Во EEPROM-от се наоѓа „мапата“ односно режимот на работа на моторот. Мислам дека ти ќе ни ги извадиш како фајлови, ако не се лажам, а потоа другото ние ќе си го завршиме.
Се што ќе извадиш е еден hex или bin фајл (хексадецимален или бинарен запис на податоците кои ги содржи EPROM-от) без кој ништо не правиш, освен ако не ги знаеш ознаките на микроконтролерот/микропроцесорот кој е одговорен за читање (и/или запишување) на податоците во EPROM-от. Под услов да ги знаеш овие податоци и под услов некој disassembler/debugger да има поддршка за асемблерскиот јазик на тој микроконтролер/микропроцесор (како што е IDA Pro, има поддршка за голема палета на микроконтролери и микропроцесори, но прашањето е дали има за конкретниот), дури тогаш може нешто да правиш со тој фајл.
На пример, доколку IDA Pro има поддршка за конкретниот микроконтролер/микропроцесор, ќе ги изанализира податоците во фајлот и ќе ги запише во „човечки читлив“ (humanly readable) асемблерски код. Со некоја комбинација на plugin-и за IDA, може да извадиш и некој делумен C код (претпоставувам дека софтверот е пишуван во C, не директно во асемблер), но без да знаеш кој е микроконтролерот/микропроцесорот кој е врзан за тој EPROM, џабе ти е се.