GigaWatt се фати во стапица
Ниту едно појачало на кое слушавме ког беше тука не беше Д класа.
Хммм... јас колку што помнам, ми ги покажа двата засилувачи кои ги напојуваа звучниците. Ми напомена дека се D класа и дека се едни од најновите модели на засилувачи во D класа
. Беше во прашање некој нов бренд од... источна Европа некаде, Украина мислам... не ми текнува сега точно од каде беше брендот.
А сега прочитај овде на кој принцип е базирана Д класата.
http://www.labgruppenrepairs.co.uk/resources/Class+TD+Technical+note+9.pdf
Јасен ми е принципот на работа на засилувачи во D класа, пишував дипломска на таа тема (споредба на принцип на работа на активни компоненти и споредба на класи на засилувачи, од електронски цевки до ден денешен)
. Разработено беше се, вклучувајќи ги и засилувачите во D класа. При споредба на класите, најмногу простор и посветив токму на D класата бидејќи има огромен број на подкласи, како и хибридни класи, а и многу од фирмите производители на PWM контролери за D класата, користат нивни патентирани технологии, на кои често им измислуваат имиња со „нови класи“ (практично, станува збор за некоја оптимизација на D класата, ама нивен патент е, имаат право како сакаат да го крстат
).
Реално, ако ги поделиме класите според драстична разлика во дизајн, постојат само 5 класи: A, B, AB, C и D. Последниве две, до некаде, може да се стават под иста класа бидејќи имаат сличен принцип на работа, а и идејата за D класата потекува од C класата, со таа разлика што C класата скоро исклучиво се користи во радио техниката (има премногу големо изобличување). Ако вака гледаме на работите, излезниот степен на B класата е многу сличен на излезниот степен на D класата, со таа разлика што не се користи PWM сигнал за побудување на транзисторите (најчесто MOSFET-и кај D класата), туку обичен аудио сигнал, а не негов квантизиран еквивалент
. Од овде следува дека, ако сакаме ептен да ги поедноставиме работите, можеме да кажеме дека постојат само три класи
.
„мистично топол“
Имаш пасивни звучки со индуктори со метално јадро нели?
Пасивни се, да, ама за останатото, не знам
, не се разбирам премногу во дизајн на звучници
. Имам Jamo E530. Претпоставувам дека имаат стандарден калем со метално јадро (магнет), ако мислиш на тоа
. Ја имам отворено кутијата, ги имам видено. Мене ми изгледаат на класични звучници: калем и магнет
.
Со еквилајзер не се корегира ништо друго осем амплитудата на одредените фреквенции, при што за жал а и некогаш во наша корист се менува фазата на некои фр за одреден степен. Малце конфузно ама така е.
Да да, се разбира дека е така
. Повеќе мислев на DSP
. Со DSP може што сакаш да потенцираш
. Ако се прави FFT на сигналот (чисто за фреквенциски приказ, инаку, се разбира дека секој серизозен A/D и D/A конветор, без разлика дали се користи за аудио употреби или не, барем во денешно време, мора да користи multilevel Sigma-Delta) и уште ако може графички да го подесуваш спектралниот приказ на сигналот (она што графички ќе смениш, да се рефлектира на излез), ехееееее, може како сакаш да го подесиш засилувачот да звучи
. Сакаш A класа, бујрум, сакаш лампашка A класа, нема проблем
. Се е можно со DSP
. Може шум да додадеш, да засилиш определен хармоник, да намалиш друг... практично, што сакаш можеш да правиш
. Тоа што мене лично не ми се допаѓа е сосема субјективно мислење и моја лична определба
, инаку, со DSP уреди, теоретски барем, имаш неограничени можности
.
И ова со акустик некако ми звучи малце да не речам, глупо. Имиња како Dj, music, acoustic, band итн. се веке маинстреам и не се така кул.
Претпоставувам идејата е да биде catchy
. Човекот тера бизнис, не бенд
.