Author Topic: Tweaking на високотонци  (Read 20243 times)

Offline Otpor

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 161
  • Gender: Male
Одг: Tweaking на високотонци
« Reply #90 on 05.04.2014, Saturday, 15:26:52 »
То мајсторе ,ова сакав да го видам....и слушнам  ;) Како за инает за некои кои немаат верба во она што го правиме  ;)Само малку ме збуни...требаше густо,сае 90 масло да користиш и се нанесува САМО 1 капка на намотката а не да го исполниш  процепот...ај другиот пат подобро

Голем поздрав



,,Алчните за пофалба секогаш имаат мали заслуги,,

Плутарх, двесте и кусур и некоја година П.Н.Е

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Одг: Tweaking на високотонци
« Reply #91 on 05.04.2014, Saturday, 17:24:41 »
колку помалце масло-поконцентрирана е смесата, најверојатно подобро е со поретко масло повеќе тонер. Може да пробате и да го седиментрате тонерот како што пишав пред некој пост, така би требало да е ушто поконцентиран флуидот, нормално ако имате желба за експериментирање да видите и резултатите кои би биле.

Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
Одг: Tweaking на високотонци
« Reply #92 on 05.04.2014, Saturday, 18:10:05 (Edited 05.04.2014, Saturday, 21:10:25) »
Quote
требаше густо,сае 90 масло да користиш и се нанесува САМО 1 капка на намотката а не да го исполниш  процепот...ај другиот пат подобро

Не знам од каде ти е оваа информација, но ферофлуидот го исполнува целиот процеп. И треба да е многу течен за да не влијае на моторниот систем на звучникот

Ecouton Audio Labor Hochtöner Ferro Fluid LQL 150 LQL 120 LQL 130

Code: [Select]
http://www.parts-express.com/Data/Default/Images/Catalog/Original/340-540_ALT_0.jpg

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Одг: Tweaking на високотонци
« Reply #93 on 05.04.2014, Saturday, 18:50:36 »
тоа ми беше зборот, да е поредок, а поконцентриран.

Offline Otpor

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 161
  • Gender: Male
Одг: Tweaking на високотонци
« Reply #94 on 05.04.2014, Saturday, 20:03:08 »
Ова го знам од постара литература каде Dynaudio D21,мислам дека тој беше,се растураше само да се види колку има вистина за ферофлуидот и неговите придобивки..но и мислам дека и колку да е поредок,па и вода да е,сепак ќе претставува отпор кон самата калота предизвикувајќи дополнително греење и можеби изобличување.Затоа 1 капка на самата намотка...е сега можеби е ова нов пристап во ново време,тогаш беа 80-ти....
,,Алчните за пофалба секогаш имаат мали заслуги,,

Плутарх, двесте и кусур и некоја година П.Н.Е

Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
Одг: Tweaking на високотонци
« Reply #95 on 05.04.2014, Saturday, 21:56:09 »
КАко и да е, придобивките се очигледни, подобра ФР, и подобро ладење. Е сега треба да се одреди подобро со што точно д се направи ферофлуидот бидејки со маслово за машини за шиење не ме бендисува баш, плус не ми е погоден соодносот. Ова масло е екстра тенко и течно, но веројатно не може убаво да го промеша тонерот. Реков да пројде една недела, и повторно ке го мерам истиот високотонец, да видам дали се стврднало случајно или изгубило ефект.

Доколку е некој заинтересиран, нека експериментира повеке на добивката на ферофлуид, а потоа на еден високотонец ке удриме и мерење ;)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Tweaking на високотонци
« Reply #96 on 05.04.2014, Saturday, 22:25:34 (Edited 05.04.2014, Saturday, 22:45:44) »
То мајсторе ,ова сакав да го видам....и слушнам  ;) Како за инает за некои кои немаат верба во она што го правиме  ;)Само малку ме збуни...требаше густо,сае 90 масло да користиш и се нанесува САМО 1 капка на намотката а не да го исполниш  процепот...ај другиот пат подобро

