Author Topic: Видливост на шемите на форумов  (Read 15609 times)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Видливост на шемите на форумов
« Reply #30 on 14.11.2014, Friday, 21:38:03 (Edited 14.11.2014, Friday, 21:47:47) »
Баш пред некој ден вртев по темите, и начекав неколку такви - со паднати сервери за сликите. И јас сум за бришење на темите, или да се вратат најважните слики-сржта на таа тема.

Најчести теми во кои нема слики се оние теми во кои членовите имаа ставано слики на pic.mk. Еве, на пример, видете ги темите поставени од LordZi. Поставени се пред 4 години и сликите сеуште стојат.

И јас на почетокот ставав слики на free image hosting сервери без регистрација, сега се каам за тоа. Некои од тие теми ги средив потоа рачно, ама за некои беше предоцна :S... сликите беа избришани :S.

Како и да е, пред година или две, го послушав советот на LordZi и си отворив account на Photobucket. Навистина е така, сликите си стојат. Само треба да си го одржувате account-от, односо да се логирате еднаш на шест месеци на него.

Не за џабе почнав „индиректно“ да го „рекламирам“ Photobucket на форумов. Сами забележете, post-ови во кои ќе видам слики од некои други host-ови или direct link од некој блог или сајт, ги edit-ирам и сликите ги префрлувам на мојот Photobucket account. Не ги чепкам post-овите на оние членови на кои сликите им се upload-ирани на Photobucket. Имам видено премногу упропастени теми за да оставам така да седат сликите.

Членовите често знаат да ставаат и директни линкови од слики од ebay или AliExpress. Тие слики стојат со тој линк се додека трае продажбата на уредот. Тоа е најчесто околу еден месец, можеби два, потоа се затвора таа продажба и се отвора нова. Проблемот е што со затворањето на продажбата, се бришат сите податоци поврзани со неа, вклучувајќи ги и линковите од сликите. Да не зборуваме за блогови кои доаѓаат и заминуват, direct linking од сајтови кои забрануваат direct external linking на слики и слични ситуации ::).

Кратко и јасно, шемите и сите останати податоци за изработка на проектот се ставаат на форумов како attachment. Слики од изработениот проект или слики од проблематичниот уред (во секцијата за сервисирање) си одат на екстерен host (препорачливо Photobucket).

Споено мислење: [time]14 Ноември 2014, 21:46:37[/time]
Затоа ѓаволе пишав ако може да се реставрираат постовите, и како што рече ова е само предлог- ти си газда   :)   Не значи јас ако пишав и дека ти Мораш да го направиш тоа, не го реков тоа. Инаку добра е поентата со архива.

Ова е добра идеја... под услов членовите кои ги имаат отворено тие теми да се сеуште активни на форумот. За жал, дел од нив веќе не се активни, дел се банирани (од различни причини), така да, еве, ова нека биде апел. Ако некој забележи тема во која ги нема сликите и сите останати потребни работи за изработка на некој проект или било која друга тема кој содржи некои важни информации, а ги има на време зачувано овие податоци (си ги чува локално, на HDD, CD/DVD...), нека пише во темата, нека ги прикачи, останатото е наша работа (ако треба да се преместат на почетокот на темата, да се стават некои од сликите на екстерен host или нешто слично, тоа ние ќе го средиме ;)).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Ех Гига, не можеме да знаеме кој хост колку ќе трае.. али во секој случај можеме да ги чуваме барем сликите од сопствените теми.. Администрацијата да прави бекап и а сликите од надворешни хостови би било стварно напорно и не захвално, освен ако има начин автоматски да се прави тоа. Мој предлог, како надполнување е да има некој акаунт да речам заеднички на некој сервер кој опстојува подолго време или да се отвори некој е-маил кој ќе се користи како сториџ и при тоа членовите покрај тоа што ќе ги уплоадираат сликите атачментите и сл на некој привремен хост да ги ставаат и тамо. Секако акаунтот реба да има опции за привилегии, односно да може само д се ставаат, а не и да се бришат податоци, со тоа што ќе имаат пристап одредени членови, како некој "црн хакер" не би го пренатрупал со глупости. Друга опција би било подигање на сервер од страна на некој од членовите, однодно сопствен сервер, кој ќе има функција само на сториџ, кој може да работи од време-на време, но тоа би захтевало и одредени финансии.     

Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
Quote
Да направам нова подкатегорија од типот „Архива“ или нешто слично, таму ќе отвориме една тема каде што ќе можи да постирате линкови од теми без слики и слично, подоцна тие теми ќе бидат префрлувани во таа подкатегорија

Чекаме на решението.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Видливост на шемите на форумов
« Reply #33 on 17.11.2014, Monday, 19:09:51 (Edited 17.11.2014, Monday, 19:13:57) »
Апсолутно дека не може да знаеме кој hosting колку време ќе трае, но можеме да претпоставиме врз база на претходно искуство на други индивидуи со некој hosting сервис. На пример, општо се има докажано дека Македонски hosting сервиси (па и општо, портали) во принцип не опстојуваат повеќе од неколку години, освен ако не земе порталот „замав“ (да стане популарен). Имам забележано дека нашиов менталитет е „ако не направам пари за година или две, ќе го затворам“.

Ова со account-от е добра идеја, но во пракса, има повеќе проблеми со таа идеја.

Прво, ако станува збор за free hosting сервис, никој не нуди таква опција (администраторски account, во превод, root) и hosting сервисот да бара password за се, освен за upload на слики.

Второ, повторно, ако станува збор за free account, просторот најверојатно ќе е ограничен на неколку GB (на пример, на Photobucket е 2GB). Ако сите членови upoad-ираат слики на тој account, за брзо време account-от ќе се преполни. На ова најмногу ќе допринесе фактот што ретко кој ги оптимизира сликите откако ќе ги префрли од телефон или фото апарат. Под оптимизација подразбирам пред се рекомпресија на фајлот. Често телефоните и фото апаратите не вршат најоптимална компресија на сликите. Неретко сум рекомпесирал JPEG превземени од телефони или од фото апарати кои се компресирани на, на пример, 80% квалитет, а откако ќе им извршам рекомпресија, големината често им се намалува дури и дупло, при што квалитетот останува ист. Да не зборувам за сите останати формати (PNG, BMP, итн.). Не верувам дека членовите ќе водат сметка за ова (чест на исклучоци) и пак ќе го имаме истиот проблем. Account-от за брзо време ќе се преполни, па ќе мора нови да се отвораат, ама од време на време ќе мора и стариве да се проверуваат (да се логираш повремено) за да не ги затворат... на крајот излегува „повеќе зијан отколку ќар“ ::).

Трето, веќе секој сајт, вклучувајќи ги и hosting сервисите, прави IP tracking. Самата скрипта нема да дозволи да се логира некој од повеќе од, на пример, 10 IP адреси на ист account. Оваа листа може да се зголемува и намалува и да се ресетира на определен период, но никој hosting, дури ни со платен account, нема да дозволи да се логира некој на својот account од 100 или повеќе различни IP адреси. Најверојатно, за неколку дена, account-от ќе биде избришан.

Четврто, ако овие информации (user и pass за некој free hosting account) се стават јавно на форумот, секој ќе може да ги прочита и да ги искористи. Во превод, account-от може да го користат и индивидуи кои не се членови на форумот и пак се враќаме на она спомнато како трето :-\.

Пишав, најдобро решение е секој од членовите сам да си отвори account на некој free hosting сервис и да си го одржува. Јас лично го препорачувам Photobucket, ама може и некој друг ако сакате. TinyPic е исто така добар и овозможува direct linking на сликите во нивната реална големина. На Photobucket ова не е дозволено. Сликата се рекомпресира со максимална вертикална или хоризонтална резолуција од 1024 пиксели и само на таа слика може директо да се линкува. Ако сакате да ја видите сликата во целосна резолуција, мора да ја симнете преку страната на Photobucket. ImageShack не би го препорачал бидејќи едно време воведе time trial на free account-ите. Практично, по определено време не може веќе да upload-ирате слики. Сега не знам како стојат работите, одамна не сум го отворил мојот account на ImageShack, ама оваа постапка ми створи одбивност кон тој hosting сервис... работите ми изгледаа како „како ќе ни п*дне, така ќе правиме“, што не ми одговараше. Ако веќе сум решил да ставам слики некаде, би сакал постојано да ми бидат достапни. Разбирам и downtime и промена на политика (Photobucket ја сменија политиката за максимална големина на direct link-овите од сликите, ама тоа не важеше ретроактивно), ама тоа што го направија ImageShack, барем според мене, беше тешка глупост. Account кој го имам отворено пред година или две и веќе имам материјали на него, наеднаш ми стаува time trial account ???. Да важи „од сега па натаму“, ај, ОК, тоа би го разбрал, ама ова никако не ми правеше логика. Дури имаше и жалби од членови кои имаат paid accounts и по „ребрендирањето“ на ImageShack, нивните account-и станале time trial accounts и дечкиве од техничка поддршка не можеле никако да им помогнат ???. Ај те молам, имам проблем и не можеш да го средиш ???. Дури ни refund не добиле. Не знам... јас барем, веќе не би го користел. Не поради друго, дури и да нема веќе time trial на free account-ите, не знам што ќе им текне во иднина да воведат и не сакам да ризикувам.

