Па од тоа ќе задушат и оние кои се во собата
. Ќе умрат комарците, ама и луѓето
.
Не функционира веќе ништо... пробав многу уреди, од купечки до DIY, ова се некои мутанти, ништо не им влијае. И да најде некој нешто што функционира, ќе функционира само оваа сезона и толку. Инсектите најлесно мутираат и се прилагодуваат. А и климатскиве промени ги прават се поотпорни и поотпорни на се и сешто, од студ до екстремно високи температури, така да, не верувам дека некој ќе најде трајно решение за овој проблем.
Пред некој ден, начекав скакулец со должина од 5 или 6cm во соба. Не живеам во рурално подрачје, така да, навистина не ми е јасно како дојде овој скакулец до 9-тиот спрат од мојата зграда
. Никогаш немам начекано скакулец во мојот стан. На земја, да, ама не и на 9-ти спрат. Уште еден доказ дека инсектите прилично лесно се прилагодуваат и мутираат.
Така да, кое решение и да го најдете, сметајте дека е привремено. Ќе трае една сезона и толку. Наредна сезона, пак ќе треба да барате ново решение.