Термин е прв електронски музички инструмент кој сосема случајно е пронајден (измислен) од Рускиот физичар Leon Theremin. Најчесто има две „контролни плочки“ (антени) кои се контролираат со двете раце. Едната е за pitch (фреквенција на звукот), другата е за јачина на звук. Можно е и да има други антени, за вибрато или некој друг ефект. Освен тоа што е прв електронски музички инструмент, а и наједноставен, истовремено е и најтежок за учење и свирење и потребно е долгогодишно искуство за да може да кажеш дека „знаеш да свириш на термин“. Тежок е за работа бидејќи немаш директен контакт со инструментот. Практично, изгледа како да диригираш со рацете, но позицијата на рацете го одредува pitch-от и јачината на звукот, а ако не допираш нешто со рацете, во принцип, тешко е прецизно секој пат да ја одредиш истата локација на рацете во просторот за да го постигнеш истиот pitch и јачина на звук кој еднаш си го постигнал во некоја претходна ситуација (на пример, вежбаш изведба на некое дело од некој автор и сакаш да го изведеш на термин).
Во професионалниот музички свет, не е прифатен како „официјален инструмент“ и колку што знам, не се изучува на ниедна академија. Сите музичари кои свират на термин, па дури и оние кои се професионални музичари, најчесто се самоуки.
Често може да се чуе во стари научно-фантастични црно-бели филмови до 50-тите или 60-тите. Оние „језиви“ високофреквентни звуци кои ги пуштаа кога ќе слета вселенски брод или нешто слично, е тоа е theremin. Бидејќи е тежок за свирење, затоа најчесто и се употребувал само за ефекти.