Од еден од членовите на форумот, преку некој негов post (не ми текнува кој беше членот), дознав дека и на 4shared можеш да правиш direct linking на слики во реална големина, што е голема предност ;), така да, и 4shared стои како опција. Не знам колку GB има месечен bandwidth на free account, ама може да складирате 15GB ;). Повеќе од доволно, барем за слики ;). Освен тоа, еден од ретките cloud сервиси кој веќе со години е online и најверојатно ќе остане online. Имам забележано дека за вакви сервиси (free image hosting, free file storage...) има некој временски threshold. Ако опстои повеќе од 2 или 3 години, најверојатно ќе опстои и многу подолго од тоа ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
На 4шаре мислам дека после 3-4 месеци гинат фајлојте. Друга опција би била доброволни приходи на форумот или да има нешто како вип со некои бенифиции за вип ченовите со тоа што ќе се плаќа некоја минимална членарина, па крај краева се надевам дека не е на терет барем на постојанице и позаинтересирани членови да одвоиме некое стотче годишно за одржавање на сопствен сервер кој би работел од време на вереме, како некој постојано не би плаќал струја. Ќе пробам деновиве усб на модем да прикачам и да го прилагодам експериментално, може ќе се најде за вакви работи, секако сите слики од форумов не верувам дека ќе зафатат повеќе од 5-6 гига

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
Quote
Да направам нова подкатегорија од типот „Архива“ или нешто слично, таму ќе отвориме една тема каде што ќе можи да постирате линкови од теми без слики и слично, подоцна тие теми ќе бидат префрлувани во таа подкатегорија

Чекаме на решението.

Треба да се изјаснат сите, затоа што ако го отвориме, а нема некоја желба и мотив за тоа, како што сме го отвориле така ќе го затвориме, вака кога членовите имаат некоја иницијатива би можело да се спроведи, затоа што знаеме дека тоа треба и дека во тоа ќе се активираат и самите членови
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline Bojan

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3235
  • Gender: Male
  • Turn it ON and keep it ON
ај и јас да се изјаснам за поставувањето на шеми и такви работи по хостови...значи јас како што знам шеми, плочки, .hex фајлови и се што треба за да се направи еден проект се ставаат на форумов, а од форумов се прави бекап што нема потреба да се прават акаунти на други хостови за слики ставање, e-mail за слики праќање и такви работи. на надворешни хостови се ставаат слики од готови уреди нешто што сакаш да продадеш и такви работи. а за изјаснување може да се направи тема една со анкета па да гласаме да/не во рок од 1-2 недели и според резултатите да се види дали ке треба да се отвори таква под категорија или не...
Теоријата е ,кога се знае се,а ништо не функционира.Праксата е кога се функционира ,а не се знае зошто.Ние во Македонија успешно ја спојуваме теоријата и праксата ,при што ништо не функционира и никој не знае зошто!!!
(позајмено од batka)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Ќе пробам деновиве усб на модем да прикачам и да го прилагодам експериментално, може ќе се најде за вакви работи, секако сите слики од форумов не верувам дека ќе зафатат повеќе од 5-6 гига

Ова е „си играме сервер“. Не само што не е постојано решение туку згора на тоа ти сигурно имаш обичен кориснички account на кој провајдер и да си, а нашиве провајдери знаат да имаат и доста голем downtime, да сменат IP кога ќе им текне и ред други работи. Да не зборувам за upload bandwidth-от. Кај нас никој не нуди симетрична конекција, сите нудат up/down со определена брзина и скоро секогаш download bandwidth-от е околу 10 пати поголем од upload bandwidth-от, така да, нема поента. Ако максимален bandwidth на upload е 1 или 2Mbit/s, нема поента да се прави ова. А и ако ја оптеретиш линијата (torrents, ова она), ќе се јават проблеми и лагирање, исто така не смееш да смениш провајдер бидејќи се ќе треба да се реконфигурира јово наново... не иде така работата.

Си има платени професионални hosting сервиси за ова и не може вака да си играме играчки.

Пишав, најпросто решение е секој член да си има свој account на некој image hosting сајт и да си го одржува.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
зато реков да се проба не дека така ќе биде, затоа дискутираме за да најме решение   ;)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Е ако почнеме така да пробуваме, ако не излезе работата како што треба, ќе треба па наназад post-ови да преправаме и пак дупла работа за џабе :-\.

