Author Topic: Помош при правење на звучна кутија  (Read 6140 times)

Offline Kiko9595

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 115
Помош при правење на звучна кутија
« Opened on 29.11.2014, Saturday, 17:23:49 (Edited 29.11.2014, Saturday, 17:37:29) »
Поздрав дечки имам еден вуфер 10инчи ама незнам колку вати е и колку оми  :-\ Дали има можност да се измери или провери некаде колку вати е ??? Тој си има кутија но сакам да направам друга по мерка... ете и слики доколку некој го препознае...
Што и да можеш да направиш или сонуваш дека можеш, почни го. Храброста има генијалност, моќ и магија во себе. Почни сега. ;)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Па колку пати да повториме дека вака слики не се ставаат,директно на Форум,туку прво на некој хост за слики,па само линковите до Форумов!! Сликите се избришани,а ти Кико9595 да си ги прочиташ правилата!

За темата: ако си има фабричка кутија зошто ке правиш друга? Не свири ли басот во неа или... Колку оми е? Со шублер да го мериме? Земај инструмент во рака и на подрачје - оми/килооми измери си самиот.Да го препознаеме ,нема логика.Си има други методи како да мериш! Разгледај по Форум,во рубрика Звучници ,ке најдеш полно одговори.

Offline malkjos

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 81
Здраво Кико
во тек сум на изработка на кутија за вуфер 10 инчи активен
За скоро ке го објавам!!
почекај  ;)

Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
Одг: Помош при правење на звучна кутија
« Reply #3 on 29.11.2014, Saturday, 23:22:04 (Edited 29.11.2014, Saturday, 23:24:11) »
од 10 инча звучник до 10 унча звучник, може да биде 15W или 200W, а за параметри да не збориме. Дај параметри, или измери сам.

А ако сакаш кутија по мерка, само по Thielle-Small параметрите се дизајнира точна кутија.
Code: [Select]
http://en.wikipedia.org/wiki/Thiele/Small

Offline Kiko9595

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 115
Се извинувам за сликите..Не ми се верува дека звучната кутија е изработена по мерка на вуферот и не ми се свига изработката... За омите ќе проверам утре а за ватите како да ги пресметам/измерам?
Што и да можеш да направиш или сонуваш дека можеш, почни го. Храброста има генијалност, моќ и магија во себе. Почни сега. ;)

Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
Ватите ги мери само фабрика и лично не познавам начин за точно измерување на вати во домашни услови.

Споено мислење: 30.11.2014, Sunday, 00:29:44
И да видиме слики, од прилика за што се работи.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Помош при правење на звучна кутија
« Reply #6 on 30.11.2014, Sunday, 17:32:35 (Edited 30.11.2014, Sunday, 17:47:45) »
Slider MK малку ме изненадуваш што не сакаш да размислуваш.Во случајов не се работи за некоја магија,ами проста едноставна постапка: мери го омски звучникот и врзи го на некое појачалце кое е со јачина поголема од она што очекуваш да ја има звучникот.Попуштај јачина до праг на изобличување и мери го напонот кој ке се појави на краевите на звучникот.Ако не знаеш математика имаш на нет табели ,па ке видиш на која јачина ( во W) кој напон му одговара при импенданса од 4 или 8 оми.Не е ништо момплицирано мислам??

Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
Да, тоа е добар начин за да мериш дали калемот излегува од магнетната пукнатина за одредената моќност. На пр: при 100хз да речеме може да изезе и само со 10вати од магнетната пукнатина, а на 1000хз може и на 1000вати да не дисторзира ама да изгори. Ама не е начин за мерење на моќноста.

Code: [Select]
http://www.doctorproaudio.com/doctor/temas/powerhandling.htm
Quote
To determine a speaker's power handling, one needs to subject it to a power test. This consists of feeding the speaker with a test signal, typically some kind of noise signal with controlled dynamics, for a given amount of time, normally ranging from 2 to 100 hours.

