Author Topic: Tweaking на високотонци  (Read 20240 times)

Offline Otpor

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 161
  • Gender: Male
Tweaking на високотонци
« Opened on 21.03.2014, Friday, 21:19:46 »
Разгледувајќи така стари броеви на Сам-ови,налетав на проекти за звучници кои користеа Dynaudio компоненти кои користеа ферофлуид во високотонците као за подобра линеаризација и слично.Е сега колку беше реално тоа подобрување не знам но составот на ферофлуидот беше строго чувана тајна.
Работава е следна-бидејќи читам,овде има некои дечки кои имаат добра опрема за аудио мерења,еве му една ,,домашна" ;)
Ако имате некои високи за фрлање,доодуша скоро сите кај нас се такви,нека земат нека измерат карактеристики пред да го отворат но да се внимава на положбата на калотата и бројот на вртења на штрафовите при отворање бидејќи ќе им треба при центрирање во затворањето.
Е сега еднаш отворен викаат дека не е истиот како фабричкиот ама кој знае...
Како ферофлуид нека се користи ,,нешто кое трпи висока температура да речеме сае 15,се нанесува само 1 капка на намотката и потоа се затвора внимателно.И повторно се мери ,нормално. За резултатите верувам ќе не обавестите  ;D
Ако озбилно се пристапи кон ,,проблематикава,, истата можи да се користи при натпревари па и поозбилно...
,,Алчните за пофалба секогаш имаат мали заслуги,,

Плутарх, двесте и кусур и некоја година П.Н.Е

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3189
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Одг: Tweaking на високотонци
« Reply #1 on 21.03.2014, Friday, 22:48:19 »
Не може да замениш ферофлуид со обично масло, самото име ти кажува ferrum - на латински железо, тоа е некој течен медиум во кој што има мошне ситни честички железо, поради што ферофлуидот може да се магнетизира.
Инаку служи за подобро ладење на намотката од звучникот.
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Tweaking на високотонци
« Reply #2 on 21.03.2014, Friday, 23:11:49 »
Пред дваесет години( и повеќе) се одеше во Бугарија по звучници во Благоевград.Имаа фабрика ,добро опремена  и покрај се правеа и некои звучници за извоз.Тие 15-ки ги добиваа во картонски кутии,комплет,па ги составуваа и пробаа ,а им лепеа налепница ОБЕРТОН,Кој како сака нека кажува,ама тоа беа басови со одличен квалитет ,И денес многумина употребуваат Обертон,да се знае.Е,сакав да кажам дека ги подмитивме мајсторите да ѕирнрнеме малку и тогаш за прв пат видов бугарски ферофлуид.Тие ги премачкуваа шпулните   со мешавина на SAE 90  и графитна прашина во однос 3:1,И тоа на 15 инчни басови.Тогаш се чудев,ама навистина *има нешто*,Имам  пар високотонци и ке пробам :D

Offline GigaWatt

  • Администратор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 12894
  • Gender: Male
  • Не фалширам
Одг: Tweaking на високотонци
« Reply #3 on 22.03.2014, Saturday, 01:27:04 »
Тие ги премачкуваа шпулните   со мешавина на SAE 90 и графитна прашина во однос 3:1,И тоа на 15 инчни басови.

Каква е оваа субстанција?
"This is really a generic concept about human thinking - when faced with large tasks we're naturally inclined to try to break them down into a bunch of smaller tasks that together make up the whole."

"Newton's third law: The only way humans have ever figured out of getting somewhere is to leave something behind."

Offline xantox

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 165
Одг: Tweaking на високотонци
« Reply #4 on 22.03.2014, Saturday, 07:29:57 (Edited 22.03.2014, Saturday, 07:38:12) »
SAE е градација за вискозитет на моторни масла
моторно масло SAE 90 се користи за подмачкување на менувач кај моторни возила

Offline LordZi

  • Глобален Модератор
  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 3189
  • Gender: Male
  • I'm gonna live forever or die trying...
    • LightCraft Studio
Одг: Tweaking на високотонци
« Reply #5 on 22.03.2014, Saturday, 08:50:15 »
Хахаха ;D, SAE90 и графит - „оригинал“ ферофлуид... 8)
People who talk behind my back are in good position to kiss my ass!!!

"You may live to see man-made horrors beyond your comprehension." - Tesla

If animals had a religion, humans would be the devil.

LightCraft Studio

Offline slidermc

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 595
  • Gender: Male
Одг: Tweaking на високотонци
« Reply #6 on 22.03.2014, Saturday, 11:36:35 (Edited 22.03.2014, Saturday, 18:34:22) »
Високотонци со ферофлуид на пазаров кај нас се ТЕЛЕ-СТС110х, Visaton - G20SC, SC10N.

Ферофлуид е магнетна течност. Способна е да ги засили и центрира магнетните силови линии во магнетната пукнатина. Помага при ладењето и значително ја намалува дисторзијата на повисоките фреквенции. Но заради нејзиниот вискозитет, сепак малку ја намалува СПЛ на дадениот звучник.

Ферофлуидот многу лесно седи како да е залепен и ја зафакја целата магнетна пукнатина, но не излегува од неа токму заради магнетните карактеристики. Значи не е целиот звучник полн со ферофлуид туку само магнетната пукнатина.



Не се става во драјвери со поголеми одови на мембраната бидејки предизвикува :плескање: Се користи главно во среднотонци и високотонци.

Еве вредни модификации за високотонци, кои сигурно ке го подобрат нивниот квалитет


Преку интернет може да се нарача ферофлуид за звучници но е многу скап, јас лично сакам да ставам во сите мои високотонци кои ги користам.

Батка, дали има магнетни својства и останува во пукнатината таа смеса? Можеш ли да пробаш и да кажеш на форумов, дали навистина работи?

