Лименка? Сите 15-ки немаат ист дијаметар.Некои за 1-2 мм се разликуваат.За мотање користам тела од јаворово дрво.
-Јас користам лак кој го разредувам со соодветен разредувач и го распрснувам со соосветен прибор ( моделарска прскалка).Јас користам лак за мотори,за кој има соодветен разредувач (распрашајте се во продавниците за бои и лакови).
-Центрирањето има две точки: горна и долна - горна кога мембраната е во нормална висина,а долна кога мембраната е максимално притисната.Некои мајстори вршат центрирање во долната точка - ставаат прстен од метал со конусен врв и ја притискаат мембраната надолу па го ставаат калемот и го лепат калемот.Должината на калемот е работа проба.Некогаш може да се скрати калемот,за сметка на намотување втор слој ( ако има место) и со тоа да добиете интересен момент: кој има можност нека проба и ке види промени - пред се брзината ,ефикасноста ,а потоа се поместува и фреквентното подрачје.Значи,кај некои 15-ки се зголемува подрачјето на средните тонови.Ова го пишувам бидејќи сум пробал и мерел,не мора да значи дека секој мора тоа да го направи.
- Можно е да се замени или додаде ( со лепење) магнет на веќе постоечкиот.И овде има интересни ефекти,за проба.
- Пресметки? Најбитно е да мерите со кој дијаметар на лак жица е мотан предходниот калем.Во табели може да се најде специфичниот отпор на одредена дебелина на жица,односно колку оми има 1 метар одредена дебелина на жица.Може да изгубите малку време и директно,со мерење да пронајдете колку метри жица со одреден пресек ке ви треба за 4 или 8 омски калем.
-Мотајте го калемот одозгора кон крајот и вратете се назад.Не препорачувам никакво стругање,гланцање,Шприцнете лак врз калемот ( или лепак!) и мотајте.На крај на слојот внимавајте на * вртењето*,тоа е важно.Јас го мотам калемот * во еден здив ,без застој.
-На крај калемот го шприцам сосема *лесно* со лак и не го ставам во рерна или не го печам( па не е ротор или статор!
)
Додека сосема не е сув не го вадам калемот од калапот.Убаво е ,ако некој е мајстор да го направи калапот од два- три дела,кои би имале можност за ширење и * собирање*.Тоа го имам само видено,ама немам мајстор тоа и да го направи ( не сум ни барал
)
- Тотално ист калем не може да се направи!! Тоа немојте ни да пробате,особено ако е оригиналот мотан со квадратна алуминиумска жица.Ако имате скап звучник,подобро купете си кит или само шпулна.Ги има ,се наоѓаат на интернет,а во последно време и во нашиве дуќани.
- Да укажам и на друг проблем : најлесен проблем е ако калемот е во прекин на една од доводните жици- одлепете ја калотата и проверете ги доводните жици.Ако го извадите калемот и визуелно видите дека едниот крај е во прекин,пробајте да одмотате една намотка и да го средите така. Друг проблем е ако е калемот стопен и телото на калемот изгорено ( од пламен),или е калемот поради транзиент просто * згмечен*,заедно со жицата ,која може и да е само издрсната.Не препорачувам во последниве два случаи да интервенирате со лепење или дотерување ( замена на горените делови со нови),туку менувајте го целиот калем.
-Во секој случај,мора да пробате и да расипете неколку звучници (или калеми) за да научите како се прави тоа.
- За карактеристиките?? Нека не ви представува тоа проблем,гледајте да не гребе калемот,да е цврст,добро фиксиран.Кога ке го склопите звучникот оставете го да одстои малку,да се залепи лепакот,повремено притискајте го лесно за да проверите каков од има. Потоа пронајдете го + и - полот ( пишувано е како!
) и приклучете го звучникот да работи на мала јачина на појачувачот.Така најлесно се уочуваат грешки ,ако ги има.