Голем поздрав



Отпорче,прво ја палиш работава ,а потоа те снемува.Освен СлидерМЦ не видов никој друг експеримент да направи,а ти најмалку. 8) И сега, на крај?? Нејасно е дали СлидерМЦ сака да прави ферофлуид, да мери високотонци додавајќи смеса * кобајаги* ферофлуид или што?? Ако сакаш да правиш ферофлуид и со две проби и од едно мерење да се докажеш дека има подобрување ,тоа не е во ред ,бидејќи треба многу повеќе време ,проби и талони ,за да се каже дали е нешто успешно или не.Купи ферофлуид направи експерименти со него и спореди ги со таа смеса која ја правиш.Така ке биде подобро и поверодостојно.

Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
Одг: Tweaking на високотонци
« Reply #97 on 05.04.2014, Saturday, 23:15:47 »
Батка а што сакаш ти да кажеш?
За ферофлуидот и неговото користење се правени опсежни истражувања, не од мене туку од други луѓе и тоа со години, и сега јас да докажувам дали работи ферофлуидот? Секако дека работи, и нема што јас тука да докажувам.

Темава беше дали може ние некако да ги подобриме нашите чкарт високотонци со користење на домашно направен ферофлуид кој секако е најефтина варијанта која би одговарала за така ефтини високотонци.

Тоа значи Tweaking на високотонците, што можеме ние да направиме на високотонците за да се добие подобар резултат.

Кој сака и смета дека може да учествува РЕАЛНО во темава, слободно нека пробува, јас сум тука, ке направиме заедничко мерење на веке готовиот производ, но од мене толку за сега!

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Tweaking на високотонци
« Reply #98 on 06.04.2014, Sunday, 00:54:25 (Edited 06.04.2014, Sunday, 01:01:52) »
Па за РЕАЛНОСТ зборуваме СлидерМЦ.Ама во насловот на темава требаше да стои * Дали реално може да се замени ферофлуид со нешто друго?* или *Дали може да се направи замена за ферофлуид во домашни услови*.И не ти велам ти да го докажуваш постоењето или намената на ферофлуидот ( не можеш тоа).Цената е 136 $ за литар ферофлуид,отприлика.Ако сакаш да го споредуваш ферофлуидот со она што ти го мешаш, како баба Рада чаевите,треба да правиш напоредни тестови за секоја 3:1, 2:1, 6:1 или 18:1 мешавина . И пак,не за тебе и Отпор,ами за другите членови на Форумов ке кажам - дословно тврдењето на стручните и компетентни луѓе што нешто знаат и нешто направиле на ова поле е дека = постојат разни видови ферофлуид и не секој од нив е погоден за полнење на звучници и дека секој високотонец не е погоден за да биде наполнет со ферофлуид.И не знам како ти ја мериш температурата на калемот ,ама разврти по нет и ке видиш како и со што се работи тоа.Сигурен сум дека во МК дома никој нема таква апаратура и  секоја друга примеса е само нагаѓање и тресење зелени. Ова не е за вас двајца,ами за останатите членови на форумот ,кои не се многу запознаени со проблемот на ферофлуидот. Иначе ,ферофлуидот е заштитен и патентиран производ во 186 земји.

Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
Одг: Tweaking на високотонци
« Reply #99 on 06.04.2014, Sunday, 01:29:04 »
Единствен неуспех, е неуспехот да се проба ;) Јас се заангажирав и направив најмногу што можам во моментов. Батка, ако успеа да најдеш повеке литература за темава, зашто не ставиш линкови, па и ние малце да се просветлиме?

Јас на темава нема повеке ни збор да напишам.

Offline izotop

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 357
Одг: Tweaking на високотонци
« Reply #100 on 06.04.2014, Sunday, 01:30:42 »
Батка што ти стана.?
Во други теми поддржуваш   правење на мембрани од различни материјали и лакирање со незнам какви   лакови по дома како пракса од минатото  за подобрување на квалитетот ,а сега се палиш на нешто што може да биде интересно да се спровере без многу теоретизирање во форма на експеримент .
Ако ти смета тебе  лично никому ништо .
Не сум информиран дека е забрането да се прават експерименти со високотонци  по дома кои му сметаат на модераторот заради личниот став и од таа причина да не се објавуваат во одредена тема за високотонци .
Каде се најде погоден со муабетов и зошто по се изгледа дека ти  смета темава ?

