Врзи ги паралелно, ако не сакаш да ја менуваш вредноста на отпорникот. Можеби ќе треба да ја зголемиш малку моќноста на отпорникот, на пример ако бил 1W да ставиш отпорник со моќност од 2W. Се зависи од тоа дали ставаш од оние LED диоди кои многу трошат струја (оние што ги ставаат како „блицови“ на мобилни, не знам точно дали имаат посебно име и како ги викаат) или ставаш обични. Како и да е, не е лошо да ја зголемиш моќноста на отпорникот на 2W, стави паралелно две диоди, па ако не грее отпорникот (допри го, само пази да не те „мавне“ струја, сепак се работи за висок напон, може да користиш гумени хируршки ракавици ако ти е страв или ракавици за миење на чинии), стави и трет паралелно на двата. Ако пак не грее (добро, барем не премногу), може да се каже дека ќе ја издржи таа потрошувачка отпорникот
.