Високотонци со ферофлуид на пазаров кај нас се ТЕЛЕ-СТС110х, Visaton - G20SC, SC10N.
Ферофлуид е магнетна течност. Способна е да ги засили и центрира магнетните силови линии во магнетната пукнатина. Помага при ладењето и значително ја намалува дисторзијата на повисоките фреквенции. Но заради нејзиниот вискозитет, сепак малку ја намалува СПЛ на дадениот звучник.
Ферофлуидот многу лесно седи како да е залепен и ја зафакја целата магнетна пукнатина, но не излегува од неа токму заради магнетните карактеристики. Значи не е целиот звучник полн со ферофлуид туку само магнетната пукнатина.
Не се става во драјвери со поголеми одови на мембраната бидејки предизвикува :плескање: Се користи главно во среднотонци и високотонци.
Еве вредни модификации за високотонци, кои сигурно ке го подобрат нивниот квалитет
Преку интернет може да се нарача ферофлуид за звучници но е многу скап, јас лично сакам да ставам во сите мои високотонци кои ги користам.
Батка, дали има магнетни својства и останува во пукнатината таа смеса? Можеш ли да пробаш и да кажеш на форумов, дали навистина работи?
Отпор, кај нас повекето високотонци се многу лошо центрирани, секој пат пред да ги истналирам во некоја поозбилна кутија, првин ги мерам и пробувам дали се точно центрирани, а ако не се тогаш пристапувам кон центрирање (макотрпен процес)
Споено мислење: [time]22 Март 2014, 11:45:23[/time]
Други модификации на високотонци се, нивно премачкување доколку се голи софт-домци, додавање на магнет, дифјузер, вејвгајд,