Author Topic: Проблем со струјата кај Фичо  (Read 1477 times)

Offline MKD-Boy

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 150
Проблем со струјата кај Фичо
« Opened on 31.10.2014, Friday, 14:34:38 »
Дечки, имам едно фичо, не го имав запалено можи еден месец, немаше ни бензин внатре, турив 5-6 литри бензин внатре, верглав верглав(чекајки да повлечи бензин) то и акомулаторот ти бил ослабен, и толку од верглањето... го турнав, белки ке запали на туркање ама ништо од тоа, ми беше страв со др кола да го палам фичото на клеми, дане се ресетира компјутерот и сл проб.... ај викнав еден комшија со 101 дојде и талентов фати го сврти акомулаторот обратно + на - а - на + не видов јас што напрајл, ај за чудо запали некако... го однесов до дома, го гасам фиќово глеам дека сиаличката од динамото не се гаси, пуштам контакт сијаличката од динамото се гасни се пали сијаличката од маслото, значи додека не го извадам акомулаторот никако не се гасни сијаличката од динамото (со динамо е фичото).
Што може да е ?!

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9429
Има неколку објаснувања за појавата  8) Не сум возел *фиќо* со динамо,само со алтернатор  8),ама штом имаш ваков проблем можни решенија се:
- проблем во * ракетата*
- проблем во самото динамо
- инсталацијата во колата и можеби контакт бравата.

Offline Lux

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 338
Одг: Проблем со струјата кај Фичо
« Reply #2 on 31.10.2014, Friday, 17:01:50 (Edited 31.10.2014, Friday, 21:10:27) »
Отвори го реглерот од динамото најверојатно се залепени платините во него,или има изгорено некој од мислам дека имаше два жичани отпорници во него па некој се има усвитено т.е. прегреано и скинато па провери,одамна немам отворено вакво нешто,половен алтернатор 1200 денари и ќе си ја решиш главоболката.ако вреди фикријата  ;D.

Боже чувајме од пријатели,од непријатели сам ќе се чувам.

Offline MKD-Boy

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 150
Господ знае од што е, проверив некои работи, платините беа во ред.. го проверив реглерот во ред е и тој, а проверив на клемите, ми дава дека има некаде спој... баш чудно ги проверував жиците немаше ништо стопено ни изгорено.. а колата на туркање запали одкако ги тргнав жиците од реглерот, конкретно Б+ и Б- само црната жица ја оставив.
Така да мислам дека не ке да е до динамото.. повеке типувам на реглерот.

Offline BorceBT

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1826
  • Gender: Male
    • www.trajkovski.net
До реглерот е веројатно, провери го уште еднаш
Никогаш неможеш да знаеш се, но секогаш можеш да знаеш повеќе.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9429
Вечерва ми дојде на рака еден стар мајстор - автоелектричар и баш го прашав за проблемот.И тој без размислување рече - нека го смени реглерот,оти преку него се празни акумулаторот. 8)

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3800
  • Gender: Male
И ја типува за реглерот. И друго што има приметено, ако е слаб акумулаторот тешко пали и на туркање, најверојатно нема доволно снага динамото да ги поктрие загубите, така да поарно поднапони го малце акумулаторот(барем 30 минс ако се брзаш ) колку да може да ја покрене бобината па туркај-влечи врзуј акумулатори. Имаше на форумов случај каде што акубулаторот буквално експлодира кога го поврзале на надворешен акумулатор и тоа +со + - со -... да не тупа многу имаше во темата зошто е тоа така...

Offline MKD-Boy

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 150
Го чачкав реглерот, гледам дека на Б+ платината му беше подизгорена(залепена), со машинче, со нај ситна шмиргла ја застружив малце, е сеа некако гледам дека не лепи платината, сигурно има слабо магнетно поле, ама ги проверив сите намотки, нема ниедна стопена/скината.... така да, ке видиме дали ке биди сеа во ред, него имаше некој шеми за да напрајш реглер со некоја си ситна електроника .

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9429
Еве една шема со мос фет

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3800
  • Gender: Male
Го чачкав реглерот, гледам дека на Б+ платината му беше подизгорена(залепена), со машинче, со нај ситна шмиргла ја застружив малце, е сеа некако гледам дека не лепи платината, сигурно има слабо магнетно поле, ама ги проверив сите намотки, нема ниедна стопена/скината.... така да, ке видиме дали ке биди сеа во ред, него имаше некој шеми за да напрајш реглер со некоја си ситна електроника .
Отпор им мереше или визуелно ?

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1308
Одг: Проблем со струјата кај Фичо
« Reply #10 on 01.11.2014, Saturday, 21:58:54 (Edited 01.11.2014, Saturday, 22:05:23) »
Измери им го отпорот обавезно сета количина на струја поминала низ реглерот.Пошто овие стари типови на реглери се со електромагнет котва можно е да е отиден реглерот но пробај пак.Имаат и калем за зголемување на индуктивноста кога треба овие стариве.Пошто не само што треба да го држи напонот константен при различни вртежи туку и после некое полнење треба и да ја намали амперажата друго е кога го полниш слаб а друго кога е полн више до некоја вредност и струјата треба да се намалува помалку воедно и тоа е функцијата на реглерот не само да го држи константен напонот независно од вртежите на моторот.Но најчесто кај постарите динама а и кај фиќово мислам дека е така реглерот пошто е стар тип струјата се држи на една иста вредност амперажата мислам и секако и напонот.Незнам така работел најстариот тип има повише типови но добро еден е на фиќо не е како најстариот тип.Најубаво провери ако пак не работи направи ја оваа шема со MOSFET од батка малку да се модернизира ;).Но според мене чудо кога обратно сте го поврзале добро е калемите останале читави но и не горат лесно нема врска така гледај види што е со реглерот јас типувам дека е за менување но незнам види сега кога си ги стругнал платините што се случува.Па пиши ;D
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3800
  • Gender: Male
Во друг случај мојш да стајш алтернатор од југо/101 или случно, ефини се гледам негде по одпадиве на кило ги продаваат, 30-40 денари кило, не би трребало потешко да е од 10 кг

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1480
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Автоелектричарите за динамо имаат еден израз и тоа + (плус) динамо и - (минус) динамо. Тие знаат како се поларизира динамото (плус или минус). Мојата претпоставка е дека динамото е обратно полализирано од потребното.
Како прво треба да се провери поларизацијата на динамото!

Code: [Select]
http://www.nls.net/mp/volks/htm/gen.htm
Code: [Select]
http://www.oldschoolhr.com/forum/index.php?topic=22110.0
Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!