Почитувани,
Ако мислиш на ова горнава шема,тука се работи за 3В зенер која дава референтен напон,значи нема потреба од дополнителни тримери.Во случајов место 3,може и 3,6V зенер да се употреби.Ке се сменат само малку некои позиции во регулацијата и ништо повеќе.
Јас споменав потенциометар, поради Вие што споменавте во претходната порака клизач, цитирам:
"Не разбирам на што алудираш.Ако сакаш да добиеш некој напон помал од наведениот на зенер диодата,стави тример од 5-10К паралелно со зенер диодата,а на
средниот клизач ке добиеш потребен напон."
Значи Вие на местото на зенер диодата (според погорната шема) која фиктивно претпоставуваме корисникот ја нема (3V), истата ја
заменивте пак со зенер диода (3.6V), и во нејзината околина
дополнително ги менувате елементите во шемата (во случајот по вредност).
Мојот пример беше општ, не се однесуваше на погорната шема. И имаше друга мисла - како да симулираш една компонента во дадена шема без ништо да менуваш на други места во шемата - поради немање на дадената компонента. А оној што има големо знаење, се разбира, можеби може и да си нацрта/проектира шема која исто ќе работи како и другата, а ќе биде изведена само со компоненти кој дома ги поседува.
Само со замена на елемент кој го немате - со неколку елементи кој го глумат баш тој елемент, не треба знаење за да менувате на други места во шемата, во други нејзини делови.
Прво, оваа промена не е идентична од мојата опишана, имено ја менувате шемата во другите компоненти, различно од компонентата која ја немате и сакате да ја замените.
Второ, можеби некој за 3V можеби може да стави 1V+2V наместо да постави 3.6V, и без да има дополнително друго знаење за да менува во други делови во шемата за да ја заврши работата.
Трето, во шемата погоре, ако со зенер диодата од 3V најмал напон што може да се добие/подеси на излез е околу ~3.7V, така со замена во друга зенер диода од 3.6V (на местото на зенер 3V), најмал напон што ќе може да се подеси ќе биде ~4.4V (без разлика на вредностите на околините отпорности) - што е различно како резултат.
Поздрав.