Author Topic: MM-Acoustics  (Read 10194 times)

Offline Unforgiven

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 72
Одг: MM-Acoustics
« Reply #15 on 14.08.2014, Thursday, 01:21:17 (Edited 14.08.2014, Thursday, 01:24:41) »
Најдобар тест за тоа дали некој е навистина аудиофил или не. Е на "Слепо" т.е. во темна просторија без можност да ја види опремата, да се стават 2 исти засилувачи со исти звучници, притоа едниот да се претстави како д класа, а другиот како лампаш, А класа итн. Засилувачи кои се сметаат за супериорни. Доколку тој е навистина аудиофил би рекол дека и двата засилувачи се исти. Во секој случај, Со новата технологија и д класата, навистина не вреди да се земаат во обзир АБ и А класа, бидејки нивното време е одамна поминато, со ефикасности поголеми од 85% и многу ниски нивоа на дисторзија, д класата е далку по супериорна од останатите класи на засилувачи. А тоа што некои се силат демек ова било подобро она било, е глупост. Доколку стварно некој сака нешто олд скул нека слуша на лампаш и грамофон.
 
И ова со акустик некако ми звучи малце да не речам, глупо. Имиња како Dj, music, acoustic, band итн. се веке маинстреам и не се така кул. Подобор да најдеш некое по креативно име, anyway со Срека и да се надеваме дека некој ден сите концерти ке видат озвучувани со звучници кои се твои креации, поздрав.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: MM-Acoustics
« Reply #16 on 14.08.2014, Thursday, 04:03:15 (Edited 14.08.2014, Thursday, 04:47:27) »
GigaWatt се фати во стапица  ;D

Ниту едно појачало на кое слушавме ког беше тука не беше Д класа.

Хммм... јас колку што помнам, ми ги покажа двата засилувачи кои ги напојуваа звучниците. Ми напомена дека се D класа и дека се едни од најновите модели на засилувачи во D класа ???. Беше во прашање некој нов бренд од... источна Европа некаде, Украина мислам... не ми текнува сега точно од каде беше брендот.

А сега прочитај овде на кој принцип е базирана Д класата.

Code: [Select]
http://www.labgruppenrepairs.co.uk/resources/Class+TD+Technical+note+9.pdf

Јасен ми е принципот на работа на засилувачи во D класа, пишував дипломска на таа тема (споредба на принцип на работа на активни компоненти и споредба на класи на засилувачи, од електронски цевки до ден денешен) ;). Разработено беше се, вклучувајќи ги и засилувачите во D класа. При споредба на класите, најмногу простор и посветив токму на D класата бидејќи има огромен број на подкласи, како и хибридни класи, а и многу од фирмите производители на PWM контролери за D класата, користат нивни патентирани технологии, на кои често им измислуваат имиња со „нови класи“ (практично, станува збор за некоја оптимизација на D класата, ама нивен патент е, имаат право како сакаат да го крстат ::)).

Реално, ако ги поделиме класите според драстична разлика во дизајн, постојат само 5 класи: A, B, AB, C и D. Последниве две, до некаде, може да се стават под иста класа бидејќи имаат сличен принцип на работа, а и идејата за D класата потекува од C класата, со таа разлика што C класата скоро исклучиво се користи во радио техниката (има премногу големо изобличување). Ако вака гледаме на работите, излезниот степен на B класата е многу сличен на излезниот степен на D класата, со таа разлика што не се користи PWM сигнал за побудување на транзисторите (најчесто MOSFET-и кај D класата), туку обичен аудио сигнал, а не негов квантизиран еквивалент ;). Од овде следува дека, ако сакаме ептен да ги поедноставиме работите, можеме да кажеме дека постојат само три класи ;D.

Quote
„мистично топол“
Имаш пасивни звучки со индуктори со метално јадро нели? :)

Пасивни се, да, ама за останатото, не знам ;D, не се разбирам премногу во дизајн на звучници ;D. Имам Jamo E530. Претпоставувам дека имаат стандарден калем со метално јадро (магнет), ако мислиш на тоа ;D. Ја имам отворено кутијата, ги имам видено. Мене ми изгледаат на класични звучници: калем и магнет ;).

