Не, не е дека сум поборник за AB, A или D класа, решението го донесувам од многу практична причина. Сакам секој репродуциан аудио сигнал да ми звучи добро (не мора одлично, доволно е добро), а не да менувам засилувач ако сакам да пуштам еден или друг вид на музика или ако сакам да слушам Rock од 60-тите и 70-тите да користам еден засилувач, а ако ми се слуша House од 2014-та, да користам друг засилувач. Ова ми е непрактично, а од моја субјективна перспектива, и едниот и другиот стил сосема солидно звучат на засилувач од AB класа. Се разбира, House-от од 2014-та ќе звучи многу подобро на засилувач во D класа, но затоа, Rock-от од 60-тите ќе звучи пак многу лошо, така да, на некој начин, само правам компромис. Инаку, факт е дека секоја класа на засилувачи си има предности и недостатоци.
Околу генерациите на засилувачи во D-класа, не сум запознаен до која генерација се стигнати, не ни знаев дека ги делат на генерации со текот на времето. Само знам дека имам слушнато неколку засилувачи во D-класа (на која генерација припаѓале, не знам), од разгласни до „обични“ (за домашно слушање) и знам дека звукот на ниеден не ми остави впечаток. Овој заклучок не го донесов од само еден засилувач, слушнав повеќе, им дадов шанса... извинете, ама D класа кај мене дома не влегува
.
Е сега, ако изнајмувам опрема за озвучување, се разбира дека ќе користам засилувачи во D класа (под услов да може да си ги дозволам
), не сум будала да мкнам миксети и засилувачи што тежат тони, во однос на еден засилувач во D класа и некоја додатна DSP опрема која целата може да се монтира во 3 или 4 Rack Units
.
Околу коментарот за постарата и поновата технологија, апсолутно си во право. Да, тие снимки се инфериорни во однос на денешните и апсолутно е вистина дека сега, со помош на дигиталните уреди и засилувачи, се слуша секој шум, секој детал и несовшеност на снимката од пред 40 и повеќе години. Сепак, тоа не го менува фактот дека не сакам да ги чујам тие несовршености, па субјективно, за мене звукот на засилувачот во AB класа секогаш ќе биде подобар... барем за постарите снимки
. Нема дискусија околу вкусови
.
Околу плочите и колку музика може да се сними на една плоча, што мислиш, зошто во денешно време најчесто и нема повеќе од 3 песни снимени на една плоча
. Издавањето на плочи е традиција во електронската музика. Веќе нема потреба од тоа, но сепак се прави (се поретко и поретко, но сеуште го има). Но, уште на времето, во 80-тите, кога почнал подемот на електронската музика (пред се на House-от), увиделе дека нема да може да се снимат повеќе од 2 или 3 песни (траки) на една плоча ако притоа сакаме снимата да звучи добро како што звучела во студио. Затоа и се одлучиле на чекорот „повисок RPM за подобар звук“. Од таму и потекнува традицијата за идавање на singles на LP. А затоа и ретко биле издавани албуми. House артистите скоро исклучиво издавале синглици, не албуми - не можело да собере еден албум на една LP, па ако се издавал албум, се издавал на неколку LP, а тоа било скапо и затоа најчесто се издавале синглици. Подоцна, со подемот на CD-то, почнале да издаваат и албуми, кои многу често се и само колекција на синглици. Претодно, синглици биле издавани на 7 инчни плочи, немало потреба од повисок квалитет и дефиниција на звукот
.
Околу серво звучниците, знам дека имало интерес и подем многу порано, уште во 80-тите и 90-тите, но, сепак, се покажало ете, дека технологијата е сеуште недоволно усовршена. Сепак, сметам дека со денешната технологија, може за релативно кратко време да се досуовршат, така да, нема да ме чуди ако за некое време ги заменат класичните звучници. Промената ќе настане во оној момент (ако тој момент дојде се разбира
) кога цената на производството на серво звучници ќе биде пониска од онаа на класичните звучници, а перформансите, квалитетот и издржливоста на серво звучниците ќе биде поголема од онаа на класичните звучници
.
Околу техниката за озвучување, мене јасно ми е зошто толку длабоко продреа засилувачите во D класа и целата DSP техника. Тоа и го пишав
. И тука нема ништо лошо
... it's just good business
. Сите добиваат, помалку истрошена стуја, помалку опрема, полесна опрема, повисок квалитет на репродукција, полесна контрола на звучниот систем... јасно е, и претходно го пишав тоа
. И јас истото би го помислил и направил
. Нема љутиш
. Тоа е тоа
.