За влез, снимање, мерења користам Line6 UX1, што е феноменален влез. За жал излезот не е ништо подобар од онборд звучните картици.
Не знам зошто си земал Line 6 картица. До сега имам чуено две Line 6 картици, сите имаа катастрофа излези. Oboard картица звучи многу подобро од овие две кои ги пробав. За влезовите, не знам бидејќи немав доволно време да пробам. Line 6 очигледно треба да си се држат до гитарската опрема и толку, ништо повеќе од тоа. А и ова гитаристиве ама ги ценат, како единствени картици во светот да се, не ми е јасно. Мислам дека за ова е одговорен пред се е фактот што дисторзираат, на нив им се допаѓа тоа и можеби затоа мислат дека се најдобри... кој знае. Без разлика, тоа што го даваат на излез е далеку од Hi-Fi звук.
Не знам зошто се држиш баш до Line 6. Има многу други екстени картици кои имаат многу подобри излези од Line 6, а цената им е тука некаде
.
Не сакам пак да ја фалам картицата, ама од Lexicon Omega сум презадоволен. За парите е одлична картица. Освен тоа, има неверојатно ниско изобличување на влезовите, а скоро и не додава шум (под 80dB). Ова го забележав кога ги вршев мерењата за дипломската. Единствен проблем и се потенциометрите за излезите. Неквалитетни се и шуштат. Затоа на излез дава околу 0.12% изобличување. Пред се додава непарни хармоници. Како и да е, тоа може релативно лесно да се среди, смени ги потенциометрите со некои поквалитетни и тоа е тоа
. Јас ги немам сменето бидејќи малку специфични се. За Monitor Mix потенициометарот има среден пин, а за Volume е стерео, ама на иста рамнина (на иста плочка) се изведени и двата канали, не како стандарден стерео потенциометар. Тогаш, кога ја отворив и го увидов ова, мислев дека нема да најдам такви во Македонија, ама па потоа ми текна дека потенциометрите не мора да стојат на истото место
. Ќе ги премостам и ќе избушам нови дупки на некое друго место на картицата
. Само чекам малку време да се ослободам
.
То што го имам лаптопите е излез за слусалки. не е лине оут. Тука има голема разлика.
Епа тогаш, значи дека ниеден лаптоп нема Line Out
. А што правиме со оние универзални излези на oboard аудио картиците на PC? Тие се водат како Line Out/Headphones.
Марјан, истите чипови се, не се лажи
. Сите се некои Realtek чипови, само што едните се наменети за лаптопи, другите за десктопи
. Штом може да преправаш „сакам ова да ми биде излез, ова влез“ со помош на драјверот, фрли ја во вода, не вреди тоа
.
Муабетов од вчера. Работиме настан на Кале и ми носи огранизаторот ЦД. Еј викам добро е не е мп3 на УСБ. Додуше режено ЦД ама ја и понатаму оптимиста. Го пуштам ЦД-то, шо да чујам ужаз. Му викам, абе снимкиве? Епа од Јутубе ги симнав и ти напраив аудио ЦД.
Не се чуди, ништо ново
. Ехееее, сега цели програми имаш што конвертираат од YouTube во MP3 или некој друг аудио формат. Некои од нив и на CD снимаат
. Па откако YouTube стана најголемиот џубокс на светот, ова беше следниот логички чекор
. Ти кажав. Луѓето едноставно веќе имаат изгубено осет што значи добар звук. А дел од нив и никогаш не знаеле што е добар звук. Од кујнско транзисторче директно се префрлиле на Кинески 2.1 компјутерски звучници и тоа за нив е... WOW
... има бас
, да не ти се верува
. А и постарите учат од децата, гледаат дека они слушаат музика на тоа и они се водат по нив :S. И цената си го игра своето, ретко кој сака да фрли повеќе од 2000 или 3000 денари за добра опрема. Сите сакаат ефтино да поминат.
Хахаха, сега ДЈ само пушта музика, колекција нема.
Баш... ама не е смешно. Порано се смеевме на DJ-ите кои пуштаат музика од лаптоп, си коментиравме „хаха
, глеј го, не знае еден прост beat mix да направи, па мора програмче да му го право тоа место него“. Сега стана, de facto стандард. Сега, треба да сме среќни ако има своја колекција, ако не користи Wi-Fi за да ги најде на YouTube. А од друга страна пак, ако може Carl Cox тоа да го прави, зошто па да не можеме ние.
Паметам кога сум се кичмел да доаѓам на забави со 2 папки од по 250 дискови. Сум доаѓал со планинарски ранец бидејќи само таму ги собираше. Едно време се ценеше ова. Кога некој ќе дојде со вилушкар да растовара колекција на музика. Но, се сменија работите. Затоа и не сум пуштал одамна, немам ќеиф. Сега се софтверски се прави, а тоа... не знам, за мене барем, тоа не е тоа.