Author Topic: Предлог за банирање  (Read 3865 times)

Offline KiloVolt

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 814
  • Gender: Male
  • Високонапонски Фанатик
Предлог за банирање
« Opened on 17.04.2014, Thursday, 18:32:14 »
Вака, како што знаат админите, банирани се членовите beethoven и Atanas, е сега, банирани се по IP од сите места каде што се најавувале, вклучително и IP-то од училиштето, значи ни јас не можам да го гледам форумов. Предлогот ми е, кај банираните адреси, да се појавува нешто како почетна страна, само за најавување да има, сите други работи да бидат оневозможени, ако се најави некој со валидно корисничко име и лозинка, да го отвори форумов, ако не, да биде однесен на соодветната адреса. Со овој предлог мислам дека ќе биде решен проблемот со користењето на групни IP адреси. Благодарам за разбирањето ;D
П.С. Секако, да се оневозможи опцијата на регистрација на корисник...
---------------------------------------------------------------------------------------------------
За да се спречи сценариото: правење профил кај другар => логирање со тој од дома; Предложувам оваа опција да биде достапна слично како и делот со огласите (Продавам/Купувам), т.е. со стекнување на повисок ранг, што секако нема да може да се постигне со логирање од кај пријател  (кој ќе те остави од кај него да си пишуваш ти над 100 пораки, мислам никој, барем според досегашно искуство ;) )
Temporary things have a nasty habit of becoming permanent.

High voltage experimenting is like the mafia, once you're in, you ain't getting out!

Never underestimate the power of stupid people in large groups.

Offline Devil

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 5329
  • Gender: Male
    • Македонски форум за електроника
Одг: Предлог за банирање
« Reply #1 on 17.04.2014, Thursday, 19:49:20 »
Предлогот ти е имплементиран од претходно, за жал кога биле банирани, не беа вклучени соодветните филтри, ќе го средиме проблемот.

А за ова второто, прочитај што напиша, размисли убаво што сакаше да напишиш.
Како некој би стекнал ранк кога нема да може да се регистрира (да си направи профил) за да може да стекне ранк со кој би можел да си направи профил ??!
Jас не сум себичен, помагам. Помагај и ти !

Секоја куќа си има свои куќни правила.Почитувај ги куќните правила!

Offline KiloVolt

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 814
  • Gender: Male
  • Високонапонски Фанатик
Одг: Предлог за банирање
« Reply #2 on 17.04.2014, Thursday, 20:05:46 »
Грешно ме свати, значи се мислеше на тоа со почетниот екран, на создавам јас овде бескрајни парадокси ;)  ;D Тоа беше само надоврзување на првото, значи тој, почетниот екран да ги филтрира членовите со повисок и понизок ранг, едните да ги пушта другите не. Ако не биде така, а она првото биде имплементирано, тогаш ќе има членови, направиле профил од друг IP и сега го поминуваат почетниот екран...
Temporary things have a nasty habit of becoming permanent.

High voltage experimenting is like the mafia, once you're in, you ain't getting out!

Never underestimate the power of stupid people in large groups.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Предлог за банирање
« Reply #3 on 17.04.2014, Thursday, 22:07:30 (Edited 17.04.2014, Thursday, 22:21:21) »
Батка.Киловолт,твоиве размислувања се граничат со некои други размислувања од типот * игри* - собираме поени за да преминеме во следно ниво. Освен што не си јасен ,не труди се да ни објасниш.Проблемот со IP ке се реши,само не гледам никаква смисла да се жалиш што * од училиште* не си можел да се јавиш? Дали на училиште одиш да учиш или да се јавуваш на Форум?? Значи,подобро на училиште оди и учи,а јавувај се од дома? Што е тука проблем??? Не можеш смешни слики или вицови да ставаш од училиште? Па,тоа не е загрижувачки,ке почекаме за тоа додека дојдеш дома.

Споено мислење: 17.04.2014, Thursday, 22:21:21
А ако иницираш дека двајцава твои банирани другари направиле профили од други IP ,за да се приклучуваат на Форумот со други ник-ови,само да знаат дека ако бидат фатени ке бидат доживотно банирани.Имавме такви случаи.

