Author Topic: Домашно изработена WiFi Yagi 15 Елементи  (Read 4054 times)

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 714
  • Gender: Male
Верувај дека сум  :)
Hams do it! With Frequency

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 714
  • Gender: Male
Одг: Домашно изработена WiFi Yagi 15 Елементи
« Reply #16 on 21.05.2014, Wednesday, 00:02:11 (Edited 21.05.2014, Wednesday, 00:12:20) »
Ок дечки, малку заглавив со антената. Имам мал проблем, а тоа е изборот на кабел. Кабел со конектор за во усб интернет стикот купив од алфа електроник, а тоа е кабелот RG-174. Таман се израдував дека конечно ќе ја доправам антената, се разочарав. Кога пребарував на интернет за овој кабел RG-174 е 50 омски кабел кој е ужасен за WIFI, на 2 метра должина имаш 65% загуби од сигналот. Јас и како радиоаматер немам апсолутно никакво искуство со овој кабел, кој има дебелина од само 5 милиметри.

СЕпак се користи и за wifi и како таков го продаваат во алфа електроник. Не им се лутам нив, не се воопшто криви. Има конектори за wifi, има таква побарувачка а јас се олеснив за скоро 300 денари. За високи фреквенции е дури и полош од RG58. На интернет барав кој кабел е најдобар, а тоа е кабелот LMR400 кој е дебел колку еден прст. Дури и да го најдам треба да се монтира конектор кој не е така лесно.
Немам никакво искуство со коаксијални кабли за wifi, па ќе морам да барам нешто шо нема да дава огромни загуби.
Доколку имате некој предлог, слободно кажете.
Овој RG174 нема да го монтирам ни за проба, бидејќи џабе ќе си го губам времето а и нема да постигнам ништо
Hams do it! With Frequency

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Ќе поработам на случајот! Колку метри ти треба? 8)

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 714
  • Gender: Male
2 метра би биле сосема доволно. Секако треба и конектор за во стикот. Конектор таков се стега со некаква специјална клешта која ја имаат компјутерските продавници или луѓе што метстат интернет.
Hams do it! With Frequency

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Кај Батка има се! ;)

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 714
  • Gender: Male
фала другар  :)
Hams do it! With Frequency

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 714
  • Gender: Male
Одг: Домашно изработена WiFi Yagi 15 Елементи
« Reply #21 on 31.01.2015, Saturday, 23:13:42 (Edited 31.01.2015, Saturday, 23:32:09) »
Антената е готова.


Од последниот пост на оваа тема видовте дека имав мака за набавка на кабел. Спомнав дека RG-174 е ужасен кабел и си стојам на зборот. за истиот се консултирав со повеќе радиоаматери и ми го рекоа истото. Тој кабел го фрлив.  Бев упатен кај еден човек кој работи со лајв стримови и соработува со некоја локална телевизија. Од него набавив одличен кабел CFD200-E koj e 50 омски коаксијален кабел со минимални загуби за WIFI. Од двете страни имаше SMA конектори од кој едниот крај можеше да се монтира на УСБ стикот за интернет, но за другиот крај не најдов решение за конектор кој може да се монтира на антената, немаше ни во алфа, па морав да најдам друго решение за тој проблем и најбезболно беше да го сечам другиот крај и да го преправам со BNC конектор.

Најчесто избегавам сечење на кабел, но кога тоа е неизбежно....мора.


Коаксијален кабел CDF200-E со мали загуби за овие фреквенции. На него монтирав BNC конектор.


На самата антена е монтиран и женски BNC конектор


На овој начин кабелот лесно може да се монтира и демонтира. Тука се гледа и трансформаторот на радијаторот кој е изработен од парче од истиот коаксијален кабел во должина од 50мм.



Рутерот не е баш блиску и никогаш не сум имал 5 цртички во оваа соба, имав две до три цртички. Презадоволен сум од резултатот.

Оваа антена ја направив за на работа каде има повеќе мрежи. Сега ја тестирам дома бидејќи сум на одмор. Утре ќе направам тест во мојата радиоаматерска соба која се наоѓа во визбата. Таа соба е слепо црево за интернет, се губи интернетот, кога има, кога нема, па ме интересира резултатот. Секако тука заслужни се @Batka и мојот ментор Кирко Z31WW, нивните совети многу ми помогнаа околу изработката на оваа антена.
Hams do it! With Frequency

Offline DX-er

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 6340
  • Gender: Male
    • Докажи дека си човек и речи стоп за убиствата на бебиња! Ако не си човек, требало и тебе да те абортираат :)
Браво за изработката и со здравје да се служеш :)

Најдобро да ја тестираш на отворен простор и поголема далечина, како на пример на 500m
Чувството кога некој ограничен со размислувањето ке зборува за двојни стандарди/демократија/правила... бљак...

кликни тука за инфо околу форумот.

Offline Z31GH

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 714
  • Gender: Male
Благодарам друже. Тоа ми е во план. Многу ме интересира како ќе се однесува на поголеми далечини, тоа е и поентата на оваа антена. Должината на кабелот е 5м, може да се извади и надвор. Сепак доколку некој рутер кој е оддалечен 500м е слаб, тогаш не знам дали воопшто ќе може да се конектира на него. Мислам дека истата може да се приклучи како антена за рутер и така рутерот би бил многу многу појак.
Hams do it! With Frequency

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Е,па мило ми е што ја направи антенава! ;D Веројатно испадна добро и без мерења.Секоја чест за механичката изведба,имаш многу трпение за ситници и фини работи.

Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
Ситниците и фините работи го прават квалитетот. Со оваа антена може да се седи на нет и во маало :)

Offline nsu

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 1306
Одлична е сигурно ќе имаш добар прием и на работа.Инаку да тестирајте ја уште.И убаво сурфање ;D ;D
Кога си на дното во животот ќе дознаеш колку малку пријатели имаш