Извини не те разбрав, иначе јас имам една што се полни преку USB и само преку USB (нема друг полнач) има вградена батерија и е најмалата дигитална камера воопшто која сум ја видел да се продава, само што не е 5MP туку 2MP и ја купив во 2001 година
Тоа е се убаво, ама не ми помага во конкретнава ситуација, случајно да не знаеш нешто за поновиве фото апарати, значи нешто за овие шо ги има на пазарот последниве година дена...
.
Се надевам дека нема да ми замериш ако малку те исправам, на грешки кој верувам дека ненамерно си ги направил
Јас убаво си кажав дека „врска неам“ од фото апарати, само на крај на постот беше, така да, корегирајте колку сакате, баш нешто и да научам... хахахахаах
Значи вака, барам некој евтин фото апарат, не е битно баш колку мега пиксели има, да не биде под 5, не е бито ни дали вади „феноменални слики“ или дали има ваква или онаква леќа, не мора да снима клипови и некои такви работи.
Мега пикселите воопшто не се толку многу значаен фактор, така да јас те уверувам дека и со фотоапарат од 3,2 мегапиксели се прави феноменална фотографија.
Најбитниот момент е леќата. Значи подобро е да има квалитетна леќа одколку мегапиксели.
хммммм, значи подобро да барам фото апарат со добра леќа, нешто измеѓу муабети со друштво некој спомна нешто „карл сајз“ или нешто такво беше, не ми текнува, овие добри се...?
1. Да се полни на USB или на полнач, значи да не мора да купувам батерии.
На УСБ се полнат само оние најлошите, кинеските а и не траат долго. Најчесто сите дигитални фотоапарати се напојуваат со 2 батерии од 1,5В АА или пак имаат нивни сопствени. По мене оние првите се попрактични бидејќи замисли ја ситуацијата: Ти си со девојка у Париз и сакаш да се сликаш пред ајфелова кула и одеднаш немаш батерии.Тие се празни ) одиш во прва трафика и купуваш две обични алкални батерии и среќни си се сликате. Во спротивно ти стануваш едно од најизвиканите домашни животни, а + тоа девојката ке те изеде и ке те направи лом
Со вторите батерии добиваш во тежина, односно се полесни и потенки (мислам на апаратите).
Не планирам да го носам некаде надвор, не сум некој фан на сликање, ако нешто правам, тоа е избегнувам да се сликам, не си се допаѓам на слики, а исто и девојка ми, и она нејќе да се слика, ниту пак е заинтересирана за сликање. Значи чисто за домашна употреба го земам. Јас сакам да си ги помнам моментите на „мој начин“, а не оној кој го прикажува фото апаратот
. Немам многу слики ни од детство, така да не ми недостасува сликањето многу многу
.
Апаратов го купувам за да можам да сликам слики за туториали, некои проблеми што можеби би ги имал со сревисирање или диајнирање на некоја шема, или така нешто (плус да ви го покажам новиот Fluke 97/AUTO ScopeMeter
), значи подалеку од дома нема да отиде, а и да ми го позајми некој за да слика за некаде надвор, или за во странство, баш ми е гајле дали му се изпразнил или не, јас сум му го дал и сум му кажал што треба да направи за да биде полн и да може да слика, а он/она што сака нека прави... хахахахаха
2. Да има барем 512MB меморија.
Меморијата е најмал проблем. Препорачливо е да користи СД картички. Поевтини се од М2 и слични.
Значи повеќето немаат (или имаат многу мали) вградени мемории како MP3 плеерите, добро е да ја знам оваа информација, зашто начекав еден Olimpus со 3.2 мегапиксели на pazar3, ама имаше 16MB меморија, а не пишуваше дали има SD или МicroSD слот на него. Значи најубаво да си прашам, фала за информацијата.
Инаку човекот го даваше за 2000 ден. Добра цена е тоа или...?
3. Да има auto zoom, значи сам да си наоѓа фокус, она со зеленото/црвеното/жолтото квадратче кога ќе држите подолго на копчето за сликање.
Ауто зум не постој! Тој може да е оптички или дигитален. Постои ауто фокус и скоро сите дигитални го имаат тоа како опција.
Епа на тоа мсилев, auto focus, хахахахах
... Убаво си пишав јас, врска неам од фото апарати, знам само да сликам, и тоа ако ми кажат каде е копчето за сликање, иначе ни тоа нема да го знам, имам некоја „вградена“ аверзија према нив, и како што претходно пишав, го змеам од чисто практични потреби
.
4. Да има механички zoom, значи да се „отвора“ кога ќе се пушти, не како на телефоните, само леќа и дигитален zoom.
Механички зум има на старите фотоапарати со филм...Новите се опремени со оптички зум, кој се менува, односно е променлив. Отварањето е за леќата. Постојат исто така два типа на леќи, кои можеш да ги гледаш како се отвараат (случај кај повеќето дигитални фотоапарати) и некој кај кој тоа не можеш да го забележиш од проста причина што изведбата им е таква (некој модели на Кодак и Сони)
Aха, значи има такви што се „овараат“ и такви што не „не се отвараат“ а сепак се квалитетни. Јас мислев дека тие што не се отвараат се за никаде, ама од кај да знам. Добро е и ова парче информација, thanks
.
Не ми е важно дали е на ново или старо, мада на pazar3 барав и не го најдов тоа што го барав, или малку меморија имаа, или не се полнеа на USB или на полнач, а тие две работи ми беа најбитни :S.
Имам 4500 ден. на располагање, би дал и до кај 5000, но не повеќе од тоа, можам ли да најдам фото апарат со горенаведените перформанси за овие пари?
Знам дека ова звучи многу лаички, ама никогаш не сум се интересирал за фото апарати, сега се интересирам од чиста потреба .
За тие пари кои си ги навел можеш да купиш солиден фотоапарат и тоа со многу подобри перформанси од оние кои ти се поставени за критериум.
Погледни го Канон А460 или А470. Одличен фотоапарат.
А некој од овие два модели се полни на USB или на полнач, зашто навистина нејќам да трошам пари за батерии или да морам да купам батерии на полнење од минимум 2600mAh само за да можам да терам приближно колку со обични (алкални) батерии. Сакам да е Plug-N-Play, да нема многу многу замарање, го оставам, си се полни, си знае кога е full, и сам си се гаси, крај
.
Знам дека многу барам за тие пари, хахахахах
.
EDIT: Еве link за фото апаратот Olympus што се продава на pazar3, па ако може некој да пише нето за тоа дали е добар или не, би било добро
. Kолку што видов, не се полни на USB, но има опција да се полни преку полнач
. Има слот за картичка, но не знам каква... :S
За фото апаратот:
http://www.pazar3.mk/ViewItem.aspx?itemId=567419
За полначот:
http://www.google.com/products/catalog?hl=en&q=olympus+C+-310&um=1&ie=UTF-8&cid=617575234387441565&ei=tarZS7mcNsyWOLCFte8P&sa=X&oi=product_catalog_result&ct=image&resnum=3&ved=0CBcQ8gIwAg#