Author Topic: MM-Acoustics  (Read 10192 times)

Offline Marjan Milosevic

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 123
MM-Acoustics
« Opened on 11.08.2014, Monday, 02:57:19 (Edited 11.08.2014, Monday, 05:15:33) »
Само да објавам дека стартував нов бренд, овојпат комплетно во моја сопственост.
Првиот производ е векје исфрлен. Еве една слика и линк до спецификациите.
Системот имаше ватрено крштење на Егзит фестивалот и доби одлични критики.



Code: [Select]
http://www.mm-acoustics.com/?page_id=54
Дополнителни информации има и на ФБ страната.

Code: [Select]
https://www.facebook.com/pages/MM-Acoustics/608901282527713?ref_type=bookmark

Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
Одг: MM-Acoustics
« Reply #1 on 11.08.2014, Monday, 11:32:52 »
И тука користиш ДСП како свртница?

Offline Marjan Milosevic

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 123
Одг: MM-Acoustics
« Reply #2 on 12.08.2014, Tuesday, 12:34:34 »
Абсолутно.

Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
Одг: MM-Acoustics
« Reply #3 on 12.08.2014, Tuesday, 15:35:43 »
MiniDSP?

Offline Marjan Milosevic

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 123
Одг: MM-Acoustics
« Reply #4 on 12.08.2014, Tuesday, 16:02:39 »
MiniDSP е токму тоа што му го кажува и името. МИНИ.
За сериозни работи се користат сериозни уреди. Минито е тотално ок за ентузијасти и почетници.
Кутиите горе се пасивни со пасивна скретница внатре. Но таа скретница таму е само во функција да го подели сигналот и ништо повеќе. Ниакакви корекции на графикон или слично. Истата се нуди и во би-амп варијанта без скретница. Оваа варијанта је предпочитуваат вистинските професионалци од многу причини.
Таа кутија е лајн арај и како единка никогаш нема линеарен графикон. Графиконот се подесува со помош на ДСП уред кое е екстерен уред и каде постојат различни веќе предефинирани пресети за групи од 4/6/8 и 12 кутии во еден ред.
Овие пресети се само појдовна точка од каде се вршат дополнителни корекции на самото место на настанот во зависност од меѓусебните агли на низот на кутии (со секоја промена на аглите се менува и фреквентната карактеристика на системот што е и поентата на променливите агли) и просторијата.
Во некои случаи кутиите се поделени вертикално на 3 зони (во случај на користенје на 12 кутии во една низа) при што се прави различен сетап за секоја зона. Тука веќе се користат ДСП уреди со повеќе излези (поготово во би-амп варијанта).
Има и други опции и варијанти ама се сомневам дека многу малку од луѓето овде ќе ги разберат.

Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
Одг: MM-Acoustics
« Reply #5 on 12.08.2014, Tuesday, 18:28:00 (Edited 12.08.2014, Tuesday, 18:30:03) »
Интересно, сакаш да кажеш дека сепак овие се пасивна варијанта, но има активна варијанта со надворешно DSP, ако добро разбрав.

За оние кои не се запознаени, DSP (digital sound processing) е една од најновите технологии за изградба на свртници. Дигитално процесирање на сигналот, делење на фреквенции и екстра флексибилен еквилајзер како и филтри со селективен ред (6dB/oct,12dB/oct,18dB/oct,24dB/oct itn). Многу лесно може да се изведе и дигатално каснење на сигналот за компензација на различната поставеност на драјверите.

 Еве како од прилика изгледа една DSP единица шематски (најпросто):
аудио извор------->{A-D convertor---->процесор------>D-A convertor 1}---->amp 1
                                                                |     |------->D-A convertor 2 ---->amp 2
                                                                |------------>D-A convertor n. ---->amp n

Програмирањето на истиот се врши преку компјутер со негов софтвер спремен да направи се со еден клик :) Поправи ме Марјан ако грешам или нешто сум испуштил.

Offline Marjan Milosevic

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 123
Одг: MM-Acoustics
« Reply #6 on 12.08.2014, Tuesday, 19:35:01 »
Да почнам од почеток.

