Author Topic: MM-Acoustics  (Read 10172 times)

Offline Unforgiven

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 72
Одг: MM-Acoustics
« Reply #45 on 17.08.2014, Sunday, 11:51:21 »
Епа видиш ова не е греалка. Туку е појачало.
Незнам како луѓе со тотално елементарно непознавање на аудио техника си даваат за право да даваат коментари.
Секое едно појачало работи со диманичен сигнал. Што значи дека 100% снага од утикач повлекува во многу краток временски интервал (на пример кога ќе удри бас бубањ) и тоа е одприлика 20-30 мили секунди.
Така да просечната потрошувачка на појачалата ретко надминува 25% од декларираната моќност затоа што ја дава во многу кратко време.
За разлика од грејалка која влече 3 киловата нон стоп.
Значи четврт од тие 3 и кусур киловати се 750 вати мање више. Тоа без проблем се лади.

Да точно секое појачало работи со динамичен сигнал, ама кога го тестираат сигурно не му пуштаат песна и си велат ова дава 20 вати, одприлика.. Како што јас знам се пушта синосуиден сигнал со фрекф. од 1 кхз, и на излезот се приклучува чисто отпорен потршувач, на него се мери напонот, и врз основа на напонот и отпорноста на потрошувачот се пресметува мокноста.

Мојата весела математика беше базирана на тоа дека појачалото ке работи со полна снага, а не ке имало бас, ке немало.. не се прават појачала посебно за техно музика, посебно за некој друг стил, само затоа што во техно музиката имало многу бас. и секако греалката беше за пример, ама изгледа ти си го сфати тоа озбилно.

Offline Marjan Milosevic

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 123
Одг: MM-Acoustics
« Reply #46 on 17.08.2014, Sunday, 12:05:02 (Edited 17.08.2014, Sunday, 12:14:52) »
Д класа појачалата не се мерат така како што ти објаснуваш туку се мерат со бурст сигнали од 200-300 мили секунди.
Принципот на работа им е другачии и не се способни да појачаат чист синусоидален сигнал подолго од неколку секунди.
Правени се да свират музика а не да појачуваат синусоидален сигнал.

@GigaWatt
Компјутерските 2.1 звучници се по мене директниот кривец за наглиот пад на критериуми и квалитет во репродукција на музиката.
Комбинирано со мп3 ова дава такви катастрофални резултати да едноставно не е хумано.
И сега имаш генерации на млади луѓе за кои тоа е нормата, и тоа го прифаќаат како мерка за квалитет.
90% од нив фала богу не ни слушнале еден просечно добар хи-фи систем.
Секоја чест на исклучоците ама се токму тоа исклучоци.

За нас беше порано дешавка кога ќе излезе некоја плоча и еден од нас ќе ја купи. Одма се организира седенка за слушање на музика.
Кога некој од вас го направил ова? За Батка не вази ова прашање туку за вас помладите.

А вие сега одва симињате мп3 од интернет и толку. Фала богу омилените песни не сте ги ни чуле вистински како звучат.

Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
Одг: MM-Acoustics
« Reply #47 on 17.08.2014, Sunday, 12:25:03 »
Секој пат кога слушам нови звучници (дали моја креација или купечки). И секако ФЛАК и ништо др.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: MM-Acoustics
« Reply #48 on 17.08.2014, Sunday, 17:24:06 (Edited 18.08.2014, Monday, 01:42:41) »
Кога некој од вас го направил ова? За Батка не вази ова прашање туку за вас помладите.

Последен пат, пред повеќе од 10 години сигурно. Ова сеуште беше активно бидејќи сакавме да слушаме музика на CD кои тогаш не беа реткост, ама музиката која сакавме да ја слушаме, не можевме да ја најдеме во музичка продавница, па моравме да молиме определени лица да ни направат копии од „тоа и тоа“ CD, а режење на CD-иња сеуште беше скапа работа, па најчесто правевме една копија од CD-то и ја слушавме кај еден другар дома кој тоа време имаше еден раскантан систем со CD плеер (јас го имав најдобриот CD плеер во друштво ;D), ама имаше и Pioneer засилувач со едни прилично големи и релативно добри no name звучници. Не ми текнува од каде ги зеде, ги зеде многу евтино, но далеку од лоши беа, вертикални столбови со 2 x 8 или 10 инчи басови (не сум сигурен, одамна беше, сум заборавил), среднотонец и високотонец. Бидејќи ретко кој од нас имаше повеќе од системче со 6 инчни звучници, се знаеше, ако сакаш вистински да го доживееш она што го слушаш, идеш кај него за да слушаш музика ;).

