Еве уште еден туторијал (ONE MORE!!!!) за испитување на трансформатори. Овој туторијал е наменет за почетниците (не дека јас сум профи ама па не сум и ептен почетник)
Што ке ви треба:
-Мултимер или омметар
-Трансформатор што ке го исписуваме
-Светилка за 220V
-Е за ова ке ви треба мааалце време (10 минути максимум)
Прво мултиметарот го поставувате на најголемо мерно подрачје (мега оми) и со испитните шилци го допирате почетокот и крајот на една намотка (примар или секундар не е важно) и омметарот треба да покаже некоја отпорност (0000 би требало да покаже мултиметарот ако е ставен на мерно подрачје од мега оми бидејќи отпорноста на намотката е мала) значи дека таа намотка не е прекината, ако покаже 1 (или па некој друг знак дека отпорноста е многу голема) тоа значи дека намотката е прекината негде. Ако е примарот некои трансформатори имаат осигурач (заради преголема струја и преголема температура) па тој може да е изгорен, а да дојдете до него треба да ги извадите сите хартии што се околу намотките од трансформаторот па да се извади осигурачот и да се спојат жичките без осигурач (незнам ова како да го објаснам со осигурачов, али па ке сватите како се прави кога ке видите изгорен термички осигурач)
Вака изгледа термички осигурач...
Истата постапка се повторува и на другата намотка (или пак намотки) истото важи како и погоре напишаното, доколку покаже некоја отпорност намотката е добра, доколку покаже ептен голем отпор значи намотката е прекината некаде.
Ако ниедна намотка не е прекината тогаш проверуваме некоја од намотките да не е допрена до јадрото, и тоа се прави со омметар така што едниот шилец за испитување го допираме на една намотка (не е важно дали е крај или почеток од намотката) и со другиот шилец допираме на јадорото на трансформаторот (можеби ке треба да загребите малце дека некои трансформатори се потопувани во лак после мотањето) и омметарот треба да покаже максимална отпорност. Истото го повторуваме и со останатите намотки и ако се е во ред се спремаме да го пуштиме трансформаторот во работа. Ама па не го пуштаме одма во штекер, бидејќи тоа што го проверувавме со омметар незначи дека трансформаторот 100% работи...треба да го истестираме уште еднаш....а тоа се прави со светилка (најобична светилка со волфрамово влакно) така што светилката сериски ја поврзуваме со примарот на трансформаторот и така поврзано го уклучуваме трансформаторот во штекер. Ако сијалицата свети јако значи две навивки се споени и за жал ако сакаме да го користиме трансформаторот ке треба да го премотуваме примарот (многу многу многу намотки). Ако сијалицата не свети (може ептееен малце жицата од светилката да е вжарена) тогаш трансформаторот може да се користи.
Како се поврзува сијалицата
Како и каде се мери отпорноста со унимер
За крај да пишам малце за сијалицата зашто се користи...тоа се користи за да не ви пукне осигурачот, бидејќи при краток спој тече голема струја и падот на напонот е на сијалицата и таа ке почне да свети. Вие немора да го испитувате трансформаторот со сериска сијалица, но ако трансформаторот не е во ред тогаш осигурачот ке ви пукне, нема да е проблем за тие со автоматски осигурачи, него ке е проблем со оние со стари осигурачи (со патрони) дека ако им пукне осигурачот па ке треба да давате пари за нов патрон...
П.С. да пишувам ли туторијал како се чисти кулер...или не???