Со еквилајзер не се корегира ништо друго осем амплитудата на одредените фреквенции, при што за жал а и некогаш во наша корист се менува фазата на некои фр за одреден степен. Малце конфузно ама така е.

Да да, се разбира дека е така ;). Повеќе мислев на DSP ;). Со DSP може што сакаш да потенцираш ;). Ако се прави FFT на сигналот (чисто за фреквенциски приказ, инаку, се разбира дека секој серизозен A/D и D/A конветор, без разлика дали се користи за аудио употреби или не, барем во денешно време, мора да користи multilevel Sigma-Delta) и уште ако може графички да го подесуваш спектралниот приказ на сигналот (она што графички ќе смениш, да се рефлектира на излез), ехееееее, може како сакаш да го подесиш засилувачот да звучи ;). Сакаш A класа, бујрум, сакаш лампашка A класа, нема проблем ;). Се е можно со DSP ;). Може шум да додадеш, да засилиш определен хармоник, да намалиш друг... практично, што сакаш можеш да правиш ;). Тоа што мене лично не ми се допаѓа е сосема субјективно мислење и моја лична определба ;D, инаку, со DSP уреди, теоретски барем, имаш неограничени можности ;).

И ова со акустик некако ми звучи малце да не речам, глупо. Имиња како Dj, music, acoustic, band итн. се веке маинстреам и не се така кул.

Претпоставувам идејата е да биде catchy ;). Човекот тера бизнис, не бенд ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
Одг: MM-Acoustics
« Reply #17 on 14.08.2014, Thursday, 11:37:06 (Edited 14.08.2014, Thursday, 11:38:58) »
Со еквилајзерот се корегираат само амплитудите но не и други проблеми, како дифракции, лошо дампирана кутија, dopler дисторзија, breakup модови, свртници со калеми со метални јадра :)




Споено мислење: 14.08.2014, Thursday, 11:38:58
Unforgiven, на каква класа засилувач слушаш ти музика?

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: MM-Acoustics
« Reply #18 on 14.08.2014, Thursday, 13:26:31 »
Мислев да не се јавувам на *темава*,ама последново ме иницира : *Unforgiven, на каква класа засилувач слушаш ти музика?*.Ова е малку премногу *мазохистички* ;D.Се може да прашаш,ама ова е веќе *претеризам*  8).Темава од претставување на ММ -акустик отиде во други води.Нема да коментирам повеќе ,освен дека музиката која ја слушаш никогаш не се врзува со класата на појачувачот,бидејќи класата се определува по други критериуми,а не според музиката која ја слушаш. По таа логика ,ако појачувачот е D -класа не може народна музика да слушаш!??? Штом е така значи за народна музика треба само В или АВ класа да употребуваме? Никако А!! Не треба никој да ми одговара на ова.Тоа е само моја констатација и мислење.

Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
Одг: MM-Acoustics
« Reply #19 on 14.08.2014, Thursday, 15:17:38 »
Јас најкултурно го прашав човекот на каков засилувач слуша, и ако беше на Д класа ке го прашав дали е негова изработка или купечки. Абе батка батка...

Offline Unforgiven

  • Ентузијаст
  • **
  • Posts: 72
Одг: MM-Acoustics
« Reply #20 on 14.08.2014, Thursday, 15:49:53 »
Јас најкултурно го прашав човекот на каков засилувач слуша, и ако беше на Д класа ке го прашав дали е негова изработка или купечки. Абе батка батка...

Сега за сега слушам на АБ класа, Имам користено и А класа ама пошто, не сум некој си аудиофил, не приметив никва разлика. Моментално Д класата е релативно нова технологија и е доста скапа, секако се надевам дека во блиска иднина ке се намали цената на интегралците. Во тој случај би ги заменил сите мои засилувачи со д класа, пред се поради ефикасноста.

Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
Одг: MM-Acoustics
« Reply #21 on 14.08.2014, Thursday, 17:24:46 »
Разликата во звук, меѓу А и АБ класа е толку субтилна речиси не може да се забележи. Поготово ако АБ класата не е пуштена појако и работи во опсег на А класа.