Offline Otpor

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 161
  • Gender: Male
Одг: Tweaking на високотонци
« Reply #101 on 06.04.2014, Sunday, 11:50:50 »
@Батенце,шо е проблемов со тебе ?Провоцираш и прозиваш непотребно  >:(.Не мислам да ти се правдам,но не ми е јасно шо изиграваш сега ? Провокатор ? Иницијатор ? ::)Модератор  ???.
Види вака...темата ја поставив за споделувања искуства... ти ако имаш некој проблем околу тоа ,форумов не е место за тоа
А Баш сабајлево ги сликав преправките за да ги постирам  :D

Ps.По логика на нештата сега ми следува неплатен одмор но ке ве замолам, немојте да правите нешта за кои подоцна на сите ќе ни биде мака зошто го изгубивме форумот
,,Алчните за пофалба секогаш имаат мали заслуги,,

Плутарх, двесте и кусур и некоја година П.Н.Е

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Tweaking на високотонци
« Reply #102 on 06.04.2014, Sunday, 14:21:15 (Edited 06.04.2014, Sunday, 14:48:45) »
Слушајте сега сите: прво ја отворивте темава и баравте мислења- добро.Е,после ме прозвавте заради моето мислење ,како јас сум се повлекувал и оградувал!?? Добро и тоа.Е,сега ,кога го кажувам МОЕТО мислење,пак ме прозивате.Јас никого не мислам да го пратам никаде,такво нешто не спомнав,ниту ја затворив темата,ниту ве блокирав.Ако некому му сметаат  разликите во пишувањето,како на пример на Отпор (*Како за инает за некои кои немаат верба во она што го правиме  ;)) и ако треба на инает да се оди,како што пишува тој ,ајде да се инаетиме.Не знам што на сите ви посмета МОЕТО мислење.Значи јас така размислувам на ова тема и не гледам ништо спорно во тоа,а никому не му забранив да не експериментира и да не се допишува! Продолжете си и не ме прозивајте непотребно.

Offline bicikle

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 4080
  • Gender: Male
Одг: Tweaking на високотонци
« Reply #103 on 06.04.2014, Sunday, 21:12:44 »
Нормално дека никој дома не може да направи фабрички ферофлуид, и да направи, секако тоа не е магичен флуид кој ќе направи чуда. Но, ако некој има воља да прави експерименти никој не го спречува.  Никој не рече дека некој смета со тоа што прави експерименти и дека ги објавува на форумов.

Offline Marjan Milosevic

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 123
Одг: Tweaking на високотонци
« Reply #104 on 25.04.2014, Friday, 03:17:23 »
Пред дваесет години( и повеќе) се одеше во Бугарија по звучници во Благоевград.Имаа фабрика ,добро опремена  и покрај се правеа и некои звучници за извоз.Тие 15-ки ги добиваа во картонски кутии,комплет,па ги составуваа и пробаа ,а им лепеа налепница ОБЕРТОН,Кој како сака нека кажува,ама тоа беа басови со одличен квалитет ,И денес многумина употребуваат Обертон,да се знае.Е,сакав да кажам дека ги подмитивме мајсторите да ѕирнрнеме малку и тогаш за прв пат видов бугарски ферофлуид.Тие ги премачкуваа шпулните   со мешавина на SAE 90  и графитна прашина во однос 3:1,И тоа на 15 инчни басови.Тогаш се чудев,ама навистина *има нешто*,Имам  пар високотонци и ке пробам :D


Фабриката во Благоевград одамна не постои. Обертон е друга фабрика во Бугарија која е од Пловдив и сеуште прилично успешно работи. Малку си ги побркал работите.