Има електроника за стартување во тие сијалици, исто како неонките со електронски стартер. Можно е некое коло да се затвора преку греачите за загревање на гасот... или да се створува некоја индуктивна спрега преку осцилациите на фазата и таа да дава некој напон кој го става гасот во делумно проводна состојба... кој знае. Сепак, иако директно не се затвора колото, фазата е на релативно висок потенцијал во однос на се останато околу неа.
Не знам... не сум премногу навлезен во ова, не сум сигурен, ама имам чуено за слични сутации со CFL-ки при изгасен прекинувач, затоа и прашав дали ова се случува со изгасен прекинувач. Најверојатно и во оние ситуации за кои сум чул има сличен проблем со електричната инсталација, се прекунува нулата а не фазата.