Значи звучникот треба да издржи одредена моќност за одреден временски период и да НЕ изгори. Така се мери моќност. На пример, тест за некој 8инча звучник, се пушта 2 часа да работи со розов шум, на 50 вати. Доколку го издржи тестот, се декларира како 50вати звучник. Доколку не издржи се прави повторно тест....

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
 slidermc тоа ти што го предлагаш го има само во фабриките,а реално е доволно емпириски ,според напонот кој се јавува на краевите на звучникот да се оцени колку е јачината која може да ја издржи звучникот.Впрочем,овде не се работи за експериментирање илабораториско мерење,ами човекот отприлика да види дали звучникот реално има граница до 60 или 100W.

Offline Kiko9595

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 115
Јас не реков скроз точно да измерам колку вати е сакам да знам отприлика бидејки имам појачао 200 вати дали е соодветно занего или треба послабо или појако... Па темата ми беше дали има некаков начин да се измери ватажата на звучникот па да направам звучна кутија бидејќи таја што ја има не е басш нај нај изработена ( од секаде туши)... И ако може подетално објаснување бидејќи јас не се разбирам колку вас.. Мислам дека се разбираме еве и слики за што станува збор...
Code: [Select]
http://i1283.photobucket.com/albums/a543/Bass105/20141129_171824_zps01485fb2.jpg
Code: [Select]
http://i1283.photobucket.com/albums/a543/Bass105/20141129_171859_zps37251f75.jpg
Code: [Select]
http://i1283.photobucket.com/albums/a543/Bass105/20141129_171843_zps9ae663b9.jpg
Што и да можеш да направиш или сонуваш дека можеш, почни го. Храброста има генијалност, моќ и магија во себе. Почни сега. ;)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Батка,пред било што да поставиш како тема за прашување,прво преслушај се што сакаш! Велиш дека : *Јас не реков скроз точно да измерам колку вати е сакам да знам отприлика бидејки имам појачао 200 вати дали е соодветно занего или треба послабо или појако... Па темата ми беше дали има некаков начин да се измери ватажата на звучникот па да направам звучна кутија *!?? Е,сега  сакаш-не сакаш,ама прашањето треба да е поставено во друга насока-имаш звучник,не знаеш колку е јак,а сакаш да направиш сабвуфер кутија со него и тој да свири на 200W појачувач! Тоа би требало поентата да биде .Ако си претрчал малку по Форумов ке најдеш повеќе постови,теми за вакви вуфери со 10 инчни басови. Бидејќи ништо друго не ти значи ништо,направи ја доброи прецизно дрвенаријата,извади ги оние сунгери од под звучникот и стави жива гума под него.Стегни го добро со штрафови .Место свртница прво директно вклучи го на појачувачот и пушти да свири,па ке видиш отприлика каде е со јачината.Свртници имаш во неколку теми,земи малку мотај жица,експериментирај и кажи што добиваш,па ако има проблем да го решаваме.Значи ,според мене побарај теми во Звучници и читај.Ако не чекај го колегата ,тој ке ти предложи сигурно формули,пресмети,па сметај.

Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
И вака и така ова ке изгори :D Koda е маркава?

Offline Kiko9595

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 115
И вака и така ова ке изгори :D Koda е маркава?
Незнам која марка е брачед ми го имаше  и му го зедов ама незнам колку вати е... Неможам ни на нет да го најдам да прочитав спецификации  :)
Што и да можеш да направиш или сонуваш дека можеш, почни го. Храброста има генијалност, моќ и магија во себе. Почни сега. ;)

Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
Има ли издув на магнетот позади?

Offline Kiko9595

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 115
Види погоре сликите.. На долната страна од магнетот има дупка со решетка би требало да е тоа
Што и да можеш да направиш или сонуваш дека можеш, почни го. Храброста има генијалност, моќ и магија во себе. Почни сега. ;)