Еве уште еден туторијал, овој пат да не растурате трансформатор, него да го направиме од нешто некорисно во нешто што ке ни користи...и пак ке користиме трансформатор и плус ке го премотуваме. Еве што ни треба:
-трансформатор со моќност што ви е потребна
-бакарна лакирана жица
-сечки
-рајхен (термо собирачко црево)
-мултимер
-време (мааалце повеќе време ке ви треба)
-и последно но и најважно СТРПЛЕНИЕ и тоа МНОГУ!!!
Мојот трансформатор, 60W земан од одпад, имаше 40V, 17V, и 8V мене ми требаше 24V па морав да го премотувам, одмотување не доаѓаше во предвид бидејќи жицата на секундарот беше претенка.
И сега да напоменам дека во овој туторијал трансформаторот нема да се растура скроз, како ке се премотува ке видите попосле...
На почетокот ке треба да ги извадите сите хартии што се за заштита на трансформаторот (јас ги имав извадено пред да го сликам) нај убаво ке послужи скалпер. Одкако ке ги извадите сите хартии треба да ја најдете која е скроз последна намотка, кога нема да ги има хартиите ептен лесно ке се најде која е таа намотка. Одкако ке ја најдете таа намотка ке почнете со одмотување, одмотоајте некој ред па пресечете ја жицата или па што знаете прајте само гледајте да не го уништите примарот, дали со бонсек ке ги сечете жиците дали со нешто друго не е важно важно да го нема секундарот а примарот да си седи нечепнат.
Еве го голиот трансформатор со жицата што ми остана од него, таа жица ке си оди кај што и е местото..ВО ОДПАД. Таа жица НИКАКО да не ја користите бидејќи таа си го има одработено своето, при мотање е затегана, па после тоа изджувала греање и ладење а и при одмотување лакот се оштетува така да таа жица може само во одпад да ја однесете и некој денар да си земете.
Одкако е одмотан секундарот треба да знаеме колку намотки треба да намотаме за да го имаме потребниот напон. Тоа се прави така што ке земеме жица (не е важен пречникот, само па да не е од инсталација) со ПВЦ изолација и ке намотаме неколку намотки кај што бил секундарот. После мотањето на тие намотки го уклучуваме трансформаторот и мериме напон на краевите на новиот секундар (што е мотан со ПВЦ жица)
Јас имам намотано 7 намотки и даваат приближно 2V(ова е ептен важно, така да пишете си го негде на страна на ливче некое)
За да одредиме колку намотки треба да намотаме треба да се послужиме со претходното мерење и бројот на намотки. Бројот на намотки го делиме со напонот што го имаме измерено (еве како испадна кај мене... 7(намотки)/2V=3,5 намотки по волт). Добиениот број го множиме со напонот што сакаме да го добиеме 3,5*24V=84, значи треба да намотам 84 намотки за 24V да добијам на секундарот (ова вие ке треба да си го пресметувате...). Ги одмотуваме намотките од ПВЦ жица што сме ги мотале и се спремаме за the real deal, мотањето на секундарот (84 намотки). Ама првин треба од страна да залепите некои хартии за при мотање да не се оштетува бакарната жица, бидејќи лакот е ептен тенок и може да се изгребе и да дојде до спој на намотките(види ја последната слика).
(сега стрплењето настапува) како се мота секундарот:
Првин едниот крај се прицврстува, дали на некој држач од трансформаторот, дали на нешто од страна (шајка, штрафче или што било) за да не ја истегнеме жицата и почнува болниот процес...еден дел од жицата што сме ја купиле (4-5 метри) ке го пикнеме од едната страна, ке го извлечеме од другата па пак ке ја пикнеме од другата страна па пак ке ја извлечеме од другата страна...се така додека не ни се потроши парчето жица со кое мотаме (не би препорачал да мотате со сите 15-20 метри жица наеднаш, него да го мотате со парчиња од 4-5 метри). Одкако сте ја потрошиле жицата земате парче од рајхенот (термо собирачко црево) и го ставате на жицата, и после тоа го спојувате крајот на жицата што сте мотале со почетокот од новата жица со која треба да мотате, нај убаво би било со леткум да ги залемите двете жици кои претходно треба да ги исчистите од лакот за да можат да се залемат. Одкако ке ги споите двете жици ставете го рајхенот (термо собирачко црево) на местото каде што се голи жиците и со упаљач “соберете го”. И си продолжувате со мотањето.... исто пред да ги спојте жиците добро би било со унимер да го проверите напонот кој го имате стигнато за да знаете колку намотки сте намотале одприлика....и мотате мотате мотате се додека не заборавите како се викате и што правите или пак додека не снемате жица...и при наставувањето на жиците обавезно проверувајте го напонот за да не претерате со мотање па да треба да одмотувате намотки после. После неколку намотани намотки добро би било со некое дрвце (во полош случај штрафцигер) да ги притиснете намотките поблиску до јадрото за после тоа да имате место за мотање. Ова е особено важно при првите намотки(50+) за после тоа да имате место за да ги намотате и другите намотки). Одкако сте ги намотале сите намотки (нема да биде многу убаво трафото на изглед, ама ќе си врши работа) двете жици (почетокот и крајот на секундарот) усукајте ги заедно ако нема место на трансформаторот каде да се залемат или пак некое дупче за каде да се протнат. Пред да го уклучите трансформаторот во струја проверете за последен пат дали секундарот не допира до лимовите од трафото (случајно лакот да не се има изгребано па да допира до лимот од трафото) и ако се е во ред....пуштете го да работи трансформаторот и измерете го напонот на краевите и тадааа!!!! Готови стееее (после 4-5 саати работа) можете да станете и да си се прошетате надвор да размрдате нозе и после тоа вратете го трафото за кај што е наменето...
Еве го завршеното трафо сосе хартиите од страна...
Вака да премотувате трансформатор е добро доколку треба малце намотки да мотате (помалце од 100) а ако треба повеќе намотки е тогаш ке почекате малце зашто ке има и друг туторијал за премотување на трансформатор со растурање на лимовите, ама па тоа некој друг пат дека треба да земам жица за да го мотам тој трансформатор...