Offline KiloVolt

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 814
  • Gender: Male
  • Високонапонски Фанатик
Одг: Предлог за банирање
« Reply #4 on 18.04.2014, Friday, 21:42:50 »
Мислев да се реши проблемот со банирање на цела IP, со што некои од членовите ќе "настрадаат", но идејата како идеја, со себе повлече други работи и така стана вака како што е.
- мислев како некои да можат да пристапат, а некои не од банирана IP, и ја добив идејата да се појавува некоја страна која што ќе ги пропушта на форумов само валидните корисници.
- тоа со себе повлече нов проблем- еве сега ќе го зафркнам системот, ќе ми направи некој услуга, или ќе појдам во компјутерница, ќе си направам валиден профил и ќе се логирам со него од дома. Тоа како такво ќе треба да воведе "втора линија на одбрана" - со ранг. Да има граница од 100-150 поени над која корисникот ќе може да пристапува од банирана IP. Мислам дека сфати за што зборувам...
Quote
Дали на училиште одиш да учиш или да се јавуваш на Форум?
Ако одам на Хемија и учиме за органски киселини или поправаме (јас имам 5, не ми треба поправање ;) )
Ќе го искористам времето за да разгледам и научам нешто на форумов, исто и на Англиски... Да не ве замарам повеќе..
Quote
* игри* - собираме поени за да преминеме во следно ниво.
Ја немаш сфатено замислата, прочитај погоре. ;) Не е следно ниво туку "одбрана" од потенцијално нови профили на проблематични членови.
Quote
ако бидат фатени ке бидат доживотно банирани.
Значи да им пренесам да почекаат- се шалам, подобро е без караници ;)
Quote
Имавме такви случаи.
Делија.... ::)
Temporary things have a nasty habit of becoming permanent.

High voltage experimenting is like the mafia, once you're in, you ain't getting out!

Never underestimate the power of stupid people in large groups.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Предлог за банирање
« Reply #5 on 18.04.2014, Friday, 22:01:07 »
Киловолт,ти батка не си ме сватил,а не јас тебе.Самиот факт дека признаваш што на училиште го користите wi-fi да си играте со телефоните,место да учите хемија, е показател на она што Администрацијата денес си го дискутираше  меѓусебно.Ако мене лично ме прашате( имате среќа бидејќи се одлучува на Форумов со концензус,како во ЕУ) јас би направил уште неколку ограничувања за пристап.Значи,да ти биде појасно,Админите можат да видат се што се случува на Форумов,кој,кога,од каде и колку ( ако сакаш во секунди) бил вклучен.Некои работи се толерираат до бескрај,но проблемите се батка на друга страна.Мој совет е на училиште да учиш,а да не им се фалиш таму на другите како си јак електронџија на Форумов ( така бар ми кажаа) и на часовите да правиш циркузи со мобилниот.Најдобра наобразба дава  книгата,се друго е минливо.

Offline KiloVolt

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 814
  • Gender: Male
  • Високонапонски Фанатик
Одг: Предлог за банирање
« Reply #6 on 18.04.2014, Friday, 22:05:40 »
Не сакам да влегувам во конфликт, само ќе додадам дека на училиште ретко кога го носам мобилниот, а кога го носам ретко ми е вклучен, од компјутер се уклучувам.. ;)
Temporary things have a nasty habit of becoming permanent.

High voltage experimenting is like the mafia, once you're in, you ain't getting out!

Never underestimate the power of stupid people in large groups.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Предлог за банирање
« Reply #7 on 18.04.2014, Friday, 22:15:27 »
Ова ти се вика * не по врат- по шија * 8) Нека биде и така,ама мене некако поинаку ми кажаа,Впрочем  имаш веројатно нешто- како-наставници таму,нека си водат грижа тие.

Offline Atanas

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 729
  • Gender: Male
Одг: Предлог за банирање
« Reply #8 on 23.04.2014, Wednesday, 15:24:01 »
За тоа  што се фали се фали

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Предлог за банирање
« Reply #9 on 23.04.2014, Wednesday, 15:29:55 »
Истата ли песна пак ке ја пеете!? Доста се тужикарате и тоа јавно ,пред цел Форум. Доколку продолжите со исто темпо,ке ви биде одговорено со иста мера.Престанете ,најискрено ве замолувам.