Апсолутно дека не може да знаеме кој hosting колку време ќе трае, но можеме да претпоставиме врз база на претходно искуство на други индивидуи со некој hosting сервис. На пример, општо се има докажано дека Македонски hosting сервиси (па и општо, портали) во принцип не опстојуваат повеќе од неколку години, освен ако не земе порталот „замав“ (да стане популарен). Имам забележано дека нашиов менталитет е „ако не направам пари за година или две, ќе го затворам“.
Ова со account-от е добра идеја, но во пракса, има повеќе проблеми со таа идеја.
Прво, ако станува збор за free hosting сервис, никој не нуди таква опција (администраторски account, во превод, root) и hosting сервисот да бара password за се, освен за upload на слики.
Второ, повторно, ако станува збор за free account, просторот најверојатно ќе е ограничен на неколку GB (на пример, на Photobucket е 2GB). Ако сите членови upoad-ираат слики на тој account, за брзо време account-от ќе се преполни. На ова најмногу ќе допринесе фактот што ретко кој ги оптимизира сликите откако ќе ги префрли од телефон или фото апарат. Под оптимизација подразбирам пред се рекомпресија на фајлот. Често телефоните и фото апаратите не вршат најоптимална компресија на сликите. Неретко сум рекомпесирал JPEG превземени од телефони или од фото апарати кои се компресирани на, на пример, 80% квалитет, а откако ќе им извршам рекомпресија, големината често им се намалува дури и дупло, при што квалитетот останува ист. Да не зборувам за сите останати формати (PNG, BMP, итн.). Не верувам дека членовите ќе водат сметка за ова (чест на исклучоци) и пак ќе го имаме истиот проблем. Account-от за брзо време ќе се преполни, па ќе мора нови да се отвораат, ама од време на време ќе мора и стариве да се проверуваат (да се логираш повремено) за да не ги затворат... на крајот излегува „повеќе зијан отколку ќар“
.
Трето, веќе секој сајт, вклучувајќи ги и hosting сервисите, прави IP tracking. Самата скрипта нема да дозволи да се логира некој од повеќе од, на пример, 10 IP адреси на ист account. Оваа листа може да се зголемува и намалува и да се ресетира на определен период, но никој hosting, дури ни со платен account, нема да дозволи да се логира некој на својот account од 100 или повеќе различни IP адреси. Најверојатно, за неколку дена, account-от ќе биде избришан.
Четврто, ако овие информации (user и pass за некој free hosting account) се стават јавно на форумот, секој ќе може да ги прочита и да ги искористи. Во превод, account-от може да го користат и индивидуи кои не се членови на форумот и пак се враќаме на она спомнато како трето
.
Пишав, најдобро решение е секој од членовите сам да си отвори account на некој free hosting сервис и да си го одржува. Јас лично го препорачувам Photobucket, ама може и некој друг ако сакате. TinyPic е исто така добар и овозможува direct linking на сликите во нивната реална големина. На Photobucket ова не е дозволено. Сликата се рекомпресира со максимална вертикална или хоризонтална резолуција од 1024 пиксели и само на таа слика може директо да се линкува. Ако сакате да ја видите сликата во целосна резолуција, мора да ја симнете преку страната на Photobucket. ImageShack не би го препорачал бидејќи едно време воведе time trial на free account-ите. Практично, по определено време не може веќе да upload-ирате слики. Сега не знам како стојат работите, одамна не сум го отворил мојот account на ImageShack, ама оваа постапка ми створи одбивност кон тој hosting сервис... работите ми изгледаа како „како ќе ни п*дне, така ќе правиме“, што не ми одговараше. Ако веќе сум решил да ставам слики некаде, би сакал постојано да ми бидат достапни. Разбирам и downtime и промена на политика (Photobucket ја сменија политиката за максимална големина на direct link-овите од сликите, ама тоа не важеше ретроактивно), ама тоа што го направија ImageShack, барем според мене, беше тешка глупост. Account кој го имам отворено пред година или две и веќе имам материјали на него, наеднаш ми стаува time trial account
. Да важи „од сега па натаму“, ај, ОК, тоа би го разбрал, ама ова никако не ми правеше логика. Дури имаше и жалби од членови кои имаат paid accounts и по „ребрендирањето“ на ImageShack, нивните account-и станале time trial accounts и дечкиве од техничка поддршка не можеле никако да им помогнат
. Ај те молам, имам проблем и не можеш да го средиш
. Дури ни refund не добиле. Не знам... јас барем, веќе не би го користел. Не поради друго, дури и да нема веќе time trial на free account-ите, не знам што ќе им текне во иднина да воведат и не сакам да ризикувам.
Од еден од членовите на форумот, преку некој негов post (не ми текнува кој беше членот), дознав дека и на 4shared можеш да правиш direct linking на слики во реална големина, што е голема предност
, така да, и 4shared стои како опција. Не знам колку GB има месечен bandwidth на free account, ама може да складирате 15GB
. Повеќе од доволно, барем за слики
. Освен тоа, еден од ретките cloud сервиси кој веќе со години е online и најверојатно ќе остане online. Имам забележано дека за вакви сервиси (free image hosting, free file storage...) има некој временски threshold. Ако опстои повеќе од 2 или 3 години, најверојатно ќе опстои и многу подолго од тоа
.