Author Topic: Проблем со ТВ Samsung CW-29Z504N (шасија KS7C) [РЕШЕНО]  (Read 2028 times)

Offline ShAdOw

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 879
  • Gender: Male
Проблем со ТВ Samsung CW-29Z504N (шасија KS7C) [РЕШЕНО]
« Opened on 23.08.2014, Saturday, 16:13:37 (Edited 08.09.2019, Sunday, 21:46:03) »
ТВ: SAMSUNG
Модел: CW-29Z504N
Код на моделот: CW29Z504NTXXEC
Шасија: KS7C
Ознаки на шасија: KS7C PALAA41-01214E REV-00

Шема:
Code: [Select]
http://monitor.espec.ws/section1/topic148017.html
Проблем: Телевизорот е расипан од удар на гром, не дава никакви знаци на живот. Го отворив, ја исчистив прашината и визуелно го прегледав, нема оштетени и поцрнети делови. Осигурачот од 5А на влезот (220V) беше изгорен, го заменив со нов и веднаш по вклучувањето осигурачот пак изгоре, што значи дека телевизорот има друг проблем. Според мене проблемот мислам дека е во напојувачкиот степен (SMPS). Пред да започнам со поправка сакам да слушнам мислење од поускусните членови (Toma, SaleSK, GigaWaat и др.) Фала однапред :)...

Слики:




Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Re: Проблем со ТВ Samsung CW-29Z504N (шасија KS7C) [РЕШЕНО]
« Reply #1 on 23.08.2014, Saturday, 17:43:34 (Edited 23.08.2014, Saturday, 17:52:50) »
Иако после гром се можни секакви изненадувања, сепак за почеток најевтина варијанта е замена на  STR X6750 ( STR X6757) притоa провери ги и DZ 807 6V8, DZ 813 9V2, DZ 243 6V2, DZ 805 KA 431 опто PC 817 .
Инаку јас бев поставил тема за дијагностика која не наиде на некоја „восхитеност“ но е многу добра за брза дијагностика на секундрната страна или дали после исправна работа на (SMPS) има проблеми околу процесори итн.
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=9162.0
http://elektronika-mk.net/index.php?topic=9162.msg80659#msg80659
Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline ShAdOw

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 879
  • Gender: Male
Re: Проблем со ТВ Samsung CW-29Z504N (шасија KS7C) [РЕШЕНО]
« Reply #2 on 24.08.2014, Sunday, 15:29:32 (Edited 24.08.2014, Sunday, 15:52:44) »
Фала Toma, ќе ги проверам деловите (ќе го проверам грецот GBL 06 и транзисторот TT2206) и ќе го заменам STR X6750. Нема да можам одма, бидејќи сум од Свети Николе и деловите ќе мора да ги порачувам од Скопје. Ќе проверам и кај нас за секој случај некој сервисер да не го има STR X6750. Телевизорот е на баба ми и не го брзам многу, кој ја терал да гледа турски серии кога грме, хаха ;D.

Инаку ова со екстерното SMPS напојување е добра работа за професионалните сервисери, јас сега за сега сеуште сум студент, а во иднина можеби професинално ќе се занимавам со оваа работа :). Ме интересира која му е цената?

Бидејќи се работи за удар од гром (незнаеш какво изненадување те чека), а не за класичен дефект што е многу полесно да се отстрани, сакав да слушнам мислење од вас колеги, па повелете, секое мислење е добредојдено ;).

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Бидејќи се работи за удар од гром (незнаеш какво изненадување те чека), а не за класичен дефект што е многу полесно да се отстрани, сакав да слушнам мислење од вас колеги, па повелете, секое мислење е добредојдено ;).

Испумпај го пинот за напојување на процесорот донеси му адекватен напон (ја немам видено шемата, претпоставувам дека е 5V). Земи осцилоскоп и провери дали на кристалот кој го дава тактот за работа ќе се јават осцилации со декларираната фреквенција. Ако има, добро е, ако нема, не се надевај многу, најверојатно е изгорен.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Toma

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1490
  • Gender: Male
  • Доблесно е да си дрзок а да помагаш!!!
Quote from: ShAdOw
.... Ме интересира која му е цената?...
Прашај во ГАЦ. Треба да ја имаат на лагер.
Ако некој знае а знаеш дека знае, следи го
Ако некој знае а не знае дека знае, укажи му
Ако некој не знае а знаеш дека не знае, покажи му
Ако некој не знае а не знае дека не знае, бегај од него!!!

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Која е фреквенцијата на кварцот,да не имам нешто по фиокиве. 8) 8)(ако не можеш да најдеш)

Offline ShAdOw

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 879
  • Gender: Male
Re: Проблем со ТВ Samsung CW-29Z504N (шасија KS7C) [РЕШЕНО]
« Reply #6 on 27.08.2014, Wednesday, 16:34:29 (Edited 08.09.2019, Sunday, 04:20:34) »
Телевизорот проработи од прва со замена на IC801S - STR X6750, PC801S - PC817, DZ805 - KA431, DZ813 - 9V1, DZ815 - 6V8 и DZ816 - 1N4148.

Фала за помошта колеги, а посебно голема благодарност до Toma.


Offline ShAdOw

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 879
  • Gender: Male
Re: Проблем со ТВ Samsung CW-29Z504N (шасија KS7C) [РЕШЕНО]
« Reply #7 on 29.08.2014, Friday, 20:43:50 (Edited 30.08.2014, Saturday, 14:42:59) »
Бидејќи проблемот е решен во насловот ќе додадам решено.

Фала уште еднаш за помошта колеги :).