Па за РЕАЛНОСТ зборуваме СлидерМЦ.Ама во насловот на темава требаше да стои * Дали реално може да се замени ферофлуид со нешто друго?* или *Дали може да се направи замена за ферофлуид во домашни услови*.И не ти велам ти да го докажуваш постоењето или намената на ферофлуидот ( не можеш тоа).Цената е 136 $ за литар ферофлуид,отприлика.Ако сакаш да го споредуваш ферофлуидот со она што ти го мешаш, како баба Рада чаевите,треба да правиш напоредни тестови за секоја 3:1, 2:1, 6:1 или 18:1 мешавина . И пак,не за тебе и Отпор,ами за другите членови на Форумов ке кажам - дословно тврдењето на стручните и компетентни луѓе што нешто знаат и нешто направиле на ова поле е дека = постојат разни видови ферофлуид и не секој од нив е погоден за полнење на звучници и дека секој високотонец не е погоден за да биде наполнет со ферофлуид.И не знам како ти ја мериш температурата на калемот ,ама разврти по нет и ке видиш како и со што се работи тоа.Сигурен сум дека во МК дома никој нема таква апаратура и секоја друга примеса е само нагаѓање и тресење зелени. Ова не е за вас двајца,ами за останатите членови на форумот ,кои не се многу запознаени со проблемот на ферофлуидот. Иначе ,ферофлуидот е заштитен и патентиран производ во 186 земји.