Тоа беа едни од најдобрите моменти во мојот живот ;). Седиш со другарите со кои се имаш делено, слушаш музика и полемизираш околу музиката, бендовите, звукот, како можело да звучи подобро, како може да се подобри продукцијата, да се досреди звукот, да се додаде некоја мелодија или да се одземе нешто, да се среди, ова она ;). И се ова шлагувано со вино ;). Мерак ;). Потоа, релативно често се шетавме низ маало кај другарот ;), во тишина да ги срочиме импресиите за тазе слушаниот албум или компилација и се разбира, пак да полемизираме ;) ;D.

Да бидам искрен, ние бевме многу чудно друштво за останатиот дел од светот. Ние си живеевме во наш посебен свет, нешто што ете, не сме ни знаеле дека порано постоело, но веќе ретко кој го правеше. Јас не знам уште некој од некој друг круг на луѓе да го правел истото. Седење и слушање музика? Па вие забегани сте, кој го прави тоа? Епа... ние ;D. Ние го правевме тоа.

А вие сега одва симињате мп3 од интернет и толку. Фала богу омилените песни не сте ги ни чуле вистински како звучат.

Јас сум еден од ретките што сеуште симнува музика... без разлика дали е MP3 или не. Ајде запрашајте се кога последен пат сте виделе некој да бара музика online за да ја симне. Исто е и со филмовите, иако скоро секаде може да се најдат секакви копии од нив, луѓево гледам бараат online stream-ови :o. Не ми е јасно... не разбирам... не ми влегува во глава. А за музика, повеќето сега отвораат YouTube и бараат тоа што им треба. Дури гледам и луѓе од моја генерација па и постари, истото го прават. Ако организираш забава, немој случајно да немаш интернет на PC-то или лаптопот од кој оди музиката, ќе те убијат ;D. А ако им кажеш дека се оди „во живо“, има миксета, DJ CD плеери или нешто слично, односно дека нема лаптоп, е тек тогаш паѓаат во депресии ;D. „Еееее и ти па, ама си старомоден, CD.“. Старомоден ;D? Па значи воопшто да не ги вадам плочите, а ;D? Грамофон? Што беше тоа ;D? Се мачка на леб ;D?

Секој пат кога слушам нови звучници (дали моја креација или купечки). И секако ФЛАК и ништо др.

Се знае, тоа е стандардот ;). Некомпресиран сигнал или евентуално Lossless компресија ;), трето нема ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: MM-Acoustics
« Reply #49 on 17.08.2014, Sunday, 20:54:05 »
Мислев да не се мешам веќе,ама не може.За Беринџер,мој Марјане,макар е *шкљ* ,во Македонија го има на тони.Не можеш да избегаш од тоа.Каква роба-такви муштерии.Јас лично не одбивам дали е Маршал или Беринџер,јасно е тоа - што ти носат ,тоа го работиш.Друго,да земеме теоретски да си направиш СМПС напојување и да речеме 2х300W снагаш.И сакаш да озвучуваш - професионално.Пример 6-7 часа под полна пареа ,што би рекле.И колку ќе бидам сигурен во тоа појачало? Ако читате малку ке видите дека СМПС во домашни услови не се прави така лесно.Лесно се наоѓаат делови,тежински е лесно ,но тешко е да го подесиш,односно да ги извршиш сите мерења бидејќи секој нема такви уреди ( пред се осцилоскоп).Значи во аматерски услови,без адекватни делови ( не од оние вадените од АТХ напојувања),малку потешко се прави добар СМПС за некоја полу-профи работа.
Гига Ват е во право,денес се се решава со лап-топ и Јутјуб,дури и малите деца знаат како и каде да најдат музика на интернет. Не еднаш сум пишувал дека хај-фај индустријата ,барем кај нас, е во надолна линија и освен некои новопечени парајлии( ги има и во Велес),малкумина вложуваат по 1000 еу во опрема.Уште ќе додадам дека се повеќе се прават приватни забави од типот * јас,другар ми и друштвото* собираме 100 ЕУ и вечерва правиме журка.Дај опрема,нека трешти.Еден лап топ со нивната омилена музика,два тројца ди џеи. На такви им давам појачувач со лимитиран мастер волумен,до таму и нема повеќе попуштање - и готово.
Е,сега имам една збирка,колекција плочи набавувани во Полифон - Германија и тоа класика во класери - пример Бетовен во класер со 6 плочи ,посебно завиткани во некоја хартија од ориз и со нив илустрирана книга од 50-60 страници богато илустрирана со слики од Бетовен,изведбите на оперите,кои пеачи ја пееле која арија итд.Ама не сум ги пуштил со години.Немам веќе грамофон,тоа е.

Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
Одг: MM-Acoustics
« Reply #50 on 18.08.2014, Monday, 01:22:51 »
Сепак, најдобро чуство за мене лично, некој фетиш може да речам, е пуштање музика преко ЦД плеер. Повекето мои пријатели ми се смеат "што ке ти ЦД, пуштај си од ПЦ" ама не е тоа тоа! Го нема едноставно тоа уживање за мене кога е преку ПЦ.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: MM-Acoustics
« Reply #51 on 18.08.2014, Monday, 01:39:38 »
Гига Ват е во право,денес се се решава со лап-топ и Јутјуб,дури и малите деца знаат како и каде да најдат музика на интернет.

На ова бев сведок на јавен настан во Универзална сала (мислам дека ново име има сега, ама не сум сигурен). Тонецот фино лепо си го извади лаптопот, отвори YouTube, направи една кратка playlist-a од неколку песни за одјава од настанот и тоа беше тоа.

Некој од страна ако види, ќе си рече, па ако може тонец вака да работи, кој сум пак јас да кажам како треба да звучи нешто ;D.

Сепак, најдобро чуство за мене лично, некој фетиш може да речам, е пуштање музика преко ЦД плеер. Повекето мои пријатели ми се смеат "што ке ти ЦД, пуштај си од ПЦ" ама не е тоа тоа! Го нема едноставно тоа уживање за мене кога е преку ПЦ.

Имаат добри излезни степени. И најевтиниот CD плеер има подобар излезен степен од излезниот степен на oboard аудио картиците. На onboard аудио картициве излезниот степен е... катастрофа :S. Универзални излези имаат, на нив може да приклучиш се, од слушалки до тенк ;D. А ситуацијата не е многу различна ни за екстерните аудио картици... барем не за оние кои спаѓаат во low budget класата, до кај 200 или 300 евра.

Јас имам една поговорка за универзалните уреди: ако работи со 100 работи, најчесто не работи со ниедна од нив како што треба ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
Одг: MM-Acoustics
« Reply #52 on 18.08.2014, Monday, 10:38:27 »
За влез, снимање, мерења користам Line6 UX1, што е феноменален влез. За жал излезот не е ништо подобар од онборд звучните картици.

Quote
Јас имам една поговорка за универзалните уреди: ако работи со 100 работи, најчесто не работи со ниедна од нив како што треба
Па затоа ги викаат мултимедиа :D Од се по нешто, ама само најважното го нема :D

Offline Marjan Milosevic

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 123
Одг: MM-Acoustics
« Reply #53 on 18.08.2014, Monday, 11:21:27 »
То што го имам лаптопите е излез за слусалки. не е лине оут. Тука има голема разлика.

Муабетов од вчера. Работиме настан на Кале и ми носи огранизаторот ЦД. Еј викам добро е не е мп3 на УСБ. Додуше режено ЦД ама ја и понатаму оптимиста. Го пуштам ЦД-то, шо да чујам ужаз. Му викам, абе снимкиве? Епа од Јутубе ги симнав и ти напраив аудио ЦД.

 :o :o :o :o :o

Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
Одг: MM-Acoustics
« Reply #54 on 18.08.2014, Monday, 12:26:04 »
Хахаха, сега ДЈ само пушта музика, колекција нема.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: MM-Acoustics
« Reply #55 on 18.08.2014, Monday, 17:55:44 (Edited 18.08.2014, Monday, 18:04:24) »
За влез, снимање, мерења користам Line6 UX1, што е феноменален влез. За жал излезот не е ништо подобар од онборд звучните картици.

Не знам зошто си земал Line 6 картица. До сега имам чуено две Line 6 картици, сите имаа катастрофа излези. Oboard картица звучи многу подобро од овие две кои ги пробав. За влезовите, не знам бидејќи немав доволно време да пробам. Line 6 очигледно треба да си се држат до гитарската опрема и толку, ништо повеќе од тоа. А и ова гитаристиве ама ги ценат, како единствени картици во светот да се, не ми е јасно. Мислам дека за ова е одговорен пред се е фактот што дисторзираат, на нив им се допаѓа тоа и можеби затоа мислат дека се најдобри... кој знае. Без разлика, тоа што го даваат на излез е далеку од Hi-Fi звук.

