Author Topic: Заштита за високотонци  (Read 4348 times)

Offline Marjan Milosevic

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 123
Одг: Заштита за високотонци
« Reply #15 on 10.08.2014, Sunday, 03:28:11 »
Од сите појачала до сега што ми поминале низ раце има само едно кое има лимитер што ќе ги заштити звучниците. Сите други имаат лимитер кој сепак пропушта клипуван сигнал.
Пак ќе кажам, со опремата треба да знаеш да работиш. нема тука трезен пијан и што ја знам.
Со години користам активни системи каде што појачалото за басови и појачалото за високи се исти. По конкретно појачалото кое ми ги напаја високотонците е 2х3200 вати на 4 ома. Не сум цркнал ниту еден високотенец не памтам од кога. Има сигурно 12-13 години. Сега конкретно минатиот Егзит фестивал терав 4 високотонца од по 80 вати и 8 ома импеданса на по еден канал на појачало кое има 3000 вати на 2 ома (нели 4 драјвера у паралел се 2 ома). Појачалото од време не време засветуваше пик лед диодата. Ништо не цркна. Никакви заштити, никакви глупости.

Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
Одг: Заштита за високотонци
« Reply #16 on 10.08.2014, Sunday, 11:18:32 »
    И во моите активни системи ниеднаш не прегорел високотонец. Поголема е шансата дека басот ке изгори отколку другиот опсег. Тоа е некоја карактеристика за активните звучници, пасивниве се повеке прони на горење на послабите компоненти (среднотонци, високотонци).

    Ама пази, многу значи и колку е компресирана музиката која се пушта. Лајв музика без компресор и лимитер најчесто има разлика од 10тина dB ако не и повеке. Такада сигналот е многу динамичен и има доста време и можност да се ладат драјверите измеѓу овие пикови. Поновите миксови имаат разлика од само 2-3dB динамичка промена, па буквално сигналите се самите од себе "клипувани". Јас самиот се занимавав со снимање и микс на музика некое време, и со други микс инжињери истото сме го зборувале.


Offline Marjan Milosevic

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 123
Одг: Заштита за високотонци
« Reply #17 on 10.08.2014, Sunday, 16:55:53 (Edited 10.08.2014, Sunday, 17:25:01) »
Јас мислам дека ти малку мешаш терминологија. А и добар дел од другите.
Активен систем не подразбира звучник со појачало внатре, туку систем кој го тераат неколку појачала во би-амп, три-амп и така натаму. Оние со вградени појачала се нарекуваат POWERED, а не ACTIVE.

Муабетот ми е дека побро дизајниран систем нема никогаш да има проблем со прегорување. А тука основен услов е да се добро димензионирани појачалата и никогаш да не клипуваат.

Од ова доле на видеово по компресирана музика здравје.

EXIT 2014 / Gaia eXperiment Trance Stage / After-video

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Заштита за високотонци
« Reply #18 on 10.08.2014, Sunday, 17:26:27 »
Активен систем не подразбира звучник со појачало внатре, туку систем кој го тераат неколку појачала во би-амп, три-амп и така натаму. Оние со вградени појачала се нарекуваат POWERED, а не ACTIVE.

Секаде се рекламираат како активни звучници, така да, не е ни чудо да се направи грешка. Еве, и јас прв пат слушам дека се викаат powered а не active.
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
Одг: Заштита за високотонци
« Reply #19 on 10.08.2014, Sunday, 23:43:12 (Edited 11.08.2014, Monday, 02:01:54) »
Quote
Активен систем не подразбира звучник со појачало внатре, туку систем кој го тераат неколку појачала во би-амп, три-амп и така натаму. Оние со вградени појачала се нарекуваат POWERED, а не ACTIVE.

Епа се разбираме де. И јас постојано го велам истото на луѓето.  

АКИВНИ- звучници со активни свртници и посебно појачало за секој драјвер.
ПОВЕРЕД - звучки кои имаат вградено појачало во кутијата но сепак опсегот се дели со пасивна свртница.

Не мора да значи дека активните свртници и појачалата мора да се во самиот звучник. Иако така е наједноставно.

Offline Marjan Milosevic

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 123
Одг: Заштита за високотонци
« Reply #20 on 11.08.2014, Monday, 02:51:28 »
Најголемиот дел од професионалните звучници со вградени појацла користат повекје канални модули и поседуваат ДСП уред каде е се средено како треба.
Конкретно во оние јас што ги изработувам се користи 4 канален модул за кутија која е 3 веј 3 амп.
Канал 1 и 2 се во бридз иго напојуваат ЛФ делот, канал 3 е мид и канал 4 високи. Има ДСП со еден влез и 4 излеза и се се поставува таму.
Тие што користат вградено појачало и пасивна скретница се буџет кутии од понизок ранг.

Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
Одг: Заштита за високотонци
« Reply #21 on 11.08.2014, Monday, 11:28:41 »
Предноста на активната технологија нема да ја коментираме тука, сепак не е за тоа темата :)

Offline Marjan Milosevic

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 123
Одг: Заштита за високотонци
« Reply #22 on 12.08.2014, Tuesday, 12:35:13 »
Колку има предности, толку има и мани за жал.