Вчера имав некој проблем со греачот на Solomon SL-20 лемната станица, не можев да го извадам врвот па мкнејќи го врвот, го откорнав и греачот... да не должам, греачот веќе беше неупотреблив, така да требаше да барам нов. Во Loging немаат греачи, туку само цели рачки, а и моментално немаат залиха од истите, така да требаше да барам на друго место. Како и да е, најдов во BT оригинал греачи (со термопар, се комплет, спакувани) од Solomon за SL-20 лемните станици за 500 денари, што е солидна цена за оригинал греач (декларација, се имаат, само што ги продава bulk, односно во кесичка, не во кутија). Единствена разлика меѓу овие греачи и новите што се продаваат е нивната должина (новите се пократки и се наменети за новите EU стандарди, за одлемување на калај со помал процент на олово, кој се топи на пониска температура) која е поголема и е наменета за користење со старите врвови (подолгите, се подаваат во Loging), што значи дека ако имате нова Solomon лемна станица, ќе морате да го смените и врвот, односно да си купите нов. Ова пак до некаде го сметам за предност бидејќи целото тело е поголемо, па и греачот го загрева поспоро, но затоа подолго ја држи истата температура константна
.
Ова чисто како информација, за сите кои имаат SL-20-ки, ако случајно им прегорел грачот, да не барата цели нови рачки, туку само греачот да си го сменат
.