Ај здраво на сите. Имам проблем со една доста проста шема за генератор на тон со 2 транзистори 2N3904 и 2N3906.
http://www.electronic-circuits-for-hobbyists.com/simple-tone-generator-circuit-diagram.php
Мојата изведба е на универзална плочка (од комплетите по ОТП за 8мо одделение од @batka
).
Се обидов со неколку звучници, но се што добивам е мало шуштење во моментот кога спојувам напон (2 батерии ААА).
Исто така Q2 (2N3906) прилично се загрева доколку остане склопот подолго приклучен на напон.
Некој совет? Дали е можно сите звучници што ги пробав да не одговараат?! Се обидов и со слушалки за компјутер но и тогаш се случува истото.
Ги проверив отпорниците, го менував кондензаторот, ги проверив лемовите. Q1 го проверив со аналоген унимер и е во ред. Q2 не е проверен а и немав уште еден да се обидам со замена.