Се побудуваат преку трансформатор, така да, најлошо што може да се случи е да не може да ги побудат 8-те транзистори, 2SC945 нема да изгорат.
Е сега, KSE13007 немаат големо hfe, така да, не знам дали ќе може да се врзат 8 во паралела без дополнителни преправки. Три или четири би требало да може, ама 8... не знам, треба да се проба.
Јас би одел на тест проба и мерење. Со осцилоскоп најдобро ќе се види колку паѓа струјата на влез од транзисторите со секое додавање на уште еден пар транзистори во half-bridge-от, така да, лесно може да се предвиди дали ќе може да побуди 8 транзистори.