Наједноставно решение ти е со еден кондензатор на хорната од 10 микрофаради 100волти, и сјалици како заштита од сликата на батка.
Јас би ве замолил вакви совети од мал мозок да не делите. Не е ова појацалце за дома од 20 вати па кје му ставиш кондензатор на високотонецот.
Ова што го советуваш си го пробал некогаш со 450 вати?
ЈБЛ 2226 е исклучително добра 15ка. Ако е во оригинална состојба ти имаш потенцијал да направиш одлична ПА кутија.
Тоа со што ти имаш проблем е огромен недостаток на знаење за тоа да го направиш.
Може овде кој што сака да пишува но... скретница не се прави ни со формули, ни со онлине или незнам какви калкулатори. Тие служат чисто како почетна информација од каде да почнеш со работа.
Без акустички мерења на 15ката и високотонецот секој резултат ќе биде мо најдобар случај половичен.
Ниту еден високотонец пред се немозе да издржи ни половина од декларираната сила со 6 децибели по октава скретница како што ти предлагаат. Значи со еден кондензатор.
Не постои производител што препорачаната најниста резна фреквенција ја изразува со 6 децибели скретница. Туку со минимум 12.
Вие овде сите заборавате неколку многу битни работи.
Ниту еден високотонец нема рамна фреквентна карактеристика. Истата во графиконите прикажани од производителот се добиени со меренја на високотонецот во некоја хорна која обично е наведен моделот.
Во било која друга хорна графиконот кје биде друг. Понекогаш и драстично различен. Кје ставам во прилог два графикона од ист високотонец во две различни хорни. Чисто за илустрација.
Во случајов имаме непознат високотонец во непозната хорна. Немаме представа каква фреквентна карактеристика имаме ниту колку децибели високотонецот е погласен од 15ката. И во кој дел е колку погласен.
Добра скретница нема само улога да го подели спектарот на бас и високотонец, туку и да ја корегира фреквентната карактеристика на високотонецот. Плус да го атенуира високотонецот.
Во случајов ( всушност во скоро сите слуцаи овде на форумов) сите рачунате само на колку херци да се подели спектарот. и толку.
Тоа е наједоставниот дел од правењето скретница. Ама тоа не е она што го дава резултатот.
Како двете компоненти ќе се среднат е пак трета приказна. Во најчест случај добра скретница никогаш не е 12дб на ЛФ и 12дб на ХФ.
Дали треба да е LR или BW пак е четврта приказна и тоа само мерење може на ни го покаже.
Така да мој совет ти е да си најдеш некој што кје знае да ти направи скретница.
За тие снаги ти треба дебелина на жица од минимум 1 милиметар за намотките, и кондензатори од најмалку 250 волти од МКТ тип.
Има уште 300 други работи ама сметам дека доволно објаснив за да разберете дека скретница не е плукни залепи туку е сериозна работа и бара мерна опрема и едно чудо делови за експериментирање.
Споено мислење: 25.04.2014, Friday, 02:49:44
Да се надоврзам со уште два графикона.
Едниот е само од високотонецот без скретница без ништо. Значи чиста фреквенциска карактеристика.
Вториот е од комплетна кутија. Станува збор ист оза 15ка и хорна.
Како што може да се види од графиконот на цела кутија, тука имаме и корекција на графиконот во делот на високотонецот.
Е тоа не се прави без знаење и без мерења. Све друго е напамет и на слепо.