Да додадам уште нешто во врска со уредов.
Креаторите на Fuelshark уредот, прават споредба со i-eLoop системот, развиен од производителот на автомобили Мазда.
Уредот на Мазда работи на тој начин што кинетичката енергија што се создава при кочење, ја конвертира во електрична и ја зачувува во кондензатор со капацитет од 120 фаради. Добро прочитавте, не е грешка, 120 фаради. Е сега Fuelshark уредот бил многу подобар од системот на Мазда, затоа што користел кондензатор со напон од 35 волти, додека "глупаците" во Мазда користеле кондензатор со напон од 25 волти. Никаде не го споменуваат капацитетот на кондензаторот во нивниот уред, кој што изнесува 1000 микро фаради, или за 120000 пати помал од оној на Мазда.