Па искрен да бидам, не ми е јасно што точно сакаше да постигне Марјан со отворање на темава. Ако беше чисто информативно, колку да знаеме дека ете, постои уште еден нов бренд за изработка на Line Array во Македонија, ОК, но тогаш реално, никој не требаше да пишува во темата, „честито“, ова она и толку требаше да биде темата. Колку што знам, Марјан нема намера да обелодени како се изработени звучниците, ниту да пише туториал на тема „изработка и пресметка на звучни кутии“, особено не за Line Array (корегирај ме Марјан ако грешам), така да, не гледам поента во темава. Се разбира, секогаш може членовите да поставуваат прашања, ама ретко кој на форумов (со исклучок на неколку членови) се разбира и интересира околу пресметка и изработка на звучни кутии, така да, сите останати само немо ќе следат некои прашања и (можеби) одговори кои... за нив, ништо не значат.
Сватете, поголемиот дел од луѓето не се навлезени и не се разбираат во аудио техниката. Повеќето се од типот „Свири? Свири. Ајде, терај.“. Ако сакате некој да заинтересирате околу аудио техниката и ако сакате овие теми да имаат навистина конструктивни коментари, треба да го дигнете нивиото на техничка култура околу оваа проблематика. „Ама не знам што значи ова, не се разбирам премногу“... „Не знаеш? Не се разбираш? Еве, бујрум, на форумов има еден текст каде се ова е објаснето, прочитај го и ќе знаеш да ги поставиш правилните прашања.“. Вака, реално гледано, луѓето не знаат ни што да постават како прашање.
Вие треба да си се ангажирате бе луѓе, никој не ви е виновен. „Ама никој не ме плаќа за тоа.“. И мене никој не ме плаќа за одржување на форумов, па го правам тоа. Зошто? Така сакам и сметам дека треба да постои некој форум од овој вид во Македонија. „Ееее, како јас сум учел на времето од Српски и какви се не книги.“. Тоа било на времето, времињата се сменети. Сакате некој да се заинтересира? Морате да го презентирате тоа на Македонски.
Ако не сакате ова да го направите, тогаш не се чудете и не лелекајте зошто ретко кој реплицира со конструктивни коментари во вакви теми
. И јас имам поставено многу теми во кои ретко има дури и еден коментар, па не си ја трескам главата околу тоа
, едноставно така стојат работите
. Да можев да се клонирам, сигурно ќе имаше многу повеќе литература и туториали на форумов, ама за жал, еден човек сум. Колку можам помагам и работам на тоа, ама едноставно... толку можам, еден сум.
Ке ви спремам една тема исклучиво за СМПС за појачало, со веке проверена шема кое можете и вие да го направите, па да направите компарација дали има разлика во звукот меѓу СМПС и трафо.
Ако е добар дизајнот на SMPS напојувањето (неколкустепена филтерска секција на излезот) и ако е добро направено, не би требало да има разлика
.