Не знам зошто се држиш баш до Line 6. Има многу други екстени картици кои имаат многу подобри излези од Line 6, а цената им е тука некаде ;).

Не сакам пак да ја фалам картицата, ама од Lexicon Omega сум презадоволен. За парите е одлична картица. Освен тоа, има неверојатно ниско изобличување на влезовите, а скоро и не додава шум (под 80dB). Ова го забележав кога ги вршев мерењата за дипломската. Единствен проблем и се потенциометрите за излезите. Неквалитетни се и шуштат. Затоа на излез дава околу 0.12% изобличување. Пред се додава непарни хармоници. Како и да е, тоа може релативно лесно да се среди, смени ги потенциометрите со некои поквалитетни и тоа е тоа ;). Јас ги немам сменето бидејќи малку специфични се. За Monitor Mix потенициометарот има среден пин, а за Volume е стерео, ама на иста рамнина (на иста плочка) се изведени и двата канали, не како стандарден стерео потенциометар. Тогаш, кога ја отворив и го увидов ова, мислев дека нема да најдам такви во Македонија, ама па потоа ми текна дека потенциометрите не мора да стојат на истото место ;) ;D. Ќе ги премостам и ќе избушам нови дупки на некое друго место на картицата ;). Само чекам малку време да се ослободам ;).

То што го имам лаптопите е излез за слусалки. не е лине оут. Тука има голема разлика.

Епа тогаш, значи дека ниеден лаптоп нема Line Out ;D. А што правиме со оние универзални излези на oboard аудио картиците на PC? Тие се водат како Line Out/Headphones.

Марјан, истите чипови се, не се лажи ;) ;D. Сите се некои Realtek чипови, само што едните се наменети за лаптопи, другите за десктопи ;). Штом може да преправаш „сакам ова да ми биде излез, ова влез“ со помош на драјверот, фрли ја во вода, не вреди тоа ;).

Муабетов од вчера. Работиме настан на Кале и ми носи огранизаторот ЦД. Еј викам добро е не е мп3 на УСБ. Додуше режено ЦД ама ја и понатаму оптимиста. Го пуштам ЦД-то, шо да чујам ужаз. Му викам, абе снимкиве? Епа од Јутубе ги симнав и ти напраив аудио ЦД.

Не се чуди, ништо ново ;). Ехееее, сега цели програми имаш што конвертираат од YouTube во MP3 или некој друг аудио формат. Некои од нив и на CD снимаат ;D. Па откако YouTube стана најголемиот џубокс на светот, ова беше следниот логички чекор ;). Ти кажав. Луѓето едноставно веќе имаат изгубено осет што значи добар звук. А дел од нив и никогаш не знаеле што е добар звук. Од кујнско транзисторче директно се префрлиле на Кинески 2.1 компјутерски звучници и тоа за нив е... WOW :o... има бас :o, да не ти се верува :o. А и постарите учат од децата, гледаат дека они слушаат музика на тоа и они се водат по нив :S. И цената си го игра своето, ретко кој сака да фрли повеќе од 2000 или 3000 денари за добра опрема. Сите сакаат ефтино да поминат.

Хахаха, сега ДЈ само пушта музика, колекција нема.

Баш... ама не е смешно. Порано се смеевме на DJ-ите кои пуштаат музика од лаптоп, си коментиравме „хаха ;D, глеј го, не знае еден прост beat mix да направи, па мора програмче да му го право тоа место него“. Сега стана, de facto стандард. Сега, треба да сме среќни ако има своја колекција, ако не користи Wi-Fi за да ги најде на YouTube. А од друга страна пак, ако може Carl Cox тоа да го прави, зошто па да не можеме ние.

Паметам кога сум се кичмел да доаѓам на забави со 2 папки од по 250 дискови. Сум доаѓал со планинарски ранец бидејќи само таму ги собираше. Едно време се ценеше ова. Кога некој ќе дојде со вилушкар да растовара колекција на музика. Но, се сменија работите. Затоа и не сум пуштал одамна, немам ќеиф. Сега се софтверски се прави, а тоа... не знам, за мене барем, тоа не е тоа.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."