Да овие кутии се пасивни и со користат надворешни појачала.
Кутиите имаат (но и немора, во зависност од барањата на купецот) пасивна скретница.
И покрај тоа што кутијата има скретница таа има прилично нерамна фреквентна карактеристика. Нема усогласуванје на осетливоста помеѓу ЛФ и ХФ делот и така натаму. Сето тоа се “пегла“ со помош на ДСП уред.

ДСП уредот е многу повеќе од скретница. Подобрите имаат следно:

влезен графички или параметрички еквилајзер-излезен ФИР филтер (ова го имаат само најдобрите)- скретница-излезен параметрички еквилајзер-излезен динамички еквилајзер-избор на поларитет на дадениот канал - дилеј - дампинг коректор - коректор на импеданса - пик лимитер - волт лимитер - рмс лимитер.

Колу повеќе пари толку повеќе музика :-)

И се разбира треба да имаш знаење сето тоа да го сетираш како треба.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: MM-Acoustics
« Reply #7 on 13.08.2014, Wednesday, 01:37:10 (Edited 13.08.2014, Wednesday, 01:40:58) »
Инаку, само сакам да додадам дека DSP не е најнова технологија во аудио техниката, DSP постои, што се вика, од памтивек (сигурно барем 20 години, ако не и повеќе), но се има користено само во медицински и воени цели бидејќи технологијата била скапа. И под DSP се подразбира било каков тип на дигитална обработка на сигнал, не само аудио сигнал. Во денешно време, кога еден ARM SoC Board чини околу 30 долари, веќе се е многу полесно. На крајот на краиштата, целта на дизајнерите на компјутерите и компјутерските системи отсекогаш била дигитална обработка на се, така да, DSP е логичка последица на оваа цел.

Инаку, мене лично ако ме прашувате, DSP има повеќе недостатоци отколку предности, сум слушал засилувачи во D-класа, мене ми звучат сувопарно, особено ако снимката е постара, 70-ти, 80-ти, 90-ти. Накратко кажно, колку постара, толку полошо звучи, односно, колку помалку дигитални уреди се користени за снимање и обработка на аудио сигналот, толку полошо звучи снимката. Од друга страна, со нови снимки, овие засилувачи немаат проблем, супер си работат и одлично звучат, но јасно е зошто е ова вака. Сите нови снимки се всушност виртуелно (на компјутер) обработени инструменти, а во денешно време, најголем дел од нив не се ништо повеќе од VST инструменти, што значи дека веќе се е обработено од PC, од генерирање на сигналот, до неговото снимање. Единствена алка која е сеуште аналогна е преносот, а и таа полека ја снемува, така да, со напредување на технологијава, на крајот аналогни ќе бидат само звучниците, а со текот на времето и тие веќе нема да бидат (еве, од статијата на насловната страна на форумот може да се види дека во светот се работи на изработка на евтини и квалитетни серво звучници).

Така да, не е ни чудо што овој начин на обработка и засилување на звукот, се поинтензивно навлегува на пазарот. Ниската цена, малото пакување, малата тежина, флексибилното конфигурирање, итн. се само дел од предностите. И јасно ми е зошто се поголем дел од производителите на опрема за озвучување се одлучуваат за DSP уреди за засилување и обработка на сигналот. Од друга страна, секој кој работи со озвучување знае колку тежат засилувачите, звучниците, миксетите и целата останата опрема и е свесен дека со овие нови дигитални уреди, му се намалува тежината и габаритноста на уредите, со што може да спакува повеќе уреди во помал простор. Ако на ова се додаде и фактот дека најчесто на настаните се презентира нова музика, значи музика скоро целосно изгенерирана од PC (со исклучок на вокалите и можеби некој инструмент), а токму овој тип на обработка и засилување на сигналот најдобро работи баш со вакви снимки, јасно е зошто се почесто може да се види оваа опрема на некои јавни настани, концерти, итн.

Од овие причини, јас никогаш не би се одлучил за засилувач во D-класа. Сакам и стари и нови снимки да ми звучат прилично добро на мојот звучен систем, а засилувач во AB-класа сосема солидно си ја врши оваа работа ;). Е сега, јас сум само обичен конзумент на музика, ништо повеќе ;D, само сакам да слушам музика, ни изнајмувам ниту произведувам опрема за озвучување, така да, јасно е зошто го правам овој избор ;) ;D.

