Author Topic: Како да поставите слика  (Read 3586 times)

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Како да поставите слика
« Opened on 26.09.2014, Friday, 05:38:06 (Edited 21.03.2019, Thursday, 18:58:27) »
Во правилата е пишано кои слики смее да се стават како attachment-и, а кои не, така да, во оваа тема нема да навлегувам во тоа. Во оваа тема ќе биде објаснето како да поставите слика во вашиот post. Ќе биде обработен само најпростиот начин.

Прво, треба да го имате директниот линк до сликата. Тоа значи дека кога тој линк ќе го отворите во browser (Google Chrome, Internet Explorer, Firefox, Opera...), ќе ви се прикаже само сликата и ништо повеќе.



1) Пример за линк кој води директно до слика.





2) Пример за линк кој не води директно до слика.


Прво, забележете ја разликата во адресите на двата линка. Едниот има .png на крајот од линкот, а другиот нема. Најчесто, директните линкови до сликите завршуваат со некоја екстензија (.nesto) на некој од популарните формати: jpg, jpeg, bmp, png, gif. Oние линкови кои директно не водат до сликата која сакате да ја поставите, најчесто ги немаат овие екстензии на крајот од линкот.

Второ, во првиот случај (директниот линк до сликата), во borwser-от е прикажана само сликата и ништо повеќе. Од друга страна, во вториот случај се прикажани и други содржини освен сликата (Welcome to Imgur!, upload images, можно е да има и реклами, итн.).

На вас ви треба линкот од првиот случај. Треба да го ископирате тој линк (copy или Ctrl+C) и да го поставите (paste или Ctrl+V) во вашата тема.


Потоа, го маркирате линкот од сликата и притискате на копчето Вметнете фотографија.


Откако ќе го стиснете ова копче, линкот ќе се смени и на неговиот почеток и крај ќе се појави таканаречен image tag.


Пред да го кликнете копчето, во пораката го немаше текстот [­img] пред линкот и [­/img] по линкот од сликата. Овa e image tag-от. По поставување на овој текст, сликата ќе ја прикаже во вашиот post како дел од post-от, а не како линк.


Image tag-от морате да го поставувате за секоја слика што сакате да ја поставите. Тоа значи дека не може да ги маркирате директните линкови на неколку слики и да го стиснете копчето Вметнете фотографија. Мора за секој линк посебно да го правите ова.

Image tag-от можете да го поставите и рачно, односно сами да го допишувате текстот [­img] пред почетокот на линкот и текстот [­/img] на крајот од линкот сликата, како на следниот пример.

Пред додавање на image tag:

Code: [Select]
http://i.imgur.com/YHScQPx.png
По додавање на image tag:

Code: [Select]
[img]http://i.imgur.com/YHScQPx.png[/img]


FAQ: Одговори на малку чудни ситуации.



Q: Што ако е линкот многу долг?

A: Не е проблем, скриптата ќе препознае дека станува збор за слика и ќе ја постави во вашиот post/тема.



Q: Што ако линкот не завршува со екстензија (jpg, gif...), а сепак кога ќе ја отворам во интернет пребарувач, ја прикажува само неа. Дали ќе ми се прикаже сликата во post-от?

A: Да, сликата ќе се прикаже во post-от/темата.



Q: По неколку дена ми ја снема сликата! Зошто?

A: Ова е честа ситуација ако линкот сте го превземале директно од некој сајт, блог, форум итн. На ова прашање може да има многу одговори и не спаѓа во доменот на оваа тема. За да не дојде до оваа ситуација, препорачуваме сликите да ги upload-ирате (поставувате, прикачувате) на image hosting сајтови (photobucket, imageshack, mediafire, postimages, tinypic...). Притоа, важно е да сте сигурни дека image hosting сервисот овозможува direct linking на слики (сите претходно наведени ја нудат оваа опција). Во оваа група на сајтови не спааѓат социјалните мрежи (Facebook, Twitter).



Q: А што ако ставам директен линк од слика од Facebook? Нема да се прикаже во post-от?

A: Не, сликата ќе се прикаже како што треба, но можно е по некое време да не ја прикажува. Facebook е социјална мрежа, не image hosting сервис. Тимот одговорен за одржување и подобрување на социјалната мрежа постојано го менуваат кодот, а со тоа, меѓу другото, се менуваат и директните линкови до сликите. Ако се смени линкот, скриптата од форумот нема да ја прикаже сликата.



Q: ОК, ја ставив сликата на image hosting сајт и ми прикажа некои линкови, не знам кој да го изберам ???.

A: По upload-ирањето на сликата на image hosting сервисот, најчесто на истата страна, ќе добиете директен линк до сликата (Direct link). На вас ви треба овој линк. Прво испробајте го во празен таб (јазиче) од вашиот пребарувач за да се осигурате дека линкот е навистина директен. Ако се прикаже само сликата, да, линкот директно води до сликата и може да го ставите во image tag во вашиот post/тема.



Q: Ама на сајтот ми дава и некој си Forum code. Ми треба овој код?

A: Може да го искористите и овој код наместо image tag-от во комбинација со директиот линк од сликата и да го ставите во вашиот post/тема, но не смеете да го ставате во image tag. Овој код веќе има внесено во него image tag и некои други tag-ови (да не навлегувам). Во секој случај, сликата ќе се прикаже во вашиот post. Единствена разлика ќе биде во големината на сликата. Сликата ќе биде мала и ќе ќе треба да кликнете на неа за да се отвори во целосна големина.



Ако имате уште некои прашања, поставете ги преку PM (приватна порака) и ќе бидат додадени како одговори во оваа тема.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."