Здраво форумџии
Еве да се пофалам го направив овој склоп.. и го вградив на две празни места за ЦД/ДВД.. пошто малце поголеми ми беа ВУ-метрите. Ама супер дојде.
Еве и слики:
Ова е изгледот од напред пред да се монтира.
А ова од позади, се гледа плочката и ву-метрите се залепени со стопена пластика, а двете пластики се залепени меѓусебно со „бизон„ лепак.
Еве конечно како изгледа намонтирано на куќиштето:
Бидејќи имав ВУ метри со лед диода која свети кога ву метарот е околу максимум, малку го модифицирав проектов, па наместо RGB лед диодата која е во оригиналот, јас ги приклучив овие две диоди, и малце го модифицирав кодот за да може да функционираат.
Ако сака некој да ја прави истава модификација можам да го ставам хексот или сорс кодот.