабети
« Reply #161 on 14.07.2010, Wednesday, 22:40:34 (Edited 18.07.2010, Sunday, 19:53:30) »
еиии....супер инфо...јас се различно имам читано до колку пари не смее пратката да надмине...
Теоријата е ,кога се знае се,а ништо не функционира.Праксата е кога се функционира ,а не се знае зошто.Ние во Македонија успешно ја спојуваме теоријата и праксата ,при што ништо не функционира и никој не знае зошто!!!
(позајмено од batka)

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3188
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Re: Случајни муабети
« Reply #162 on 15.07.2010, Thursday, 10:00:10 »
Devil, ова е сега ново нешто ???? Колку што знам, порано беше до 100 долари, па од скоро го качија на 300 или 350 евра без царина, затоа сега ме збуни со ова ???
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
Re: Случајни муабети
« Reply #163 on 15.07.2010, Thursday, 10:07:29 »
не не, ова е пратки по пошта
инаку сеуште важи тоа 350Е, ама тоа е по човек роба која може да ја поминеш на граница ( пр. со кола да идеш  натоварена електроника :))
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Re: Случајни муабети
« Reply #164 on 15.07.2010, Thursday, 19:17:07 »
Јас навистина морам да се извинам на СИТЕ кои пробаа да ми помогнат со мојот проблем (она со осцилаторот) и кои што потрошија драгоцено време анлизирајќи го проблемот и куцајќи одговори, но нажалост морам да кажам дека станува збор за човечка грешка (односно моја грешка).

Наместо обична сонда сум корсител филтерска сонда со горна гранична фреквенција од 4KHz... :(

Навистина ми е жал што на сите залудно им го потрошив времето решавајќи проблем кој е веќе решен, само да му текне на некој (мене се разбира) да ја смени сондата и се разбира да прочита ШТО ПИШУВА НА НЕА...  >:( >:( >:(

Се лутам сам на себе (немојте да ме сватите погрешно со смајлињата) бидејќи дури две страни луѓе напишаа пробувајќи да ми помогнат со мојот проблем кој очигледно е решен.

Значи законите нза физиката си важат многу солидно, но не и законите на разумното размислување (како на пример да прочитам нешто пред да го користам или да го монтирам)... :(

Не знам како да ви надоместам на сите... затоа повеќе памет за нареден пат и нема да post-ирам секакви проблеми пред да сум 100% сигурен дека грешката не е од моја страна...

Од тие причини ќе ја избришам темата...

Инаку еве слика од HEF4093B врзан според шемата од Емитер на protoboard и мерен со друга сонда. Сосема солидно си се гледа дека сигналот што го генерира колото е правоаголен со фреквенција од околу 200KHz (малку поголема е фреквенцијата 200KHz, ама го немав убаво наштелувано потенциометарот да вади точно 200KHz, затоа ;)).