Author Topic: Tweaking на високотонци  (Read 20239 times)

Offline Otpor

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 161
  • Gender: Male
Одг: Tweaking на високотонци
« Reply #75 on 30.03.2014, Sunday, 20:22:02 »
Тоа со зејтинот ич не ти требало, бидејќи е растително масло после некое време се разградува и се ќе ти запече околу калемот, многу домаќинки што „поправале“шарки од врати со зејтин ќе ти потврдат какви проблеми прави после некое време... ;)
Тргна на мајтап работава  :D
,,Алчните за пофалба секогаш имаат мали заслуги,,

Плутарх, двесте и кусур и некоја година П.Н.Е

Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
Одг: Tweaking на високотонци
« Reply #76 on 30.03.2014, Sunday, 20:23:31 (Edited 30.03.2014, Sunday, 20:26:47) »
Секако дека нема да користам зејтин. Тоа имав при рака. Ама гледам некако има многу паметни глави, ама реализација.....

Споено мислење: [time]30 Март 2014, 19:25:58[/time]
Види друже, која е логиката? Зашто да купам високотонец од 5 долари и да додавам ферофлуид од 20 долари, кога за 30 долари има 3 пати подобар високотонец? Нема логика нели?

Offline Otpor

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 161
  • Gender: Male
Одг: Tweaking на високотонци
« Reply #77 on 30.03.2014, Sunday, 20:33:52 »
Батки,навистина ви се чудам на упорноста.Не е бадијала 20 ЕУ ферофлуидот.Зачудува што сите вие што учествувате во дискусијата и велите дека сакате да експериментирате,не земете  да прочитате валидна литература за ферофлуидот,а не да се подпирате на некои форуми,пишувања на интернет,бабини деветини... Очигледно,ова не е тема за беспоштедни експерименти,ами бара употреба на технологија и опрема (која е скапа).Никому не може да му се забрани да прави што сака со своите звучници,ама со зејтин и пресеклива трева,по рецепт на баба Рада,ферофлуид не се прави.Кој како сака нека свати,ама  ова е последно постирање во темава која се повеќе заличува на алхемија. 8)
@batka:види батка,упорноста е доблест  ::) како за пример,Едисон имал над 1000 експерименти пред да ја измисли сијалицата,со Тесла сите се драпале пред да ја измисли трофазната,е сега ...можи ние ќе измислиме  ;D важно нешто ќе измислиме...шо дае... ;D и зејтинот не беше зејтин туку сае90 синтетичко,од моторот..така да за маслото (масло се вика а не зејтин) маубет да нема  ;)
,,Алчните за пофалба секогаш имаат мали заслуги,,

Плутарх, двесте и кусур и некоја година П.Н.Е

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Tweaking на високотонци
« Reply #78 on 30.03.2014, Sunday, 20:38:32 »
Тоа и јас го велам ! Темава нема логика и  освен уништување на високотонци нема да доведе до никаков резултат.Сепак СлидерМК,ако сакаш да експериментираш (не гледам потреба) мораш даси купиш оригинален ферофлуид и со него да експериментираш на високотонци.Во случајов системот * уради сам* нема да  даде соодветни резултати.
За Отпор -зејтин се вика батка,а не масло.Барем кај нас во Велес. 8) И топлата вода веќе е измислена и чини 20 ЕУ.За баба Рада веќе кажав.да не се повторувам.

Offline Otpor

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 161
  • Gender: Male
Одг: Tweaking на високотонци
« Reply #79 on 30.03.2014, Sunday, 20:41:01 »
Абе вие и пиперките чушки ги викате...не значи ако имате ф-ка за масло во Велес треба тоа да се вика зејтин  ;)

Споено мислење: 30.03.2014, Sunday, 20:42:13
Абе вие и пиперките чушки ги викате...не значи ако имате ф-ка за масло во Велес треба тоа да се вика зејтин  ;)
А ние можеби ке одиме на тешка вода,слично е...
,,Алчните за пофалба секогаш имаат мали заслуги,,

Плутарх, двесте и кусур и некоја година П.Н.Е

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Tweaking на високотонци
« Reply #80 on 30.03.2014, Sunday, 20:49:14 »
Го цитирам СлидерМК :*Денеска пријателот ми позајми тонер од ласерски принтер (прашина) и ја измешавме со зејтин за готвење.

Значи ,јас за зејтин зборувам. 8) А,наместо тешка,подобро е да одиш на *минерална* вода,подоходовно е.

Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
Одг: Tweaking на високотонци
« Reply #81 on 30.03.2014, Sunday, 20:59:46 »
За фабрички ферофлуид немам што да експериментирам. Резултатите се знаат. Немам јас што да експериментирам и да докажувам на веке напишано, црно на бело.

Демек ставање графитни ова она не се алхемија? Ставање масло со никакви карактеристики во бугарските "квалитетни"звучници не е алхемија?

Сакаш високотонец со ферофлуид? Купи си, лесно е ;)

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Tweaking на високотонци
« Reply #82 on 30.03.2014, Sunday, 21:06:28 (Edited 30.03.2014, Sunday, 21:28:58) »
Јас не сакам,ниту барам високотонци со ферофлуид.За она со графитот ,го спомнав она што го видов,како можно искуство кое јас не сум го применил,а не верувам и дека ке го применам.Се надевав дека можеби некој друг има слично искуство.Значи ,тука нема никаква алхемија,освен она со тонерот и зејтинот.

Offline izotop

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 357
Одг: Tweaking на високотонци
« Reply #83 on 30.03.2014, Sunday, 21:35:35 »
Незнам зошто ја распукавте работата прво подгревање на тема твикинг на високотонец па дојдовте до алхемија ,легално право на секого е да си проба ако си сака а е во склад со темата и ги поддржувам сите што сакат да си пробаат и да го поделат јавно резултатот  , ќе направев експеримент и јас  само неможам да мерам во моментов .

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Tweaking на високотонци
« Reply #84 on 30.03.2014, Sunday, 21:55:43 »
Изотоп,јас како Модератор учествувам во темава.Моето искуство и мислење си го кажав,со право секој  да си прави експерименти.Ама,освен Слидермц ,во моментов не гледам дека некој воопшто нешто работи ( барем мене така ми изгледа).Отпор ја буцна работата,но го снема,а јас сум прозван дека сум ја кочел работава.Која работа? Дискусијата си оди,а дали ке има резултати ќе видиме.

Offline Otpor

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 161
  • Gender: Male
Одг: Tweaking на високотонци
« Reply #85 on 30.03.2014, Sunday, 22:03:40 »
Е па ако си го кажа своето,остај не нас да си споделуваме искуство а не да прајме вакви безвеза муабети.Не мора на секој пост да се јавуваш....освен ако не си прозван и ако нешто имаш конкретно
,,Алчните за пофалба секогаш имаат мали заслуги,,

Плутарх, двесте и кусур и некоја година П.Н.Е

Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
Одг: Tweaking на високотонци
« Reply #86 on 31.03.2014, Monday, 00:23:36 »
Потполно се согласувам. Утре ке пробам дали ке се задржи во магнетната пукнатина и кое масло да го користам. Секако дека ке ви прикажам и слики.

Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
Одг: Tweaking на високотонци
« Reply #87 on 05.04.2014, Saturday, 02:00:26 (Edited 05.04.2014, Saturday, 06:18:53) »
Го пробав ферофлуидот, кој е направен од тонер и масло за подмачкување на шивачки машини. Малку претерав со густината, но тоа е нешто што мора да се пробува долго и додатно.

Најпрвин е важно дека ферофлуидот останува во пукнатината, без разлика колку и да се тресе или удира магнетот превртен и обратно. Потоа многу лесно се нанесува, самиот како да се лепи за магнетната пукнатина. Останува течен и по апликацијата и рамномерно е диспергиран. Но дали ке остане така и откако ке пројде повеке време, тоа ке видиме.

Земав малку специфичен прастар високотонец. Дисторзијата е енормна и онака, 5.5% на 3кХз, а по апликацијата дисторзијата остана иста. На графиците на дисторзија сепак може да се види дека некои делови се намалија, додека 3тиот хармоник значително се појача после апликација на ферофлуидот. Најверојатно, густината не сум ја погодил (прегусто е). Но, може да се види дека ФР е значително променета кон подобро, односно е полинеарна.

Споено мислење: [time]05 Април 2014, 01:11:44[/time]
На првиот график е високотонецот со ферофлуид, а на втората е нормалниот. Пишува на латиница под секој график.

Offline izotop

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 357
Одг: Tweaking на високотонци
« Reply #88 on 05.04.2014, Saturday, 11:26:58 »
Супер , значи  има  надеж за експерименти.

Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
Одг: Tweaking на високотонци
« Reply #89 on 05.04.2014, Saturday, 11:48:06 »
Да, треба да се погоди смесата, кое масло да биде користено и во кој сооднос. 1:1 e прегусто, веројатно треба да се оди 6:1