Има иверица во мал милион стоваришта низ градот, можеш да бараш како што ти кажа DX-er кај цементара, иначе јас лично најчесто земам од Карат-М, во близина на црквата во Маџари. Оплеменета иверица 16мм сосе кроење би требало да биде од 2500 до 3000 ден. за табла (2,75х2,05 метри), сировинската (неоплеменета) е доста поевтина. Иначе даваат и пола табла, ако ти треба помалце.