Но, да се навратам на темата бидејќи малку се оттгрнав од неа ;). Марјан, со среќа со новиот бренд и се надевам дека некогаш ќе имам шанса да чујам некој од овие Line Array звучници ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline Marjan Milosevic

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 123
Одг: MM-Acoustics
« Reply #8 on 13.08.2014, Wednesday, 02:04:12 (Edited 13.08.2014, Wednesday, 02:56:46) »
Да пробам да дадам по некој коментар на ова од Јане.

Точно е дека ДСП како технологија постои. на пример мојот најстар ДСп уред е купен 2002ра. Тоа е векје 12 години а други постоеле и пред него.

Е сега, квалитетот комплетно на дигиталната технологија гледано пред 20 години и денес е драстична разликата и растот во квалитет и можности расте експоненционално.

Д класа појацалата векје се во својата четврта генерација и звучно е напредната во однос на првата генерација поприлично.

Споредуванје со АБ класа е тотално непотребно. Исто ко АБ класа да споредуваш со лампаш. Секогаш ќе има поборници и на едните и на другите и дискусијата нема крај.

Што се однесува до твојот коментар за снимките од пред 40 години. Нема тука тајни, тие снимки се докажано инфериорни во однос на денешните. Погледни го напредокот во студијската опрема само. Спореди ги денешните микрофони со оние од пред 40-50 години.
И сега доаѓаме во доба на дигитални конверзии каде што звукот е неверојатно многу по прецизен него оној од порано. Аналогно на тоа и впечатокот дека звучи по ладно затоа што нема дисторзии кои ги маскираат сите оние мали имперфекции на старите снимки.

Заедно со технологијата се менува и музиката. Во 60сетите 60 џерци било страсно ниско. Речиси и да немало музика која во себе содржела толку ниски тонови.
Денешнава музика има контент и до 20 херци. Тоа на промер денес е решиси невозможно да го снимиш на плоча. Или ако успееш плочата ќе собере едвај 4 песни.

Серво звуќниците ито така не се нова работа. Еве ти еден пример од осумдесетите и деведесетите кој беше многу популарен кај Американските туринг компании. За жал технологијата се покажа не многу поуздана што би рекле Србите. Дефектите беа пречести и на крај престана интересот за истите и покрај одличните перфоманси доека работи.

Code: [Select]
http://www.tritechlightandsound.com/BassTech%207's.html
Понатаму би рекол дека денес разгласните системи се толку комплексни што без ДСП уред резултатите не би биле возможни. Токму потребата за репродукција на тонови и до 20 херци е мотивот за развој на Д класата. За репродукција на толку ниски тонови е потребна многу поголема снага. Замисли едно појачало од овој тип.  4х10000 вати. Колкаво трафо треба за ова појачало. Ако земеш во обзир 60% ефикаснист на класа АБ. И како да го оладиш тоа појачало кога 40% оди во топлина.

Code: [Select]
http://www.pknc.com/3phase_eng.html

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: MM-Acoustics
« Reply #9 on 13.08.2014, Wednesday, 02:54:06 (Edited 13.08.2014, Wednesday, 03:04:11) »
Не, не е дека сум поборник за AB, A или D класа, решението го донесувам од многу практична причина. Сакам секој репродуциан аудио сигнал да ми звучи добро (не мора одлично, доволно е добро), а не да менувам засилувач ако сакам да пуштам еден или друг вид на музика или ако сакам да слушам Rock од 60-тите и 70-тите да користам еден засилувач, а ако ми се слуша House од 2014-та, да користам друг засилувач. Ова ми е непрактично, а од моја субјективна перспектива, и едниот и другиот стил сосема солидно звучат на засилувач од AB класа. Се разбира, House-от од 2014-та ќе звучи многу подобро на засилувач во D класа, но затоа, Rock-от од 60-тите ќе звучи пак многу лошо, така да, на некој начин, само правам компромис. Инаку, факт е дека секоја класа на засилувачи си има предности и недостатоци.

Околу генерациите на засилувачи во D-класа, не сум запознаен до која генерација се стигнати, не ни знаев дека ги делат на генерации со текот на времето. Само знам дека имам слушнато неколку засилувачи во D-класа (на која генерација припаѓале, не знам), од разгласни до „обични“ (за домашно слушање) и знам дека звукот на ниеден не ми остави впечаток. Овој заклучок не го донесов од само еден засилувач, слушнав повеќе, им дадов шанса... извинете, ама D класа кај мене дома не влегува ;D.

