Распоредов ти е во ред, искористи го коалкулаторот на крајот од странава L-pad што пишува.
http://www.v-cap.com/speaker-crossover-calculator.php
Може и овој калкулатор, исти вредности дава:
http://www.mh-audio.nl/att.asp
Со 5 оми звучник треба R1=2.2ома a Р2=6.5ома за 5дБ атенуација. Ова е само почетна точка, слушно можеби и повеке ке треба да се атенуира, но потруди се да се задржиш на калкулаторот и поиграј си додека не го добиеш оној звук кој го сакаш. Притоа не го заборавај отпорот од жичката на сјалицата
филтерот со 2,2мФ и калем со 0,3 како во мојов случај иде фреквенција 6300 H
Да, мои меслење е дека ова е превисоко за високотонецот, ке имаш огромна дупка од 3Khz до 5kHz. (слушно, музиката како да е позади звучниците). Сепак пробај и со 3.3uF, иако на поголема моќност ке биде оптеретен високотонецот.
Исто да не заборавиме, пробај со фаза и контрафаза да е високотонецот, како подобро звучи.
Можеби подобро е да ја замениш ламбата со 24В. 12В е многу мала, добиваш се на се околу 20вати за да почне да светка. Но на тој начин е позаштитен високиот. Чим светка ламбата добиваш компресија на високиот спектар, исто како оптокомпресор
Еве прикачив и малку литература, формулата е далеку посложена.