Заштитата од типот *да се исклучи високотонецот* не е добра бидејќи секое* сецкање* на високотонецот при големи јачини ке доведе до прекин на намотката при повторно задвижување на истиот. Клиповањето на појачувачот би го изгорело попрво басот ,отколку високотонецот.Најдобрите заштити за високотонец не се прават со релиња,ами се користат триаци(или тиристори) во чиј круг се вметнуваат отпорници со мали вредности,а голема снага,па секое сецкање на струјата го преспојува паралелно високотонецот со отпорникот паралелно со него и иде до гранење на струјата и намалување на оптоварувањето на високотонецот.
Мораш да го заштитиш високотонецот далеку пред клипингот,бидејќи тој би изгорел и пред клипингот,ако свртницата не е проектирана како треба.Затоа во попрофесионалните свртници ставаат и сериски ламби,ПТЦ отпорници и слично.Најдобра заштита за високите е правилно проектирање на свртницата и оставање резерва за него,односно нефорсирање до максимум.
Споено мислење: 03.08.2014, Sunday, 16:46:48
Еве еден линк ,како е решено со два транзистора,нешто слично со она веќе постирана шема,а вторава шема е едноставно решение за високотонец со две обратно врзани зенерки,малку појаки.Напонот на кој проработува заштитата зависи од јачината на високотонецот и самиот појачувач.
http://www.eleccircuit.com/the-tweeter-speaker-protection-circuit/