Е сега, ако изнајмувам опрема за озвучување, се разбира дека ќе користам засилувачи во D класа (под услов да може да си ги дозволам ;D), не сум будала да мкнам миксети и засилувачи што тежат тони, во однос на еден засилувач во D класа и некоја додатна DSP опрема која целата може да се монтира во 3 или 4 Rack Units ;).

Околу коментарот за постарата и поновата технологија, апсолутно си во право. Да, тие снимки се инфериорни во однос на денешните и апсолутно е вистина дека сега, со помош на дигиталните уреди и засилувачи, се слуша секој шум, секој детал и несовшеност на снимката од пред 40 и повеќе години. Сепак, тоа не го менува фактот дека не сакам да ги чујам тие несовршености, па субјективно, за мене звукот на засилувачот во AB класа секогаш ќе биде подобар... барем за постарите снимки ;). Нема дискусија околу вкусови ;).

Околу плочите и колку музика може да се сними на една плоча, што мислиш, зошто во денешно време најчесто и нема повеќе од 3 песни снимени на една плоча ;). Издавањето на плочи е традиција во електронската музика. Веќе нема потреба од тоа, но сепак се прави (се поретко и поретко, но сеуште го има). Но, уште на времето, во 80-тите, кога почнал подемот на електронската музика (пред се на House-от), увиделе дека нема да може да се снимат повеќе од 2 или 3 песни (траки) на една плоча ако притоа сакаме снимата да звучи добро како што звучела во студио. Затоа и се одлучиле на чекорот „повисок RPM за подобар звук“. Од таму и потекнува традицијата за идавање на singles на LP. А затоа и ретко биле издавани албуми. House артистите скоро исклучиво издавале синглици, не албуми - не можело да собере еден албум на една LP, па ако се издавал албум, се издавал на неколку LP, а тоа било скапо и затоа најчесто се издавале синглици. Подоцна, со подемот на CD-то, почнале да издаваат и албуми, кои многу често се и само колекција на синглици. Претодно, синглици биле издавани на 7 инчни плочи, немало потреба од повисок квалитет и дефиниција на звукот ;).

Околу серво звучниците, знам дека имало интерес и подем многу порано, уште во 80-тите и 90-тите, но, сепак, се покажало ете, дека технологијата е сеуште недоволно усовршена. Сепак, сметам дека со денешната технологија, може за релативно кратко време да се досуовршат, така да, нема да ме чуди ако за некое време ги заменат класичните звучници. Промената ќе настане во оној момент (ако тој момент дојде се разбира ;D) кога цената на производството на серво звучници ќе биде пониска од онаа на класичните звучници, а перформансите, квалитетот и издржливоста на серво звучниците ќе биде поголема од онаа на класичните звучници ;).

Околу техниката за озвучување, мене јасно ми е зошто толку длабоко продреа засилувачите во D класа и целата DSP техника. Тоа и го пишав ;). И тука нема ништо лошо ;)... it's just good business ;). Сите добиваат, помалку истрошена стуја, помалку опрема, полесна опрема, повисок квалитет на репродукција, полесна контрола на звучниот систем... јасно е, и претходно го пишав тоа ;). И јас истото би го помислил и направил ;). Нема љутиш ;). Тоа е тоа ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
Одг: MM-Acoustics
« Reply #10 on 13.08.2014, Wednesday, 13:32:35 »
Што се однесува до технологијата за студијата, денес е едно 100 пати како ништо подобра отколку пред само 20 години. Не ја мешајте работава со модерна музика миксот, и ретро музика миксот. Секако нема да звучат исто, денес прекомпресирата е музиката има повеке ефекти, и секако тоа се бара во таква линеарна музика како техно, поп, и др модерни жанрови.

Но, да ја прегледаме малку другава посериозна музика. Дали сте слушнале модерно снимана филмска музика, класика или џез? Направете една компарација меѓу филмска музика од 90тите и некоја од овие години. Драстична разлика на квалитет! Денеска овие жанрови имаат толку добра репродукција, микс и динамика, што подобро звучат и од стварноста. Затоа за секој дел апсолутно се сложувам со Марјан.

