Author Topic: Контролирање на степ мотор со Arduino  (Read 5429 times)

TeslaBt

  • Guest
Контролирање на степ мотор со Arduino
« Opened on 15.11.2014, Saturday, 20:31:32 (Edited 17.11.2014, Monday, 09:16:11) »
Имам ардуино и сакам да контролирам степ мотор преку компјутер не преку потенциометар.Проектот шо го прам е да менвам станици на радио преку компјутер.

Offline Zan

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 883
Јас имам мотор од машина за перење и сакам да направам дребонг.
Жан

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Имам ардуино и сакам да контролирам степ мотор преку компјутер не преку потенциометар.Проектот шо го прам е да менвам станици на радио преку компјутер.

Убаво е да се сака.Ама,проблем е дали си способен тоа да го направиш? Прво,не е само до хардверот,ами и до софтверот.Никој нема да ти понуди готов софтвер бесплатно.Ако има некој таков на Форумов и јас би сакал да направам во зима колата да ја палам преку компјутерот насабајле ,да се загрее дури да се симнам од дома .Ако има некој таков бесплатен проект нека ми се јави.

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
@Batka, ако автомобилот ти е автоматик, лесно ќе го средиме :D, ама ако е со мануелен менувач, жалам :D

@teslabt, до кај си стигнат со проектот, дали имаш започнато со него имаш нешто направено, или пак немаш ништо почнато па сега сакаш некој да ти среди се ?

Дефинирај го подобро проектот па можеби некој и ќе ти помогне, дали ја имаш програмата за ардуиното, дали ја имаш програмата за контрола на ардуино преку која ќе го контролираш моторот и слично ?
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Што има тука проблем со менувачот?? ;D ;D Ја ставам во лер колата и сакам сабајле,кога е ладно од дома,преку РС,таблет или телефон да си ја запалам колата и да се загрее мотор додека да се симнам долу.Значи ,да ми се загрее возилото и да ми биде топло кога ке влезам внатре! :D :D

TeslaBt

  • Guest
Нема проблем со софтверот проблемот е со хардверот  ;D ;D ;D

Offline MURO

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 152
Ако немаш проблем со софветрот тогаш супер. Ти треба само добар драјвер. Моја препорака е Easy Driver за биполарен степ мотор кој  може да го набавиш преку Алиекспрес. Robotstore се вика фирмата што ги продава овие драјвери. Малку е скапичок (20 евра парче) ама е навистина добар. Со ардуиното се поврзува со 3 пина. GND, DIR (насока) и STEP. За секој чекор на моторот пушташ импулс на STEP. Насоката на моторот ја определуваш со DIR.

TeslaBt

  • Guest
Проблем со софтвер јок а проблемот е само со хардверот ми треба се да има во Битола или Скопје

Offline Zan

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 883
Имаш ли некоја замисла, некоја идеја во врска со хардверот, дали знаеш што точно ти треба?
Жан

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
Дали имаш прво степ мотор, затоа што секој степ мотор поинаку би се контролирал (зависно од типот) така да хардверот ќе има промени за секој тип на мотор.

Кажи ни поточно за замислата се останато лесно се прави :D
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

TeslaBt

  • Guest
Па замислата мене ми е со помош на компјутер ардуино и др тракатнаци да менвам станици на радиото а понатаму и да намалвам глас.Ова го имаше напраено еден чоек со мотор од хард дискот а бидејќи не сум про во електроника сега ја учам електрониката и сакам ова да го напрам знам дека ми треба шилд за моторот ако е изводливо ќе го напрам сам ако не ќе го купам кажете шо треба да купам да напрам шеми дајте се шо имате не ми е на одмет.

Offline dr-mr

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 778
  • Gender: Male
Разгледај го линкот
Code: [Select]
http://home1.stofanet.dk/hvaba/steppervolume/stepper.htmlКОнтрола на потенциометер со степ мотор,
Сепак се ВРТИ !!!

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Овој пример со степ мотор кој е со големина отприлика 10х10х10 см тешко да ќе успееш да го вметнеш во некој приемник. 8) Постојат специјални потенциометри со виндер (степ мотор во вид на *крцкалица*).Само тој е ужасно скап ,барем за аматерски конструкции.Подобро да одиш на електронски потенциометар со кој полесно би управувал преку Ардуиното.Исти таков потенциометар би можел да употребиш и за менување на станиците,ако го врзеш со варикап диодите за контрола на осцилаторното коло во ФМ приемникот.

TeslaBt

  • Guest
Ама со потенциометар е исто го да ги вртам станиците на радиото со рака

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Контролирање на степ мотор со Arduino
« Reply #14 on 19.11.2014, Wednesday, 23:41:19 (Edited 20.11.2014, Thursday, 23:19:41) »
Ама со потенциометар е исто го да ги вртам станиците на радиото со рака

Електронскиот ( дигитален) потенциометар се контролира со промена на напонот од мин.до максимум.Тој се состои од едно или повеќе ИК или можеби ПИК -контролер.Еве една шема како изгледа тоа.Има и поедноставни и многу посложени уреди.