Антената е готова.
Од последниот пост на оваа тема видовте дека имав мака за набавка на кабел. Спомнав дека RG-174 е ужасен кабел и си стојам на зборот. за истиот се консултирав со повеќе радиоаматери и ми го рекоа истото. Тој кабел го фрлив. Бев упатен кај еден човек кој работи со лајв стримови и соработува со некоја локална телевизија. Од него набавив одличен кабел CFD200-E koj e 50 омски коаксијален кабел со минимални загуби за WIFI. Од двете страни имаше SMA конектори од кој едниот крај можеше да се монтира на УСБ стикот за интернет, но за другиот крај не најдов решение за конектор кој може да се монтира на антената, немаше ни во алфа, па морав да најдам друго решение за тој проблем и најбезболно беше да го сечам другиот крај и да го преправам со BNC конектор.
Најчесто избегавам сечење на кабел, но кога тоа е неизбежно....мора.
Коаксијален кабел CDF200-E со мали загуби за овие фреквенции. На него монтирав BNC конектор.
На самата антена е монтиран и женски BNC конектор
На овој начин кабелот лесно може да се монтира и демонтира. Тука се гледа и трансформаторот на радијаторот кој е изработен од парче од истиот коаксијален кабел во должина од 50мм.
Рутерот не е баш блиску и никогаш не сум имал 5 цртички во оваа соба, имав две до три цртички. Презадоволен сум од резултатот.
Оваа антена ја направив за на работа каде има повеќе мрежи. Сега ја тестирам дома бидејќи сум на одмор. Утре ќе направам тест во мојата радиоаматерска соба која се наоѓа во визбата. Таа соба е слепо црево за интернет, се губи интернетот, кога има, кога нема, па ме интересира резултатот. Секако тука заслужни се @Batka и мојот ментор Кирко Z31WW, нивните совети многу ми помогнаа околу изработката на оваа антена.