А, АБ, Д класа. Секоја има предности и недостатоци.
А-преголема дисипитација, големи ладилници, мала сила - но најдобар звук без конкуренција
АБ- средината, добар звук, средна дисипитација, релативно добра сила
Д - најмала дисипитација, голема сила, мали димензии - но не е воопшто погоден за високи фреквенции

А зашто да не може, да се искористат предностите а да изостанат недостатоците? :)

Еве добар принцип: А-класа за високотонец, АБ-за среднотонец, и Д класа за басот. Сето тоа оперирано од активна свртница.



Споено мислење: 13.08.2014, Wednesday, 13:33:03
И да не заборавам ЧЕСТИТО И СО СРЕЌА на Марјан со новиот бренд ;)

Offline Marjan Milosevic

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 123
Одг: MM-Acoustics
« Reply #11 on 13.08.2014, Wednesday, 16:21:54 »
Можеби Д класата некогаш била не баш најдобра на високи тонови. Денес приказната е сосема друга.
Прашање е само на тоа колку ќе решиш да потрошиш. А/АБ класите се технологија стара 50-60 години, можеби и повеќе. Секоја стара технологија е се поефтина. Новата никогаш не е ефтина.
Кој мисли дека Д класа не звучи добро нека повели кај мене да се разувери.

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: MM-Acoustics
« Reply #12 on 13.08.2014, Wednesday, 18:31:35 »
Кој мисли дека Д класа не звучи добро нека повели кај мене да се разувери.

Бев и не ми се допадна. Беше добро, но не бев импресиониран. Никаде го немаше она што во заднината сакав да го чујам (конкретно на една од траките што ги пуштив), она што на AB класа има некој „мистично топол“ тон (си знам јас на што мислам ;) ;D, не знам како на друг начин да го опишам ;D), скоро воопшто не се слушаше на D класа.

Се разбира, се тоа може да се корегира со EQ, DSP итн., но тоа не ми беше поентата. Едноставно сум навикнат на дисторзијата и топлината која ја додаваат аналогните засилувачи. Најверојатно снимката што ја пуштив е најпрецизно репродуцирана од засилувачот во D класа, ама мене тоа не ми се допаѓа. Пак ке пишам, околу вкусови нема дискусија ;).

Од друга страна, морам да напоменам дека стилови на музика кои имаат многу ниски тонови, како Dubstep, одлично ги репродуцира, тука нема збор ;). Но, во оваа музика, некако се се врти околу нискофреквентните ефекти. Не дека нема мелодичност, има, но тоа е некако, пропратно, колку да се каже дека има, да не бидат само ефектите. Така да, сметам дека е нормално овој тип на музика одлично да звучи на засилувач во D класа.

Исто така, она што слушателот не го знае, нема да го боли ;). Апсолутен факт е дека со DSP оваа сувопарност на засилувачите во D класа може да се корегира и да се додаде топлина на звукот. Така да, за некој кој не се разбира премногу во технологијата на снимање, репродукција, озвучување, итн., засилувач во D класа со DSP ќе звучи одлично ;).

На крајот на краиштата, што е важно што има зад шминката ако забавата е одлична ;) ;D.

Што се однесува до звучниците, се разбира дека добро зучеа ;).
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
Одг: MM-Acoustics
« Reply #13 on 13.08.2014, Wednesday, 20:54:51 »
Quote
„мистично топол“
Имаш пасивни звучки со индуктори со метално јадро нели? :)

Со еквилајзер не се корегира ништо друго осем амплитудата на одредените фреквенции, при што за жал а и некогаш во наша корист се менува фазата на некои фр за одреден степен. Малце конфузно ама така е.

Offline Marjan Milosevic

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 123
Одг: MM-Acoustics
« Reply #14 on 13.08.2014, Wednesday, 21:22:18 (Edited 14.08.2014, Thursday, 04:23:36) »
GigaWatt се фати во стапица  ;D

Ниту едно појачало на кое слушавме ког беше тука не беше Д класа.

А сега прочитај овде на кој принцип е базирана Д класата.

Code: [Select]
http://www.labgruppenrepairs.co.uk/resources/Class+TD+Technical+note+9.pdf