Сакам да направам едноставно напојување со регулација на напонот, струјата не мора да се регулира. За напони до 35V еднонасочна, LM317 ќе заврши работа, но имам трафо кое дава 40 волти наизменична и струја до 10 ампери.
Ја најдов оваа шема на нет со TL783C кое може да држи напон до 125 волти еднонасочна, ама мислам дека авторот малку претерал, па ставил само еден BDX625 транзистор. Овде го нема тој транзистор па се мислев да ставам неколку 2N3055 или 2N3773 како на сликата доле:
Прашањето ми е, што мислите, колку транзистори ќе бидат доволни да ги издржат тие 10 ампери на малку подолг период (5-10 минути). Ќе бидат доволни 4 транзистори?