Моето лично искуство не е некое лошо, сум немал посебни проблеми со нив, во еден случај ми дале и попуст но во друг случај и си компензирале....Секој може да си го каже своето. За фискална сметка треба да дава бидејки државата ни опстојува од тие пари, ако не плаќаат даноци како што не плаќала А1 и попратните фирми замислете така да прават сите фирми, па ке пропадне државата, нема пари за полиција, армија, здраство, образование, судство па и пензионерите... и што после? Кражби и убиства колку сакаш... Македонија и така нема произвотство и стопанство бидејки криминалците ги уништија сите фабрики и замислете сега и остатокот од фирмите да не плаќаат данок. Затоа е многу важно ова со фискалните сметки и не е за потценување. На пример доколку секоја фирма плаќа данок, дали знаете дека платите во државната администрација ке може да се покачат за 20% без проблем а со тоа да имаме и подобар животен стандард од сега.