Не ми е јасно, зар навистина проблем ви е да отворите account на некој image hosting сервис ???.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Еве јас не знам зошто слики или шеми да се подигаат или поставуваат на друго место а не директно на форумот и потоа со линкови и тоа кодирани да се прикажуваат на форумов!.
Во што е проблемот, па има забрана за подигање или поставување (мене оваа не ми е сосема јасно) било каков „материјал„ директно на форумов а кој што ќе остане во трајна сопственост на форумот.
Оваа како размислување а и прашање. Инаку правилата се поставени такви какви што се и додека не се изменат треба да се почитуваат.
Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
Затоа што некој ќе дојде ќе прикачи нешто што подлежи на авторски права, авторот ќе го види тоа и ќе ни прави нас проблем, зошто му е дозволено на човекот да го прикачи тоа на наш сервер, тогаш имаме ние проблем, а кога ќе имаме проблем ние ќе имаат и членовите.
Друг проблем е што членовите кој ги прикачуваат работите се со огромни димензии, со преголеми резолуции и така една слика наместо стотина kB е неколку MB, во основа ништо страшно за неколку слики, ама кога ќе почнат сите да прикачуваат безо се зголемува тоа, и зафаќа во GB простор.

Не би било проблем пр. ако се тоа не надмине некоја вредност од пр. 10GB, после тоа ќе треба да се бришат некои работи за да се стават нови.

За да овозможиме се да се прикачува на форум треба членовите да имаат самосвест и да внимаваат што прикачуваат и каде прикачуваат, дали тоа што ќе го прикачат подлежи на авторски права или не, големината на нештото.

Кога членовите би имале некоја „култура“ би можеле да дозволиме такво нешто.
За да се овозможи тоа, треба да се има соодветен сервер со доволно слободен простор, тоа треба некој да го плати, и радо би го платиле доколку се се почитува и членовите го почитуваат тоа, а не да го газат она што го правиме.

Секоја чест на исклучоците членови кои си се придржуваат на правилата, ги почитуваат и допринесуваат.


Ова вака во кратки црти зошто не дозволуваме прикачување на се и сешто на форум,
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Е ако почнеме така да пробуваме, ако не излезе работата како што треба, ќе треба па наназад post-ови да преправаме и пак дупла работа за џабе :-\.

Не ми е јасно, зар навистина проблем ви е да отворите account на некој image hosting сервис ???.

Не дека е тешко, него баш поради сајтови како пиц мк или како беше за тоа ми беше муабетот некое друго решение да се најде...

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Видливост на шемите на форумов
« Reply #43 on 19.11.2014, Wednesday, 03:20:34 (Edited 19.11.2014, Wednesday, 03:22:30) »
Не ме сваќајте погрешно, ама pic.mk беше тотален промашај. Знам дека дел од вас беа „патриотски расположени“ и сакаа да му дадат шанса на pic.mk, ама јас бев 100% сигурен дека „ова чудо ми мириса на Македонска работа“... што се покажа како точно. Изгледа сопственикот виде дека не може да направи ќар од тоа и реши да го затвори.

Со image hosting сервиси како Photobucket скоро невозможно е да се случи тоа. Интернационален е. Илјадници луѓе низ целиот свет host-ираат слики на него. Половина од сликите online ќе ги нема ако Photobucket се затвори. Тоа е слично на ситуацијата „Microsoft пропадна“. Не дека не може да се случи, ама шансите се причично мали. Автоматски, ризикот е мал. Да, секогаш постои, ама ако гледам така на работата, постои ризик и да падне серверот на кој е host-иран сајтов или да откажат сите RAID drives на кој се чува backup од податоците на форумов... кратко кажано, се може да се случи ако така гледам на работите.

Мислам дека Devil добро објасни зошто се донесени правилата така како што се донесени. Да, сега за сега има доволно простор на серверот за да се host-ираат attachment-и во догледна иднина... почитувајќи ги постоечките правила на форумот, се разбира. Правилата беа воведени за да може да се планира иднина на форумот без притоа за неколку години да мора да се мисли од каде да се изнајмат десеттици или стотина GB простор за hosting кој, се разбира, не е бесплатен.

@Toma: Зошто линковите се кодираат е објаснето во оваа тема:

Code: [Select]
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=10790.0
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Пеки гига, искрено никогаш не ми спотребал таков сајт за слики, но чим си сигуренќе направам акаунт тамо не е тоа никаков проблем, само бев лошо изненаден од пиц.мк, затоа препрашав.