Тогаш и сите напојувања треба да бидат само СМПС :) Заради полезното дејство.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: MM-Acoustics
« Reply #22 on 14.08.2014, Thursday, 19:59:33 »
Тогаш и сите напојувања треба да бидат само СМПС :) Заради полезното дејство.

Имаат предности, ама и недостатоци... исто како и се останато ;) ;D.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Marjan Milosevic

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 123
Одг: MM-Acoustics
« Reply #23 on 14.08.2014, Thursday, 20:03:07 »
Во секој еден систем денеска нај несовршениот дел од него е сеуште звучникот. Така да на тиња звучник од 100-200 евра разлика од класа до класа нема да слушнеш ама никако.

Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
Одг: MM-Acoustics
« Reply #24 on 14.08.2014, Thursday, 20:06:12 »
Quote
Имаат предности, ама и недостатоци... исто како и се останато
Така е :)

Со ваков моторен систем за звучниците, не ни верувам дека ке има некакво подобрување во иднината. Не ги мешам тука елекстростатите :)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: MM-Acoustics
« Reply #25 on 14.08.2014, Thursday, 22:55:50 »
slidermc  напати ме изненадуваш : *Со ваков моторен систем за звучниците, не ни верувам дека ке има некакво подобрување во иднината. * А дали си се прашал дали секој, или барем повеќето , сака подобрување?? 8) Реторичко прашање.Или она :*Тогаш и сите напојувања треба да бидат само СМПС . Заради полезното дејство.* Не знам до каде си во акустиката,ама за ова прашање се кршеле копја и на крај, барем 95% од *аудиофилите* се слагаат - трафо и ништо друго.Сега за што разговараме- аудиофили или РА ?? Значи,може да кажеш за тебе,ама да налагаш некому заклучоци,барем во оваа област немој,не е практично.

Offline Marjan Milosevic

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 123
Одг: MM-Acoustics
« Reply #26 on 15.08.2014, Friday, 00:25:19 »
Батка, за кои аудиофили збориш ти? За овие што прават басчиња со Симсоник компоненти?
Јас сеуште не сум сретнал човек помлад од 35 години што би рмбал со месеци што год најде работа за да купи пар добри звучки од неколку иљади евра. Ти познаваш таков?
Јас на 17 години товарев шлепери во Пивара цело лето за да си купам појачало.
Ја све ова што ги знам фала богу ни ЦД плеер немаат и мп3 им е врхунац квалитета.

Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
Одг: MM-Acoustics
« Reply #27 on 15.08.2014, Friday, 01:20:33 »
Батка, а да си ја гледаш ти работичката и да не се мешаш секаде како џокер во покер? Само напаѓаш некого без некаква причина.

Да не ме сватите погрешно, моторен систем-перманентен магнет и калем низ кој поминува најизменична струја. На тоа се мисли тука.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: MM-Acoustics
« Reply #28 on 15.08.2014, Friday, 12:54:45 (Edited 15.08.2014, Friday, 13:01:44) »
А ти батка читај си ги постовите пред да ги постираш! Не знам што те погодува тука!???? Јас си давам мое мислење,не мораш ни да ми одговориш,ниту да реплицираш.Не гледам тука напаѓање,впрочем јас сум Модератор и улогата ми е да ги водам темите и ако сметам дека нешто не е како што треба,да реагирам.Не ги сваќај овие *опаски* лично,јас само си ја терам работата.

Споено мислење: 15.08.2014, Friday, 13:01:44
А ти Марјанче,ја промаши темата,ајде и ти добро прочитај си  што сум напишал.Твоето поимање за *аудиофили* и рмбачи во пивара се сосема друга работа.Иначе познавам,познавам доста такви млади до 35 години кои имаат ( си купиле) опрема од неколку иљадарки.Во Велес и тоа.

Offline Marjan Milosevic

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 123
Одг: MM-Acoustics
« Reply #29 on 15.08.2014, Friday, 13:09:51 »
Сакаш да кажеш дека ако сум работел во Пивара додека су учел за време на летен распуст тоа автоматски ме исклучува од категоријата аудиофил? Мада за мене етикета аудиофил е само за подсмев, ама ајде. Муабетот ми беше повеќе насочен да составот на луѓе овде на форумов.