Отпор, кај нас повекето високотонци се многу лошо центрирани, секој пат пред да ги истналирам во некоја поозбилна кутија, првин ги мерам и пробувам дали се точно центрирани, а ако не се тогаш пристапувам кон центрирање (макотрпен процес) :D


Споено мислење: [time]22 Март 2014, 11:45:23[/time]
Други модификации на високотонци се, нивно премачкување доколку се голи софт-домци, додавање на магнет, дифјузер, вејвгајд,

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Tweaking на високотонци
« Reply #7 on 22.03.2014, Saturday, 14:29:02 »
Да,SAE 90 е масло за менувачи или за некои машини.Имам пар AUDAX високотонци со ферофлуид и ке отворам еден за да споредам оригинален ферофлуид со *правениов*.Имам некоја графитна прашина во  тегличка,само не паметам со каква градација беше.Но сепак ,во погоден момент ке направам две три смеси со различна густина ( вискозност) па ке пробам со високотонциве.Да појаснам дека Бугариве ставаа во басови Обертон од таа смеса со намена за ладење на калемот.И тоа работеше навистина.Значи во прва погодна прилика ке средам нешто и ке извршам мерење,да видам  дали ке отстапат ( и колку) карактеристиките на оригиналните драјвери.

Offline KiloVolt

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 814
  • Gender: Male
  • Високонапонски Фанатик
Одг: Tweaking на високотонци
« Reply #8 on 22.03.2014, Saturday, 14:35:53 (Edited 22.03.2014, Saturday, 18:37:59) »
На ова не му верувам, ЧИСТИОТ графит е малку диамагнетен, значи оваа смеса не би требало да се однесува како оригиналот во кој има ЖЕЛЕЗО. најдобро е, наместо графит, да се стави тонер во прав, тој содржи железо кое е многу ситно измелено. Пробај така батка, претпоставувам дека имаж таков тонер во продавница кај тебе, а оригинал течен тонер, ако содржи железо (што е многу веројатно) би требало да е многу добар во оваа функција... ;)
Еве видео, кое според мене не е многу за верување, ама вреди да се проба... ;)

How to make Magnetic Fluid (ferro fluid)
Temporary things have a nasty habit of becoming permanent.

High voltage experimenting is like the mafia, once you're in, you ain't getting out!

Never underestimate the power of stupid people in large groups.

Offline Otpor

  • Стручњак
  • ***
  • Posts: 161
  • Gender: Male
Одг: Tweaking на високотонци
« Reply #9 on 22.03.2014, Saturday, 15:03:38 »
Кило,за линков ќе те предложам за Октомвриска награда... ;D само кај да најдам оригинален  тонер за ласерски печатачи а ова маслово (вегитабле) го има негде  кај нас ?
PC.Коло,од кај си дечко ?
,,Алчните за пофалба секогаш имаат мали заслуги,,

Плутарх, двесте и кусур и некоја година П.Н.Е

Offline KiloVolt

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 814
  • Gender: Male
  • Високонапонски Фанатик
Одг: Tweaking на високотонци
« Reply #10 on 22.03.2014, Saturday, 15:08:24 »
Quote
Кило,за линков ќе те предложам за Октомвриска награда...
Ова беше иронија??? ;D
Temporary things have a nasty habit of becoming permanent.

High voltage experimenting is like the mafia, once you're in, you ain't getting out!

Never underestimate the power of stupid people in large groups.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Tweaking на високотонци
« Reply #11 on 22.03.2014, Saturday, 15:13:46 (Edited 22.03.2014, Saturday, 15:24:48) »
Отпор,она со прашината за тонерот нема да ти пројде. ;D Прво многу е ситен,па густина нема да добиеш со малку тонер.Второ ,овој графит што го имам е малку појадер од прашината за ласерски тонер,па мислам дека ке оди подобро.Трето ,*вегетабле* е многу ретко .Ова што експериментирале некои не значи дека е и * конечна верзија*.Ке пробаме. ;)

Offline Zan

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 883
Одг: Tweaking на високотонци
« Reply #12 on 22.03.2014, Saturday, 15:46:36 »
Само напомена, не си играјте со тонер од ласерски принтер, затоа што е канцерогена материја.
Жан

Offline KiloVolt

  • Експерт
  • ****
  • Posts: 814
  • Gender: Male
  • Високонапонски Фанатик
Одг: Tweaking на високотонци
« Reply #13 on 22.03.2014, Saturday, 16:10:16 (Edited 22.03.2014, Saturday, 16:14:47) »
Сите што работат со прашина, обавезно наочари, маска за уста и нос и нараквици, за течниот немора, не лета на сите страни, но затоа многу флеки прави, и тоа трајни (или тешко се чистат).
Quote
*вегетабле* е многу ретко.
Многу ретко ??? , па секое масло направено од растение е "vegetable", растително, а и она што го спомнавте, SAE 90 би требало да работи ако тонерот содржи сурфактант...

Споено мислење: 22.03.2014, Saturday, 16:14:47
Под прашина, мислев на "тонер во прав" ;)
Temporary things have a nasty habit of becoming permanent.

High voltage experimenting is like the mafia, once you're in, you ain't getting out!

Never underestimate the power of stupid people in large groups.

Offline batka

  • Топ Експерт
  • *****
  • Posts: 9425
Одг: Tweaking на високотонци
« Reply #14 on 22.03.2014, Saturday, 16:24:43 »
SAE 90  е многу погусто од обичното масло за мотори.Под *vegetable* се мисли растително масло .Во случајов јас не би користел тонер прашина туку ке пробам со графит. Најдов некоја литература па да прочитам прво некои работи.После ке коментирам.